asterix_m
Регулатор
- Член од
- 19 април 2006
- Мислења
- 2.765
- Поени од реакции
- 33
Грција целосно ќе ја поддржи Македонија да влезе во НАТО и ЕУ, но само доколку се постигне компромис за името, тврди професорот Танос Докос, директор на ЕЛИАМЕП, грчка фондација за европската политика.
Во интервју за македонската програма на Дојче веле, Докос тврди дека со цел земјава да напредува во евроатлантската интеграција, Грција е подготвена да признае име кое е исто како и уставното, а кое би претрпело само мала промена.
Проблемот, според Докос, е што грчките политичари можат да се согласат само за име со кое нема да ја загубат довербата кај народот.
„Секаква мала, навистина мала промена на името. На сите им е јасно дека терминот Македонија ќе биде централен елемент од името. Но, потребна е некаква навистина мала промена“, рече Танос Докос, Хеленска фондација за европска и надворешна политика.
„Можеби Македонија напишана според транскрипцијата на јазикот во земјата или Македонска република. Има повеќе предлози со кои нема да му се наштети на уставното име на земјата, а од друга страна, ќе ја задоволат грчката јавност“, додаде Докос.
Докос тврди дека на грчките политичари им е јасно дека ќе платат голема цена во односите со своите партнери во НАТО и ЕУ доколку се стави вето на приемот на Македонија во Алијансата, но и дека со мека политика кон северниот сосед ќе загубат многу на домашен план.
Доколку нема прогрес во однос на името, не само што Грција нема да игра конструктивна улога, туку наспроти тоа, би можела да се однесува негативно при влезот на земјава во НАТО и ЕУ.
Докос не може апсолутно да ја отфрли можноста Грција да стави вето кога ќе се одлучува за македонското членство во НАТО.