Повраток на ДДВ за физички лица? (Мој ДДВ)

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
- со враќањето на 15 проценти од ДДВ-то, на граѓаните ќе им бидат вратени 8 милијарди денари (околу 130 милиони евра) годишно;
Врз основа на која математика е добиена оваа цифра?
15% од вкупната сума прибрана во буџетот на име на ДДВ. (претпоставувам, не можам да најдам колку пари се влеваат во буџетот на име на ДДВ во моментов, и не знам дали овие цифри се за моменталнава ситуација, или за проектираната)
- На пример, на фискална сметка од 10.000 денари, за која се плаќа ДДВ во износ од 1.800 денари,15-те проценти од ДДВ-то што им се враќаат на граѓаните изнесуваат 270 денари;
- ова значи помеѓу 20 и 30 илјади денари годишно за секое семејство во Република Македонија кое поседува фискални сметки;
Ова значи ќе треба да имаме сметки од по 100 000,00 денари секој месец за да дојдеме до поврат од 20-30 000,00 денари или годишно 1 200 000,00 денари
Да, а за да имаме повраток од 8000- 10000 денари, треба некаде 500 000 - 600 000 денари. Шо до некаде е реално, па и 6000 денари нека бидат. Ете ти 2-3 сметки за струја во летен период.
- Со можноста за повраток на 15 проценти од платениот ДДВ, секој граѓанин ќе има мотивација да инсистира на издавање фискални сметки. Всушност, така сите граѓани би ја имале улогата на „даночни инспектори“;
Не фала, даночните инспектори се вработени и ЗЕМААТ ПЛАТА за тоа. На овој начин на мала врата ќе се "вработат" сите за без пари?
Шо не фала? Мене ми обврска да побарам фискална, како што и на продавачот му е обврска да издаде. Колку што се сеќавам, имаше казна некоја ако купам нешто, и ме фати инспекција во радиус од не знам колку метри а да немам фискална.
Така да во ситуацијава ова не ти важи.
- Преку тоа, ќе се избегне криењето на вистинскиот промет и плаќање данок и сериозно ќе се намали таканаречената „даночна евазија“ која сега, според последните податоци на Управата за јавни приходи изнесува 35 проценти, а деновиве беше објавено дека непријавувањето данок изнесува дури 60 проценти;
60%? Толку пари им фалат плус, па од таму го извадија процентов на скриен данок?
Ова не знам, а гледам не знаеш и ти.
- Управата за јавни приходи ќе нема основ за заплашување и затворање на фирми и дуќани заради даночна недисциплина;
УЈП тоа го прави по НАРЕДБА, а не по законски основ и пронајдени неправилности
Да се надеваме, дека ако го дочекаме ова, овај шо ја предлага меркава нема да издава такви НАРЕДБИ. Белким нема цела Македонија Барок да ја прај.
(немој да ми речиш дека и ти ножот го носиш за во зловреме.)
- На ваков начин се зголемува потрошувачката моќ на граѓаните;
Не можеш да зголемиш потрошувачка моќ на граѓани кои се невработени и воопшто се лоши (слаби) потрошувачи
Можиш. Во конкретнава ситуација е 2.7%. За некој тоа ќе биде 50000 за некој 500 денари. Али во секој случај ќе биди 2.7%

- По враќањето на целокупниот износ на ДДВ кон граѓаните, во буџетот на Република Македонија ќе останат околу 2 милијарди денари, (или над 30 милиони евра) повеќе пари отколку сега.
Неважно, види прво
Важно, види прво.

Значи, ништо не кажа во постов. Поправилно ќе беше да кажеше возможно е ама јас не верувам дека ова би можело да се случи во земјава, одколку да пишиш нешто колку само да се пиши.

Или еве да те прашам конкретно. Доколку ова се реализира, по твое добро е за економијата и за граѓаните или не е? Кратко и јасно.

Јас мислам дека ако се сака е возможно и е остварливо. Со толкава администрација, колку што ја имаме во моментов, можи слободно во секоја општина по 3 центри конкретно за ова да се отворат. Барем ќе си ја одработуваат платата која сега ја земаат а не знаат зошто.

Само то е. Народов толку сме отепани, и унаказени низ годиниве, шо вакви мерки за нас се научна фантастика.
 
Dee_Jay да не препишувам целосно:
1) Никој не знае точно колку пари се собираат по основ на ДДВ во буџет (ако не ги броиме вработените од МФ и НБРМ)
2) За да имаш годишно потрошени 600 000 треба да имаш месечно по 50 000...колку семејства/поединци го можат ова? (колку за инфо ова е 3 месечен обрт на пари на еден куп фирми со кои сум имал контакт)
3) Мене НЕ ми е обврска да барам фискална. Ако сакам ќе побарам, ако не никому ништо! Продавачот ИМА ОБВРСКА да ми даде, без разлика дали јас барам или не. Инаку, тоа со метрите тие што го донесоа истото, го повлекоа зашто беше оценето како ГЛУПОСТ!!!
4) Исто како прашањето: Колку пари се собрани по основ на ДДВ во буџет? Никој никогаш нема да ти даде точна бројка, затоа е шпекулација дека фалат одреден %. Може да си кажуваме проекции до 101 и пак исто ќе биде. Муабетов е, сакале да соберат 200 милиони, ама собрале 130. Е сега, малку им било, а ако може и едно 250 да се собереа, немаше да биде лошо
5) Секогаш ќе има наредби, дури и да го укинат данокот, ќе најдат за што да те казнат
6) Зголемување на хартија од 2,7% е СУПЕР. Во реалноста и сам кажа, ако не си во оние 50 000 денари за поврат, подобро не ги барај тие 500, зашто може да заглавиш повеќе. Кога фирма на крај на година поднесува ДДВ пријава, има едно поле за поврат на данок (фамозната 15ка). Ако го обележиш, сметај дека за 10 дена ти се црта УЈП на врата и ќе испадне должиш и повеќе од реалното. Го работев и го гледав ова. И тоа на секои 3 месеци, за годишна да не збориме. Прашај која фирма има храброст да побара поврат на данок, па ќе ти објаснат пластично како изгледа тоа
7) Добро сум напишал. Ако некој не кажува колку собрал, како може да каже колку остануваат? Или проектирано Х - собрано Y = пари во буџет по основ на ДДВ Z???
8) Да не рече некој - НЕ СУМ од ниедна партија и НЕ БРАНАМ никого!!! Ваква е реалноста и преку к*р ми е кога некои самобендисани со купени дипломи се обидуваат да прелажат 2 милиона народ. :mad: Уште повеќе ми смета што тој народ е доволно ГЛУПАВ да наседне :(
 
Плавооко
Значи мене јасно ми е како функционира државава во моментов. И потполно се согласувам со тебе во однос на то прашање.
Јас зборувам конкретно за економскава мерка. Доколку биде спроведена како што треба мислам дека нема никаква мана, и нема зошто да се критикува.
Нормално дека од моменталнава гарнетура не очекувам ова да го направи. Како што кажа, и ова сега што треба да му го враќаат на фирмите, низ уста му го вадат, па уште и на физички лица да му враќаат (мало морген)
Нејчам да ја терам на политички темава, ама неизбежно е. Еве кај е проблемот, како шо кажав претходно, за нас ваква мерка ни изгледа научна фантастика, шо во нормална држава не е. Нека предложа бе вака 20 мерки, и да му дајме шанса. Ако не ја исполна, за 4 години, ајде на клоци. И другите ако не исполна, и тие на клоци по 4 години. Дури не тргни работата. Па да видиш после како можело.
Дури не сватиме дека тие треба за нас да работа, а не ние за нив, и дека ние даваме и ние земаме власт, ништо не прајме.
Жалосно е шо не си ја знајме силата.

Ваква е реалноста и преку к*р ми е кога некои самобендисани со купени дипломи се обидуваат да прелажат 2 милиона народ. :mad: Уште повеќе ми смета што тој народ е доволно ГЛУПАВ да наседне :(
Е ова е тоа што ти го кажувам. И шо да прајме сега? Ајде да крениме раци и да умриме.
 
Малку офф топик :cautious: Во една држава може да постојат два принципи во правото. Принцип на правна држава или Принцип на владеење на правото. Првиот наложува да се почитуваат и спроведуваат законите такви какви што се. А вториот, да се направат законите подобри за граѓаните. Ако сакаме правна држава, тогаш оваа мерка НЕ СМЕЕ да се воведе. Ако сакаме владеење на право, прво треба да се сменат еден куп закони од економска област, па после да збориме за воведување на оваа мерка. Муабетот, ако некој е пратеник 4 год и не направи ништо, па ќе го смениме, не држи!!! Ако сите така си се менуваат на 4 год, каде ни е крајот. Намерно во МК е изоставена можноста гласачите да отповикаат мандат (ако не ни чини некоја гарнитура, да може со гласање да се тргне или цела или одредени лица). Никој нема да го воведе ова, инаку ќе ја сече гранката на која седи. И од правен и од политички, а во секој случај од економски причини оваа мерка НЕ СМЕЕ, НЕ МОЖЕ и НЕМА да се воведе.
 
Ако сакаме правна држава, тогаш оваа мерка НЕ СМЕЕ да се воведе. И од правен и од политички, а во секој случај од економски причини оваа мерка НЕ СМЕЕ, НЕ МОЖЕ и НЕМА да се воведе.

ТАКА ЕЕЕЕ, ДА ЖИВЕЕ ПРАВНАТА ДРЖАВА :cautious:

Не смееме да дозволиме ова праведно општество и оваа правна држава да ја поткопуваме со нелогични мерки на враќање пари на луѓето кои ги дале тие пари.
Тоа го уништува концептот на правна држава каде тие пари се трошат на државни џабелебароши.
 
Абе убаво е да ги враќат. Особено од бензин/нафта и репроматеријали шо ги купувам.
Ама нема да биде тава нешто. Јас одамна ломотам да враќат дел од ДДВ-то особено на земјоделците оти они са оданочени како крајни корисници, а повеќето нешта шо ги купуват са реално репроматеријали за производство.
 
Парите се средство за размена на добра и услуги. Не се добрата и услугите. Нивното пренасочување не повлекува автоматски зголемување на добрата и услугите.

Мерката за враќање на дел од ддв би ја намалила сивата економија, со помош на потрошувачите.
Како што е објаснето во претходните постови, крајниот потрошувач го плака ДДВ-то. (продавницата го плака со парите на потрошувачите). (:icon_lol:)

Само како пример: ако во светот има 10 милијарди жители, а има доволно храна за 8, евентуално 2-милијарди жители ќе умрат од глад. Оние коишто ќе умрат од глад би биле 2-те милијарди со најмала куповна моќ(најмалку пари).

Па се поставува прашањето со помош на ефектот од предложена оваа мерка(а и со сегашниве испекции и казнени мерки) ако кај граганите се враќаат пр. 2000 ден а за таа сметка државата(дефиниција според мене множество на поединци) успева да наплати данок поголем од претходниот+2000 ден од пред воведувањето на мерката, кај кого се насочува паритетот на куповната мок?
 
Се е претурање од шупливо во празно. Еве и да се воведе таа мерка, таква каква што е. Со самото враќање на одредена сума пари по основ поврат од платен ддв, граѓаните ќе остварат некаков приход. На таа сума ќе ти пресметаат персонален данок од 10% и пак ќе ти ги земат.
 
Плавооко
Значи мене јасно ми е како функционира државава во моментов. И потполно се согласувам со тебе во однос на то прашање.
Јас зборувам конкретно за економскава мерка. Доколку биде спроведена како што треба мислам дека нема никаква мана, и нема зошто да се критикува.
Нормално дека од моменталнава гарнетура не очекувам ова да го направи.


Зајко кога ќе седне на фотеља одма пари ќе почни да дава, народов нема да може да ги потроши поради големата количина.
 
Зајко кога ќе седне на фотеља одма пари ќе почни да дава, народов нема да може да ги потроши поради големата количина.

Не мора да дава, доволно е да не зема, ко овие сега...
 
Ти во шо веруваш?

Па нереално е исто како милијардата од Тајван, вработување на еден член од семејство, тоа фабриката во Кавадарци што ќе вработи 20 000 луѓе итн....
--- надополнето: 12 октомври 2013 во 20:18 ---
Проста логика....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom