100% се согласувам, мене ми е тешко да читам некои негови дела особено оние каде што нема многу дијалог помеѓу карактерите*, знае да биде хаотичен, наеднаш да се префрла од една на друга работа а и реално приказна која може да се напише во 5 страни он знае да ја направи во 15.
Се на се, Лавкрафт ми е еден од омилените автори (и космички хорор како жанр) но е пренапорен за читање.
*2 години ја читав Хоророт во Музејот, приказни како the green meadow и the crawling chaos беа мачни за читање, the mound исто едвај ја завршив иако пак имаше интересни дешавки во неа за разлика од првите две.
Сите раскази што ги спомна се напишани во соработка со други автори, така што не се баш 100% дела на Лавкрафт и разликата меѓу нив и делата кои Лавкрафт сам ги напишал е доста забележлива. Ама да, дефинитивно прозата му е тешка за читање. Сепак, по тоа е знаменита. Би сакал да можев да кажам дека моите преводи се полесни за читање бидејќи се на македонски, нашиот мајчин јазик, па со тоа јазичната бариера е поднамалена, но тоа би било лага.

Последно уредено: