тукушто се вратив од маалскиот митинг на вемерото во типскава населба
сакате да ви кажам како си поминав?:baeh:
топ беше жими се,иако појдов сам си најдов еден куп другарчиња,кој од точила,кој од рид,па дури видов и еден од варош,таму од под тапанче

арно ама,ниеден комшија не си видов(видов едни ама нив не ги сметам за луѓе,така да то не се смета)
ај во ред разбирам да носиш поддржувачи ко че одиш во друг град,ама да ги носиш од една населба во друга е УНЕРИЈА:pos2:
шо слушнав ве интересира?:baeh:
го слушнав зборуваше жикица некако не знам презиме ама знам дека е на листава за советници под реден бр 20-тина нешто
многу убај работи кажа,прво ни ја асфалтирале улицата победа(кој шо не знај таа е она најгоре на типскиве шо ги поврзува сите помали уличиња) ама заборај да помини по неа и да ми кажи впечатоци,
второ,кажува како вемерото комплетно го сменило уличното осветлување во населбава(а не гледа дека ламбата над него не гори) пеки,го менија,со некој си светилки шо штедат струја,супер беше,првите 2 дена,после некој прегореа,други си беа поставени низ дворојте и така остана,абе газ стопанкин, требаше со телефонов да си го осветлувам пато до дома,нозе че искршев
а да,на сите ви препорачувам да си го прочитате најновиот стрип(во буквална смисла на зборот стрип) во продукција на 'маци и компанија' со наслов
Прилеп - Европолис ако ништо друго барем че се насмејте :smir:
ај поз,уште сум изѕемнат од митингов,требало мацио да пушти некој греалка
