- Член од
- 22 ноември 2008
- Мислења
- 596
- Поени од реакции
- 99
Раскинати врски, прекинати пријателства, изгубена доверба, неуспех на работното место.. Било што и да е, кога нешто што сте правеле односно ви се случувало порано, а прекинало поради некоја причина, и сега повторно сакате да го обновите, односно сакате повторно да почнете од почеток.
Колку се тешки овие почетоци?
Колку можат да бидат исто успешни како порано?
Кога нешто ќе се сруши, или ќе се скрши, можеби ќе можеме беспрекорно да го залепиме, но тоа само навидум ќе изгледа како составено.
Длабоко во себе ќе сме свесни дека тоа не е тоа што било на почетокот.
Колку е ваков случајот и со животните ситуации? На пример, сте прекинале врска со некоја личност, но поради некоја причина повторно се наоѓате во ситуација за нов почеток.
Колку во тој случај сте способни да простите ако има потреба, колку можете да заборавите ако нешто ве повредило претходниот пат?
Или пак, угледот на работното место, почитта, довербата од пријателите, а тоа е нешто што е лесно да се изгуби а многу тешко да се стекне.
Колку вие сте се нашле во ситуација да сакате повторно да почнете нешто од почеток?
Јасно е дека секој нов почеток е тежок, но поентата ми е= колку можат нештата да бидат исти како порано?
Можно ли е да ситуацијата биде идентична како во минатото, да другите ја вратат довербата во вас или вие во нив, без притоа да не постои ни најмало колебање?
Може ли да ја обновите врската без страв дека можеби повторно ќе бидете повредени?
Ќе има ли последици од направените грешки од минатото?
Колку старите работи можат безболно да се обноват без да причинат штети и без старите искуства да им бидат во сенката?
Кои се вашите искуства и мислења за ова?
Колку лично вам би ви влијаело и дали би ви влијаело минатото во вакви случаи?
Лесно ли ќе ја вратите повторно довербата која сте ја имале во некои луѓе, а ја изневериле, или да ги прифатите поранешните партнери или пријатели со раширени раце и покрај минатото лошо искуство?
Дали еднаш расипаните нешта можат да се поправат од корен или само навидум?
Споделете некое ваше искуство.. Повелете:helou:

Така да никој неможе да каже дали би или не би посакал или почнал од почеток...