Ако се најдат две личности со спротивни енергии (што постојано се случува) мислам дека клучна улога ќе игра цврстината на карактерот на личноста чија енергија ќе надвладее.
Одамна си ми одговорила на прашањето, ај да се надеваме дека нема да е потребно исто толку време за ти да ја видиш мојава реплика
Во која смисла цврстината на карактерот ќе игра клучна улога во одржувањето на една од енергиите?
Ако јас и ти се познаваме и седиме за да го испиеме нашето вообичаено неделно кафе и да си помуабетиме, а притоа јас сум позитивна и ти негативна, каква улога ќе игра карактерот? Добро, нека не сум јас во примерот, нека ти е некоја блиска личност која добро ја познаваш. Која карактерна црта игра улога во претопувањето на енергијата?
Дали ако целата позитивна ја чекаш другарка ти да се појави во кафулето каде што ја чекаш, а таа се појави намуртена и полна со негативна енергија, ти ќе ја примиш нејзината или таа твојата енергија? По претпоставка да си ти таа со посилен карактер, понепопустлива, поцврста, како ќе успееш да ја совладаш нејзината негативност ако се работи за нешто што навистина не може да се сврти на позитивност?
Јас сепак мислам дека зависи од ситуацијата што довела до преовладување на еден вид енергија. Се разбира, ова во случај ако двете личности отворено разговараат и си кажат зошто едната е позитивна, а зошто другата негативна, па едната привремено ќе ја прифати енергијата која има посилна причина за нејзината појава. Ако мојата позитивна енергија е заради некоја прекрасна случка која не може да не те расположи, претпоставувам дека другиот барем привремено ќе ја прифати таа енергија бидејќи една ситна расправија како причина за нечија негативност не е поголема од неизмерна среќа.
Малку исплеткав, ама знам дека се разбираме.