Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
ИРЛ
Дацо жти и дуле си собрале подароци и бришеле пораки

едниот брат на претседателка на кривичен, не е обвинет. Другиот по птрзимето можно е да е роднина на Емил Димитриев

 
Ама чекај сеа, истиот тој родител што сега бара правда го прекршил законот и пуштил малолетно лице после 12 или после 11 навечер не знам како е точно законот да присуствува во дискотека, да се пијанчи и да се дрогира. Исправно е ова? Замисли да беше розов светот и сите овие малолетни деца да си беа дома?

Те сфаќам јас дека ниеден родител не го пуштил детето да умре, ама во ситуација кога бараме одговорност, правда и оправање на системот мора да тргнеме од самите себе. Кога ќе одиш во банка чекај си ред, не прашувај директор или некој друг од експозитура да ти заврши работа преку ред, ако одиш во болница не го прај она “абе само да прашам нешто“, го знам докторот и слично и да не набројувам натака, си знаеш за што зборам.

Пак ќе кажам, не сакам да бидам погрешно сфатен, огромна е загубата за сите родители и нема никаква утеха, и повторувам пак ниеден родител не би си го пуштил детето негде за да умре, ама кога веќе се запрашуваме за исправност на системи, држава, народ и се останато треба и самите да си ставиме прст на глава, и јас и ти и сите што ја читаат темава и да сфатиме што правиме погрешно за да го исправиме во иднина. Во спротивно се останува со статус кво, односно исти курац различно паковање.
Точно, но за да се заштитат одговорните, а ги има МНОГУ, се МИЖИ за Одговорноста на родителите...слично е и со родители кој Дозволуват малолетници да возат мотори, автомобили и друго, после ѓаолот е крив, при ова е уште полошо, тој со колата или моторот ќе однесе во смрт и сопатник или друг учесник во сообраќајот, пешак итн...
Освен тоа, ако Државата испозатвори овакви дискотеки - шупи, па не им чини, па ќе ги пуштаат млздите во подруми бараки и слично....
Ќе потсетам пак, случка пред 15тина години, се удави момче 15г на Славија, не знаел да плива а не го ставил Елекот....мајка му во медиуми бараше државата да забрани пливање, не можело да запреш дете ако го викаат Другарите...а Другарите може и се дрогираат, пијанчат....итн
 
Последно уредено:
Како што и беше за очекување...пожарот во „Пулс„ станува медиумски неинтересен и постепено забораван...намерно, разбира се.

Ликот од „Инфомакс„ веќе укажа дека во тој судски случај не треба да се очекува правдина и дека ќе случајот ќе потрае...бесконечно.
 
Како што и беше за очекување...пожарот во „Пулс„ станува медиумски неинтересен и постепено забораван...намерно, разбира се.
А што треба да се зборува за него?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Да бе вие кога ќе бидете родители или коа децата ќе дојдат у таа фаза кај што врсниците излегуваат,вие ќе го заклучите вашето дете дома? За шупа ќе го врзите?
Секој родител што изгубил чедо ма на било кој начин си ја знае болката и тежината!
Џабе ја ако не му купам веспа на моето дете,а притоа се качи на другар му,и налетат не дај боже на некој или некој на нив!

Никој не е крив освен газдата на шупата пулс.
И нормално,нашата вукојебина за која штоиви ќе се истепате,а веќе жртвите си ги зима ко ништо.
Се додека народот молчи како пички,ништо нема да се среди.
Алал вера на студентите.
Сега да се сплотеа сите така у мкд,на мицко само дршката од оквиот на очичата ќе му останеше.
Пичкарски народ плашлив!!!
А кој е крив ако се утепаат со мотор или кола, увозникот, производителот ???
Ќе си одговара газдата на Пулс, еве Испозатвореа дискотеки, ама што праиме ако децата после се збираат во потполно илегални шупи ??? Плукниму се ако родителите не може да ги контролираат децата, кој ќе ги контролира ??
Наставник кој по ново не смее ни да повиши глас...полицаец кој не смее да приведе малолетник...Проблемот е голем а и светски... Патем, мислам ова година во Доминикана се урна таван во Дискотека, мислам над 100 мртви, па нема галамење и пенење , се чека истрага и судот што ќе каже...
 
А што треба да се зборува за него?
Е па да речеме...дека конечно, во „нашата земјата„ треба да почне правен прогон за одговорните и за овој и за слични случаи.

„Само„ тоа...

Со ваков „мудар„ молк од „институциите на системот„ (...Како и до сега....„, според зоти Ахметими), неодговорноста произлезена од неработењето од страна на одговорните функционери, станува „норма„ на однесување и работење.

Ете, и за „Вардариште„ и за „Дрисла„ и за Трубарево, и за пожарите по шумите, работава е „ја‘ не знааааааам„...

Као и до сега...нели.
На власта и‘ одговара ваквото „заборавање„.
 
Сакаме да знаеме, ако имаш инфо пиши.
Што може да биде, човекот сигурно е психички тотално уништен, ако воопшто и му е кажана целата ситуација.

Тоа што ДНК заврши уште толку ја прави тешка несреќата, буквално единствените македонски музичари кои вадеа хитови, полнеа концерти и ја одржуваа македонската музика активна. :(
 
Сакаш да кажеш дека власта треба да се казни самата себе нели?
Да...согласно уставот и законите, според кои власта има куп наделжности, но и одговорности.
 
Е па да речеме...дека конечно, во „нашата земјата„ треба да почне правен прогон за одговорните и за овој и за слични случаи.

„Само„ тоа...

Со ваков „мудар„ молк од „институциите на системот„ (...Како и до сега....„, според зоти Ахметими), неодговорноста произлезена од неработењето од страна на одговорните функционери, станува „норма„ на однесување и работење.

Ете, и за „Вардариште„ и за „Дрисла„ и за Трубарево, и за пожарите по шумите, работава е „ја‘ не знааааааам„...

Као и до сега...нели.
На власта и‘ одговара ваквото „заборавање„.
ако власта дозволи да правите што сакате е неодговорна,ако власта ги вклучи сите спреги и работи строго е режим......никогаш нема да ни се погоди......тие што не се свесни и совесни за постапките секогаш друг им е виновен за последиците
 
А кој е крив ако се утепаат со мотор или кола, увозникот, производителот ???
Ќе си одговара газдата на Пулс, еве Испозатвореа дискотеки, ама што праиме ако децата после се збираат во потполно илегални шупи ??? Плукниму се ако родителите не може да ги контролираат децата, кој ќе ги контролира ??
Наставник кој по ново не смее ни да повиши глас...полицаец кој не смее да приведе малолетник...Проблемот е голем а и светски... Патем, мислам ова година во Доминикана се урна таван во Дискотека, мислам над 100 мртви, па нема галамење и пенење , се чека истрага и судот што ќе каже...
У право си, тинејџерите пред излевање ЗАДОЛЖИТЕЛНО да проверат тоа документите и лиценците на местата каде што излеваат. Закони, инспекции можеби неможат да помогнат, ама затоа пак децава ке воведат ред.
 
Не сум упатен во последните случувања со настанов. Зошто нема судења? И поважно, зошто немаше никакви протести и ескалации? Сите после настанот очекувавме нешто слично како во Србија, накрајот мирен мар во Кочани. Ги притиснаа родителите или што се деси?
 
ако власта дозволи да правите што сакате е неодговорна,ако власта ги вклучи сите спреги и работи строго е режим......никогаш нема да ни се погоди......тие што не се свесни и совесни за постапките секогаш друг им е виновен за последиците

Посочи ми на кој начив нашата власт, небитно од кое ниво‘ (централна, локална...), ги вклучила сите спреги и кои се позитивните страни и последици од тоа „вклучување„..

Благодарам...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom