Повреди на колена, совети, прашања..

  • Креатор на темата Креатор на темата ФорцаМилан
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво на сите - јас сум опериран пред 6 недели на преден вкрстен лигамент и малку ми го подшија едниот минискус на левото колено.
Во принцип неопериран бев две ипол години и првите две недели од повредата кога пробувате да одите и да ставите тежина на повредената нога веднаш чувствувате остра болка попратена со чувство што на англиски најдобро е да се опише the knee gives away, па стандард како и многу други од што нема доволно стручен кадар, а има пациенти од цела Македонија дали ќе одите државно или приватно чекањето ви е нежбежно и морате само упорно термини да си бркате или да си најдете начин како до докторите да дојдете.
Од што немаш што да правиш, нормално бараш алтернативи како можеш на нозе да дојдеш без дополнително да се доповредиш - во принцип (барем во мојот случај) ако внимателно газиш и не ја оптеретуваш многу ногата при одење можеш да функционираш и без операција на лигаментот, зошто при чекањето јас веќе скоро се опоравив, одам на прошетки со куче, дури и трчав (без голем интезитет и САМО праволиниски).
Опоравувањето на ногава без операција првиот месец ти е стар golden standard - многу ладни облоги, држење на ногата што можно погоре, ладни тушеви и не многу ставање на тежина на ногата што ти е повредена.
После месец ипол, два и така до моите две ипол години јас исклучиво вежбав calisthenics + lifting weights (до тежини нормално што можеш да ги истрпиш без ногата да ти откачи) СО ПРАВИЛНА ФОРМА, МНОГУ РЕПЕТИЦИИ И FULL RANGE OF MOTIONS.
Заклучок: Единствено ШТО НЕ ТРЕБА ДА ПРАВИШ и што ми се има случено неколку пати е кога нагло несвесни потези би направил или би пробал пак да спортуваш како порано е што може ногата може да ти се измести зошто нема лигамент што би го држел коленото на место, па ќе треба со држење на ногата скроз исправена и истегната или во легната положба кога е малце крената во вис да ја виткаш и исправуваш во агли од 0 до 90+ степени за да ти крцне малку што се вика и се врати коленото на место, зошто ако не ја вратиш на место, кога ќе пробаш да одиш нема да можеш зошто чувствуваш како ногата да ти е здрвена и имаш тапа болка во цело колено кога пробуваш тежина на ногата да ставиш.
За операција од тоа што читав по форуми детално, доктори од кој се задоволни пациенти и чии имиња знаат да излезат во повеќе пребарувања се: др. Алан Андоновски, др. Зоран Несторовски и др. Боро Илиев
Јас се оперирав кај др. Алан Андоновски и човекот работи турбо 24/7 и дефинитивно се гледа дека знае што прави, операцијата помина успешно и сеа за сеа рехабилитациониот процес се одвива најнормално - повеќе инфо како ќе се вратам на нозе ќе ви кажам после физикална
Се надевам помогнав, поздрав на сите and speedy recovery to all.

Веќе се распрашав за асални места за физикална - после празниците од 8ми па натака почнуваме.
За вежби тоа што може дома да се прави го правам - највеќе пазам на превиткувањата и исправувањата на ногата во седечка позиција и пробувам малце повеќе од 90 степени да ја свиткам, calf raises, мини чучневи со превиткани нозе до 45 степени држејќи се за стол во спат, да ја држиш ногата малце подкрената (имам dumbbells дома па на нив ја подпирам но и со обичен пешкир или шише може исто да се изведе тоа) и скроз исправена и да и навиваш благ притисок врз квадрицепсот и така натаму.
Фала на блага препорака - well aware дека физикалната е исто толку важна колку што кога одиш да бараш кај кој доктор би се оперирал.
Поздрав, Даниел
Abe daj ne glumi so toa angliskiot.
Imame prekrasen jazik za izrazuvanje
 
Заборавив најбитната работа да ти ја кажам, НЕ БРЗАЈ! Опоравакот секако ќе ти трае минимум 6 месеци додека почнеш да се бавиш со спорт, под спорт мислам на контактен спорт (фудбал, баскет и слично). Не знам во која фаза си, ама чим не си почнал со физикална веројатно си на почеток така да не брзај со чучњеви и слично да не поебеш нешто без потреба. Знам дека ти е нервоза и непријатно што не ти е функционална ногата ама треба време јебига. Мене во физикалната терапија највеќе ми помогна водната терапија, она кога одиш на трака за трчање, а истата е полна со вода внатре, полесно е нели да не објаснувам физика сеа. Тоа највеќе ме накрена и после тие терапии најслободно ја чувствував ногата.
 
Abe daj ne glumi so toa angliskiot.
Imame prekrasen jazik za izrazuvanje
Во глупа навика ми е влезено од средно - пробувам да се одвикнам од тоа xD
Автоматски споено мислење:

Заборавив најбитната работа да ти ја кажам, НЕ БРЗАЈ! Опоравакот секако ќе ти трае минимум 6 месеци додека почнеш да се бавиш со спорт, под спорт мислам на контактен спорт (фудбал, баскет и слично). Не знам во која фаза си, ама чим не си почнал со физикална веројатно си на почеток така да не брзај со чучњеви и слично да не поебеш нешто без потреба. Знам дека ти е нервоза и непријатно што не ти е функционална ногата ама треба време јебига. Мене во физикалната терапија највеќе ми помогна водната терапија, она кога одиш на трака за трчање, а истата е полна со вода внатре, полесно е нели да не објаснувам физика сеа. Тоа највеќе ме накрена и после тие терапии најслободно ја чувствував ногата.
Фала на сугестии - ќе олабавиме малце со интезитет на вежбите чим викаш така.
Треба да почнам физикална на 8ми нареден месец, сега сите прават спојка за празници.
Мене ми беше само страв да не се улежам ептем многу.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom