- Член од
- 31 октомври 2013
- Мислења
- 40
- Поени од реакции
- 78
Сите раскази што ги спомна се напишани во соработка со други автори, така што не се баш 100% дела на Лавкрафт и разликата меѓу нив и делата кои Лавкрафт сам ги напишал е доста забележлива. Ама да, дефинитивно прозата му е тешка за читање. Сепак, по тоа е знаменита. Би сакал да можев да кажам дека моите преводи се полесни за читање бидејќи се на македонски, нашиот мајчин јазик, па со тоа јазичната бариера е поднамалена, но тоа би било лага. Ама се надевам дека ќе ги ѕирнеш.100% се согласувам, мене ми е тешко да читам некои негови дела особено оние каде што нема многу дијалог помеѓу карактерите*, знае да биде хаотичен, наеднаш да се префрла од една на друга работа а и реално приказна која може да се напише во 5 страни он знае да ја направи во 15.
Се на се, Лавкрафт ми е еден од омилените автори (и космички хорор како жанр) но е пренапорен за читање.
*2 години ја читав Хоророт во Музејот, приказни како the green meadow и the crawling chaos беа мачни за читање, the mound исто едвај ја завршив иако пак имаше интересни дешавки во неа за разлика од првите две.
Последно уредено: