Повторно Нагорно Карабах ?

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Дефинитивно. Гледам предноста денес баш се покажува на дроновите. Гледам на официјалните сајтови на мин. за одбрана на двете земји, Азер денес 2 тенка, камион со војници, 2 топа, опрема, се со дронови. Ерменија вака ке ја цеди нема да може финансиски да издржи подолготраен конфликт. Они одат како Русија во втора светска, удри на масовна мобилизација и прати ги на фронт. Ама времињата се сменети, ке те скинат со modern warfare. Ова за секоја држава важи ама нормално помалите се ограничени со буџет и некогаш немаат баш некој избор

Абе и Саудијците беа воено и финансиски супериорни против Јеменските Хути во сандали, па некако на терен слабо им одеше..
 
Ако метата е погодена не значи дека е уништена или онеспособена.
Во многу наврати се гледа како гаѓаат тенкови, но дали тенкот е онеспособен?
На многу видеа од Сирија и Јемен, каде тенкови се гаѓани со наведувани противтенковски проектили јасно се гледа како после ударот тенкот дополнително експлодира или гори муницијата (2 пламени оган нагоре) што значи уништен тенк, но и доста такви каде од оклопното возило излегува екипажот после ударот, најверојатно од претпазливост што значи дека иако целта е погодена, возилото не е онеспособено.

Повеќето тенкови имаат пасивна и модерните армии активна заштита од вакви наведувани проектили. Така, иако на снимките изгледа дека тенкот е погоден, тоа не значи дека е онеспособен.

Исто така треба да се земи предвид дека се користат мамки, фарбани дрвени топови, тенкови, балони и сл. така да секоја погодена мета не значи уништено возило како што ќе го претстават на ТВ.
А, и тоа. пропагандата е дел од борбата. Може да прикажуваат стари снимки како го уништуваат, а во реалноста да е обратно.

Оттука не може да се заклучи колку се ефективни дроновите во уништување на хардвер.
Доколку се земи предвид фактот што голем дел се соборени (дроновите се лесна мета на скоро секоја ПВО) и нивната бројност (т.е. колкав процент изгубиле), како и нула напредок (според ова) што Азербејџаните го имаат на бојното поле, дроновите не делуваат како клучен елемент што би ја променил играта.
Секако тука има и еден куп други фактори во користењето на дроновите, како и нивната употреба како склоп од армијата и севкупната стратегија.
Зависи што се подразбира под нула напредок. Дали војнава е воопшто за нагорно и што ќе им територија населена со ерменци како вечен проблем ,Азер си знае, ние реално немаме доволно инфо за тој регион за да кажеме во моментов која е конечната цел на војнава. Еве да кажеме од поблиско опкружување, дали мислиш дека Србија би војувала и би прифатила ЦЕЛО Косово да биде дел од Србија? Од страна изгледа дека има некоја друга приказна со мешањето на некои од комшиите и ќутењето на западот. Ќе видиме.
 
Слобода на говор има секој.
Види ги некои од кауриве на темава што пишуваат, исто ко ти што пишуваш за Азербејџан - навиваат за Ерменија и пишуваат исто како тебе необјективно, само за другата страна. И тоа све е ОК, секој нека навива за кого сака и нека крши глава, кога веќе не може објективно да гледа.
Тоа е слобода на говорот и јас немам ништо против тоа.

Но, никој освен тебе не тропа пропратни флагрантни глупости. Работи кои и најнеукиот на темава би требало да ги знае, од областа на геополитиката, религијата, меѓународните односи, како на пример за сунизмот, шиизмот, православието, католицизмот, но и за тероризмот и сл.
Тоа е слобода на глупоста. Имаш и ти слобода на глупоста и право да тврдиш, на пример, дека шиитскиот Ислам не е Ислам и дека шиитите прават повеќе и поголеми терористички акции од сунитите (во услови кога 95% од вкупниот светски тероризам е сунитски), или пак дека православието не го признава католицизмот (во услови кога баш католичката и православната црква се едни од ретките кои меѓусебно се признаваат и соработуваат на некои нивоа).
Но, исто така и јас имам право да реагирам на ваквите глупости.
Jas trvdam nesto i ti dokazuvam so fakti no seedno za tebe koga nemas so sto da vratis vikas toa se gluposti, ako jas tropam gluposti a ti znaes podobro togas kazi koi ti se faktite a ne da kazes deka tropam gluposti toa e samounistuvacka arogancija od koja patis kako licnost e ne ti pomaga da naucis zosto se gledas sebesi ajnshtajn, uste ednas ke kazam ako mislis deka toa sto go kazuvam nee tocno vrati mi so fakti za da naucime no ne sakam da go narekuvas toa sto tvrdam gluposti ako e glupost kazi kako e so fakti.
 
Иран ја помага Ерменија изгледа
Чудно е, зашто Азербејџан и Иран се скоро единствени шиитски земји у свет.
Сепак, Азерите се Алтајци, како Турците, а Иранците се Индоевропејци.

Сепак изгледа тука играат поголема улога, други, многу попрактични параметри.
 
ја помага некој Ерменија како ѓубрињава турски што ги помагаат азербејџанциве или нема потреба
Воено Нагорно Карабах е потпомогнат со оружје, со доброволци и со информации од Ерменија но изгледа Ерменците набргу ќе се вклучат во конфликтот, пошто дефакто се бомбардира и територија на Ерменија, а и Турците соборија Ерменски авион.

А иначе Ерменија е дел од некаков воен пакт со Русија и како што читав Ерменците можат да се повикаат на тој пакт и Русија да се вмеша во војната.
Автоматски споено мислење:

Зависи што се подразбира под нула напредок. Дали војнава е воопшто за нагорно и што ќе им територија населена со ерменци како вечен проблем ,Азер си знае, ние реално немаме доволно инфо за тој регион за да кажеме во моментов која е конечната цел на војнава. Еве да кажеме од поблиско опкружување, дали мислиш дека Србија би војувала и би прифатила ЦЕЛО Косово да биде дел од Србија? Од страна изгледа дека има некоја друга приказна со мешањето на некои од комшиите и ќутењето на западот. Ќе видиме.
Таа територија брои 200К луѓе. Се знае што следи ако ја освојат Азерите. Тоа јавно го кажуваат.
 
Воено Нагорно Карабах е потпомогнат со оружје, со доброволци и со информации од Ерменија но изгледа Ерменците набргу ќе се вклучат во конфликтот, пошто дефакто се бомбардира и територија на Ерменија, а и Турците соборија Ерменски авион.

А иначе Ерменија е дел од некаков воен пакт со Русија и како што читав Ерменците можат да се повикаат на тој пакт и Русија да се вмеша во војната.
Но, дали Русија навистина би се вмешала? Колку што ми е познато, Русија гаи добри односи и со Азербејџан. Излегува дека Ерменците се оставени сами на себе, против Азербејџан, Турција и цела исламистичка интернационала. Во тој нивен сојуз, пакт или што и да е, се Русија, Ерменија и турски републики, Таџикистан, Киргистан, Узбекистан и Казахстан.
 
Чудно е, зашто Азербејџан и Иран се скоро единствени шиитски земји у свет.
Сепак, Азерите се Алтајци, како Турците, а Иранците се Индоевропејци.

Сепак изгледа тука играат поголема улога, други, многу попрактични параметри.
Азерите се културолошки алтајци, а уствари се потурчени Персијци, оставштина од Хазарскиот Каганат. Кога е во прашање верата, единствено нешто што им е поважно од верата на Иранците е антагонизмот кон Турците.
 
Кој куропек е ова нагорно карабах, водење војна за најчкарт место на планетава земја. Остај што е чкарт за живот па и за војување, бришан простор, шанса за преживување нула.
 
Но, дали Русија навистина би се вмешала? Колку што ми е познато, Русија гаи добри односи и со Азербејџан. Излегува дека Ерменците се оставени сами на себе, против Азербејџан, Турција и цела исламистичка интернационала.
Според мене, Русија ќе мора да се вмеша само ако нема избор и ако дојде нож до коска, иако има и начини да им го загорчи животот на Турчињава и без да се вмеша.. Мислам дека колку што е можно повеќе ќе стојат на страна.

Ако гледаме и од друг аспект, на Русија и е многу важен добар однос со Турските републики (не толку Азербејџан колку оние од среден исток), па и со Турција во контекст на регионот. А вмешување во конфликтов дефинитивно ќе ги усложни тие релации. Така да единственото нешто што ми паѓа на ум, покрај салто мортале на Ердо, е дека ова е масло на некои западни земји да и ја усложнат позицијата на Русија.

Само не ми стои вероватно ова сценарио со западна вмешаност дека според мене, многу лош избор е за западните земји Нагорно Карабах. Русија можеби ќе ги изгуби симпатиите на Турските републики (а немора да значи), а дефинитивно ќе ги добие симпатиите на западот, поготово во борбата против исламистичката интернационала против мала Христијанска земја. А на крајот на денот поважно и е на Русија влијанието на запад, одколку во вукојебините татарски.
Автоматски споено мислење:

Еве иизвештај за напредокот на азерите
120539174_797462631089666_5642333807280634187_n.jpg


Мислам дека денеска е намален интензитетот.
Автоматски споено мислење:

Да се наежиш у пм, 10 метра ги дели од смрт. Чисто да не потсети кој луксуз е мирот што го живееме. Повеќето од овие најверојатно се деца помали од мене.

За жал мислам дека не им се пишува добро на Ерменциве. И на чиста сила, а и политички ми изглеа дека картите се против нив. Едина шанса им е да издржат дур не се вмешаат поголеми сили и да ги седнат на маса. Ама ситуацијава на западот се смени и изглеа никој нема да израгира за овој регион. Стотици мртви дневно и никој не го боли кур, не е ниту на прва страна на CNN.
90-94 беа во многу понезавидна положба од сега. Воопшто не се за подценување.
 
Последно уредено:
Vo zabluda si a uste poloso nejkes da ucis, zbori malku so nekoj teolog i ke razberes kolku gresis. otvori linkot citaj, ova e toa sto zboram celo vreme ama ne razbiras ni ti ni drugite, eve del od toa sto go kazuvam.
E ubavo de si izguglal i si pastnal definicija za eres.
I sho so toa?
Dali ti voopsto znaes sto se nepravoslavni dogmi vo katolicizmot?
Daj malce udri si ja glavata od dzid, mene mi kazuvas da sum zboruvala so pravoslaven svestenik. Of lele :facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom