Ако метата е погодена не значи дека е уништена или онеспособена.
Во многу наврати се гледа како гаѓаат тенкови, но дали тенкот е онеспособен?
На многу видеа од Сирија и Јемен, каде тенкови се гаѓани со наведувани противтенковски проектили јасно се гледа како после ударот тенкот дополнително експлодира или гори муницијата (2 пламени оган нагоре) што значи уништен тенк, но и доста такви каде од оклопното возило излегува екипажот после ударот, најверојатно од претпазливост што значи дека иако целта е погодена, возилото не е онеспособено.
Повеќето тенкови имаат пасивна и модерните армии активна заштита од вакви наведувани проектили. Така, иако на снимките изгледа дека тенкот е погоден, тоа не значи дека е онеспособен.
Исто така треба да се земи предвид дека се користат мамки, фарбани дрвени топови, тенкови, балони и сл. така да секоја погодена мета не значи уништено возило како што ќе го претстават на ТВ.
А, и тоа. пропагандата е дел од борбата. Може да прикажуваат стари снимки како го уништуваат, а во реалноста да е обратно.
Оттука не може да се заклучи колку се ефективни дроновите во уништување на хардвер.
Доколку се земи предвид фактот што голем дел се соборени (дроновите се лесна мета на скоро секоја ПВО) и нивната бројност (т.е. колкав процент изгубиле), како и нула напредок (
според ова) што Азербејџаните го имаат на бојното поле, дроновите не делуваат како клучен елемент што би ја променил играта.
Секако тука има и еден куп други фактори во користењето на дроновите, како и нивната употреба како склоп од армијата и севкупната стратегија.