Ова е Нагорно Карабах:
Ова е сегашната состојба:
Целиот дел околу кој се водеше војната е далеку поголем од Нагорно Карабах, пошто Ерменците се раширија ептен во 1994, па зазедоа територија повеќе од дупло поголема од НК. Таа територија претежно беше ненаселена. Сега генерално според договоров, се повлекоа од таа територија(значи се повлекоа од повеќе територии одколку што успеаја Азерите да освојат), а дел изгубија и од НК, Хадрут, Физули, Шуша и Мадагис (средишниот горен дел од црвеното доле и горе десно малиот црвен дел). Околу 80% им остана територијата...
А тоа што не слават Ерменците е затоа што очигледно е дека имаат далеку повисоки критериуми за победа од Азерите, за кои победата изгледа е колку да се рече дека победиле, веројатно за да Алијев ги оправда дома жртвите и загубата на техниката. А Ерменците ваљда сакале и тие ненаселените области кои не биле Ерменски да си ги зачуваат. И на крајот на краиштата победа по се рачуна ако заземеш територија, па макар била и твоја.
Е сега јас нигде не реков дека Ерменците победиле, они дефакто изгубија. Зошто и како, не е важно, може да се натегаме до утре сабајле, битно е дека изгубија. Но од друга страна, Азерите не само што не победија, туку најверојатно се збогуваа од НК. Можда територија зедоа, но шансите да си ја вратат целосно територијата им беа далеку поголеми пред 5-6 дена одколку сега. Сега ја имаат Шуша како Косовска Митровица. И онака Шуша во 1994 не бил мнозинско Ерменски град.
еве да не се мачиш да бараш:
en.wikipedia.org
Исправка: Од градови во НК го изгубиле само Шуша, Физули не е во НК а Мадагис и Хидрут се села. Значи еден град и 30тина села изгубиле од НК.