Повторно Нагорно Карабах ?

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека во ситуацијава, нафтата ако има улога, има некаква секундарна улога. Ова е чиста геостратешка битка.
Се согласувам, меѓутоа не смее да се занемари улогата на нафтата во смисла дека она што денес е Азербејџан е последица на нафтата. И Економија, и Армија и се. Да немаа нафта немаше да бидат ништо поразлично од Киргистан и сличните. Немаше да имаат армија како сега што имаат со дронови и наведувани муниции и сл. Чисто се сомневам дека би почнале голема офанзива како сега доколку ја немаа нафтата.
 
Азербејџанското малцинство му даде на Иран casus belli да добие етничко чистење.


Ерменците си го дуплираа бројот на Т-90 тенкови.

203295_900.jpg





Како да не, тие жители на Иран кои имаат Азербејџанско потекло се лојални жители на Иран, и многумина од тие жители воопшто немаат симпатии кон државата Азербејџан. Напротив тие Азербејџанци се на поглед дека народот во Азербајџан е предавник со тоа што соработуваат блиску со Турција, Азербејџанците во Иран ги сметаат луѓето во Азербејџан за туркофили и предавници.

Да беше како што ти мислиш за тие Азербејџанци во Иран дека се настроени против државата Иран, досега ќе слушневме нешто на западните медиуми, западот секако би сакал да има петта колона во Иран, но реалноста е поинаква.
Тоа што некои во Иран снимиле видеа како поминуваат конвои со воена опрема од Русија преку Иран за Ерменија, такви неколкумина секаде во било која држава ќе се најдат.

Тоа се лојални жители на Иран, многу се повеќе лојални на Иран, отколку на пример некои етнички групи низ Русија ( знаеме на кои мислам), да не зборувам за Курдите во одредена држава.
 
Две мали земји се тепаат за мал, слабонаселен, ридско-планински регион без стратегиско значење и некои побитни ресурси. Дури и ова внимание кое го добива конфликот е незаслужено.
 
што ќе исцедат воздушно, нема Азербејџан B-52 бомбардери или флота од преку 50 модерни ловци па да воспостави некоја силна супериорност и да фрла тони бомби.

Стратешки сакаат да напреднат доле кај Физули кај што е теренот по рамен па да се зголеми притисокот кон
Ерменија за наоѓање на политичко решение


eve kakva e situacijata spored turski izvori pred malku objaveno na twitter
1601724764656.jpeg
 
,,,vo Nagorno Karabah nema demokratija , narodot e manipuliran , nema izbori , ovie azerive so pomosh na erdo i prekjutno zapadnata demonkratija sakaat da gi oslobodat od Rusko vlijanie,,,
 
Драго ми е што повеќето дискутанти добро увидуваат дека двојниот стандард е основен принцип во денешниот свет,кој бил таков низ историјата па се направени првите обиди за воспоставување некој меѓународен правен поредок преку Повелбата на ООН кој после распадот на СССР и воспостаување на американскиот хегемонизам го врати двојниот стандард за основно правило во меѓународната политика.
Секое објаснување на двојниот стандард се завршува на некоја посебност на дадениот случај или преседан кој не смее да важи за останатите.
Таа алатка ако се занимаваш со висока политика во денешно време мораш да ја користиш или би бил луд и би работел против сопствените интереси.
Тоа ќе се користи се додека светот не се врати во рамнотежа,а после тоа ќе се седне па пак ќе се разговара за некаков МПП.
Што се однесува до овој судир,причините се очигледни и со секој ден на судирот се покасни.
Ерменскиот премиер-шарен револуционер(ала Заев) има задача да провоцира судири кои би ја натерале Русија да застане против Туркофонското население и секако против Турција.Овој американски агент на чело на Ерменија не му е гајле воопшто со колку животи тоа ќе го плати ерменскиот народ за да ја исполни својата нредба.
Силната воздржаност на Русија и уште посилната воена реторика на Ердоган само докажуваат дека е сватена играта на американскиот агент од Ереван и дека ова му е последна опомена на ерменскиот народ за жал.
Ако остане оваа битанга уште долго на власт тогаш прво што ќе страда е Нагорно Карабах.
Руско-турските односи биле и сега се основа за понатамошниот развој на целиот појас од Балканот до Кинеските граници.
Најважна стратешка победа на англосаксонците е токму непомирливите руско-турски односи.
Путин и Ердоган се првите државници кои се обидуваат да ја премостат таа до сега непремостлива пречка.
Само во тој контекст треба да се гледа овие тотално непотребни провокации кои немаат никакво упориште во ерменските или азерските интереси.
Во Ерменија исто како и кај нас се луѓе кои работат против интересите на сопствените народи,па затоа главна задача на тој народ е соборување на таквите битанги затоа што тие прават тешко поправливи или непоправливи историски грешки.
На потег после ова ќе биде ерменскиот народ,знаејќи дека во Ерменија ќе се развие силна пропаганда против "непомагањето"на Русија и страшна антируска кампања.
Искрено не знам кога последен пат Русите и помогнале на некоја православна држава!?Србиве чекајки да им помогнат Русите го изгубија Косово и ги протераа од Хрватска.
 
Искрено не знам кога последен пат Русите и помогнале на некоја православна држава!?Србиве чекајки да им помогнат Русите го изгубија Косово и ги протераа од Хрватска.


Првпат слушам дека во тие времиња од 90-тие Србите очекувале помош за оние Срби во Краина- денешна Хрватска.
Русија многу рано ја призна независноста на Хрватска, и не беше нешто многу ниту активна во преговорите за мир во Краина и Хрватска, да беа активни околу Дејтонскиот мировен договор и се гарант на тој договор, но во Хрватска не беа активно вклучени во мировни преговори.

Се извинувам што сум оф топик, но кога има да пишуваат и други оф топик, треба да се објаснат напишаните работи.
 
Првпат слушам дека во тие времиња од 90-тие Србите очекувале помош за оние Срби во Краина- денешна Хрватска.
Русија многу рано ја призна независноста на Хрватска, и не беше нешто многу ниту активна во преговорите за мир во Краина и Хрватска, да беа активни околу Дејтонскиот мировен договор и се гарант на тој договор, но во Хрватска не беа активно вклучени во мировни преговори.

Се извинувам што сум оф топик, но кога има да пишуваат и други оф топик, треба да се објаснат напишаните работи.
Ич да не се извинуваш.Гледај снимки од 99год. како србите на Косово со голема радост дочекаа еден руски батаљон надевјки се на спас.После неколку дена русите ги запалија БТРките и му ја збршаа.Ги оставија на милост и немилост на албанезите.
 
Последно уредено:
Ич да не се извинуваш.Гледај снимки од 99год. како србите на Косово со голема радост дочекаа еден руски батаљон надевјки се на спас.После неколку дена русите ги запалија БТРките и му ја збршаа.Ги оставија на милост и немилост на албанезите.


Другар, правиш спин.
Јас на твојот прв коментар исклучиво во делот за Србите од Хрватска ти напишав, никаде не спомнав околу Косово и Метохија.
Србите очекуваа ( и се уште очекуваат) помош од Русија околу Косово и Метохија, тоа не е спорно.

Србите за помош на Србите во Краина- денешна Хрватска не очекуваа помош од Русија, како што во мој претходен коментар напишав, ќе повторам, Русија многу рано ја призна независноста која ја прогласи Саборот на Хрватска, и ден денес Русија воопшто не споменува збор околу заштита на правата на Српско малцинство во Хрватска, затоа што Русија си брка свои бизнис интереси околу бродоградилишта и крајбрежје на Хрватска.

За Косово и Метохија ги имам гледано тие видеа кога Русите го зазедоа аеродромот Слатина во Приштина и кога влегуваа Руски тенкови, транспортери и војници низ Приштина. Србите беа воодушевени и мислеа дека Русите ќе останат трајно на Косово и Метохија да ги штитат, бидејќи знаеја дека Нато војниците нема да мрднат со прст ( освен неколку пати Француските војници се осмелуваа да влезат во оган со Албански терористи).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom