Според развојот на настаните и според изјавите на Путин (нели од проверени извори), мислам дека Русија спречила вмешување на Ерменија во конфликтот, а не Пашанијан.
Дежаву. Како да те читам на темава што пишуваше пред да почне војнава која самошто заврши.
Ти сеуште не можеш да се соочиш со фактот дека
Пашанјан ги предаде Ерменците во Карабах. Пашанјан предавството не го направи само за време за војната туку го правеше цели две години наназад. Прво со оттуѓување на единствениот соузник и вртење кон НАТО/ЕУ, второ со неспремање за војна и провоцирање за војна, трето со упорно одбивање да потпише мировен договор дури и кога бил искучително поволен.
Дури и ерменскиот народ почнува да ја разбира магнитудата на предавството, ама ти сеуште не можеш.
Уште еднаш: Ај што не е вистина тоа (за спречувањето на Ерменија да влезе во војна), туку упорно ги затвараш очите за предавството на Ерменија, и дека тоа предавство е направено многу пред вака самите себе да се стават во ситуација на свршен чин и капитулација.
Според мене, да не се ангажирале Русите за договоров, во војнава ќе се вклучеше и Ерменија и така ќе траеше уште бајаги време.
Риалити чек: Ако Ерменија јавно и со сите фанфари се вмешаше во војната: Турција ќе имаше касус бели за да нападне и ќе ја прегазеше цела Ерменија, а потоа Русија ќе мораше да се вмеша и веројатно ќе почнеше многу заебана војна во регионот, каде можеби прво ќе се вмешаше и Иран, а НАТО ќе имаше обврска да влезе на страна на Турција, итн итн.
Тоа што на Ерменија и било порачано од Русија, е истото што јавно се кажуваше по медиуми: Русија гарантира за територијалниот интегритет на Ерменија. Но ако Ерменија е агресорот и започне војна со соседна држава, тогаш тоа не ги исполнува условите за руска помош.
Реално, Ерменија можеше и МОРАШЕ, тајно да ги помага Ерменците во Карабах. Границата со Азер/Карабах беше во нивни раце и не беше под надозор на надворешни набљудувачи. Не само тоа, туку Пашанјан не мораше со провокации да предизвика војна, и можеше пред војната да внесе куп воена техника и логистички резерви и муниција, можеше и поголемиот дел од Армијата да го стационира таму а посебно специјализантите (нормално, сите во униформи на Карабах)... Можеше Пашанјан многу работи да направи, и можеше да не ги предаде Ерменците во Карабах - но ти уште не можеш да се соочиш со тоа. Бетер од buthurt Ерменец си, а нив можам и да ги разберам дека на некои од нив ќе им требаат можеби и години за да се соочат што реално им се случи, прадавство од своите.
едит:
Едит: Првичниот договор што го одбил Пашанијан гласел да се вратат Азерите избркани од Шуша во 1993, а градот да биде под Ерменска контрола и плус мировници. Е сега мое гледиште е дека враќањето на Азерите во Шуша под Ерменска контрола би создало многу заебанции меѓу население кое има историја во која цивили прават етнички чистења.
Во кој универзум тоа „многу заебанции меѓу население“ е подобро од губење војна, пола територија, и погинување на солиден процент од Ерменците таму, и тоа млади 18 годишни деца регрути?
Не треба да си дипломат или политичар за да го знаеш одговорот на ова прашање.
@Vanlok
Сосема се разликува од тоа што претходно го постираше како изјави на Путин (повторно од сомнителни извори). Не зборам за Тасс иЗјавата туку за анализата во истиот весник.
Обвиненија в предательстве в адрес премьер-министра Армении Никола Пашинјана не имејут под собој основаниј, зајавил президент РФ Владимир Путин. РИА Новости, 17.11.2020
ria.ru
Претходно Путин го убедил Алијев да потпишат договор, но Пашанијан бил против, не сум сигурен дали во тој договор требало да ја предадат Шуша или што точно.
Президент России Владимир Путин зајавил, что в октјабре убедил азербајджанского лидера Ильхама Алиева прекратить боевые дејствија в Карабахе при условии... РИА Новости, 17.11.2020
ria.ru
Без навреда, ама навистина ми ги отече таквите со обвинувања за „сомнителни извори“.
Многу љубиш да ја игнорираш содржината кога истата не ти се допаѓа, и тоа да го вртиш на „сомнителни извори/медиуми“. Во случајов не само тоа, туку спинуваш и погрешен заклучок.
Дали воопшто провери дека тоа јас што го посочив, го цитира тој истиот
ria.ru извор што и ти си го цитирал?
Путин појаснил, что Пашинјан, расценив предложенное ему условие возвраштенија беженцев в город Шуша длја прекраштенија огнја в Нагорном Карабахе как "угрозу длја интересов Армении и Карабаха", сказал ему, что "не можем на это појти, мы будем боротьсја, будем воевать.
гугл: Путин објасни дека Пашинин, сметајќи го предложениот услов за враќање на бегалците во градот Шуша за прекин на огнот во Нагорно Карабах, како „закана за интересите на Ерменија и Карабах“, му рекол дека „не можеме да се согласиме за ова, ќе се бориме, ќе се бориме“
Ми го губиш времето. Кога обвинуваш за неточни факти, направи прво проверка на факти? Или ако повеќе љубиш по амерски - фактчекинг.
Повторно: Путин им договорил мировен договор (одличен договор, во ситуацијата), каде БЕЗ ДА ГО ЗАГУБАТ КАРАБАХ, Ерменците практично победуваат. Сѐ што требало, било да се согласи Пашанјан за да се вратат азерски избеглици, и притоа мирот да го чуваат руски мировници. Со тој исход Русија го добивала тоа што го сака, влијание и руски мировници на терен, а Ерменија немало да го загуби пола Карабах и илјадници млади животи.
Некогаш целосно ги игнорираш фактите, за сметка на некоја наратива што ја продаваш.