Уште од детството луѓето ги наведуваат да веруваат во приказната за Исус онаква каква што е сочувана во четирите евангелиа, ако не од Бог вдахновена, барем неотповиклива. Четирите евангелија не само што се меѓусебно противречни туку наместа и драстично се разидуваат. Само две евангелија зборуваат понешто за потеклото и раѓањето на Исус (по Матеј и по Лука) но и тие се во меѓусебен расчекор.
Према Матеј Исус бил аристократ ако не и полноправен и законски крал, потомок Давидов преку Соломон. Од друга страна према Лука, Исусовата фамилија иако по потекло од куќата Давидова била со нешто понизок род, додека Марко ни го дава приказот за сиромашниот дрводелец.
Според Лука на раѓањето Исус го посетиле овчари, спрема Матеј тоа биле кралеви.
Според Јован распетието се случило ден пред Пасха, според Марко, Лука и Матеј ден после Пасха.
Кај Матеј и Марко Исусовите последни зборови се: "Боже мој, Боже мој зошто ме остави", кај Лука: "Татко во твои раце го предавам мојот Дух", а кај Јован само: "се заврши"
Имајќи ги во предвид сите овие разидувања четирите евангелија, несомнено дека се оспорува нивната валидност.
...би сакал ова Спирос да го прокоментира