Поубаво е сам да се живее или не?

Со стабилна работа и плата веднаш би пробал сам. Неможам да дадам одговор што е подобро, сеуште живеам со моите.
 
Додек не видам ер на квадрат, Пи велју ништо не бива. ;)

68snzd.png
Гаусова распределба

Со стабилна работа и плата веднаш би пробал сам. Неможам да дадам одговор што е подобро, сеуште живеам со моите.

Царска работа е да не ти висат твоите над глава за секакви глупости. Ако имаш шанси пробај малку од царскиот живот :).
 
Царска работа е да не ти висат твоите над глава за секакви глупости. Ако имаш шанси пробај малку од царскиот живот :).
Се стремам кон тоа, плус друштво кога сакаш што сакаш, спортски настани уз пиво, пиење пред град, слободен стан за девојки итн.
Damn, наместо да созревам се враќам во средно школо :pos:
 
Некојпат колку е сурова самата вистина. :(:(:(


Ах, не зависи по која формула работиш :P, не е секој пат така трагично.
Ако е некоја поедноставна, тоа ер на квадрат што ви е секогаш 0, може да ви значи или бројниот израз да ви е секогаш 0, или да ви нема смисла или па вредноста на целио израз воопшто да не ви зависи од тоа ер на квадрат. Како и да е не ја свакам машката математика, ни па знам кој случај го одбирате. Мистерија.

Во врска со живеењето сам. Нема подобро нешто :).
Правиш како ти одговара, сам свој газда си си, се е твое, не сметаш на никого, никој не ти смета.
Од друга страна пак, поради повеќето време поминат сам со себе се учиш подобро, си ги согледуваш недостатоците, созреваш.
Се учиш да водиш домаќинство, да плаќаш сметки, да си ги цениш парите и да мислиш на што и како ќе ги трошиш. И плус, конечно ќе ги сватиш родителите шо ти солат памет цело време :D:D.
Според мене пожелно и здраво е да се пробаш да живееш сам :).
 
Дефинитивно сум за живеење сама, но откако ќе се стабилизирам финансиски. Летово повеќе пати бев ставена на испит за тоа дали можам да го оддржувам домот и воедно самата себе ( го положив патем :icon_lol:). Поубаво е кога никој не ти дреме над глава, не ти врши притисок и сам си го организираш времето. Сметам дека е одлична шанса за созревање, покажување снаодливост и станување независен.
 
Уште пред Нова година сакав да живеам сам ама од икс причини го пролонгирав и сега имам план до крај на месецов да одам под кирија иако моите се противат.
Едниот вика џабе ќе фрлаш пари, другава кука и ќе се утепа ако се отселам. Ете ова е нашиов балкански сељачизам и менталитет.

Искрено ниту една причина немам за да останам во родителскиот дом.
Тежок индивидуалец сум и сакам сам да си го планирам времето.
Сакам тишина и мир бидејќи од кај што работам одозгора и сум вонреден студент и ми треба време и простор за себе.
Не сакам по два-трипати на ден да ме прашуваат кај ќе одиш.
Не сакам кога ќе дојдам од работа да слушам глупости.
Не сакам да ми влегуваат во соба на сабајле.

Може нема да имам за луксуз ама раатот нема цена.
 
Да го пишував ова пред некоја година ќе речев да. Нема ништо поубаво од живеење сам. Сè си организираш онака како што сакаш. Приватноста и слободата се незаменливи. Дури мислам и дека секој оној кој има прилика треба да си поживее сам барем една година. Живеењето сама мене ме научи многу за реалниот свет.

Сега, од денешна перспектива мислам дека е убаво да имаш некој со кој може да си разговараш, да го поминуваш слободното време и да го споделуваш твоето секојдневие. Веројатно зависи и од возраста и периодот во кој се наоѓаш и обврските кои ги имаш.
 
Да го пишував ова пред некоја година ќе речев да. Нема ништо поубаво од живеење сам. Сè си организираш онака како што сакаш. Приватноста и слободата се незаменливи. Дури мислам и дека секој оној кој има прилика треба да си поживее сам барем една година. Живеењето сама мене ме научи многу за реалниот свет.

Сега, од денешна перспектива мислам дека е убаво да имаш некој со кој може да си разговараш, да го поминуваш слободното време и да го споделуваш твоето секојдневие. Веројатно зависи и од возраста и периодот во кој се наоѓаш и обврските кои ги имаш.
Се уште живееш сама?
 
Поради тоа што последните пет и пол години имам ненормално стресна работа којашто често вклучува директна комуникација со најразлични луѓе коишто мислат дека буквално те купуваат со тоа што вложиле во местото кадешто работиш и некои други стресни елементи и по 2 не толку океј цимерка искуства, веќе сум решила, ако делам дом со некого, таа личност или ќе ме ожени, или ќе ја родам , или ќе бидат мајка ми, или тетка ми, ако рецимо им треба во животот поддршка. Со други, не.
 
Живеам сам. Просторот на мојот апартман изнесува околу 55-60 квадратни метри. Правам што сакам, кога сакам. Но како секој современ млад човек, ми се потребни само 2 лаптопи - еден за работа, еден личен, телевизор и телефон. Работам од дома. Така ми е многу добро.
 
Излегов од дома уште во прва средно. Во текот на сите 4 години средно живеев со цимери прво во интернат потоа во стан. На факултет една година во стан потоа сум седел во сите студентски домови во Скопје. Според мене најдобро се оспособува човек за живот кога ќе излезе од дома. Сам си го бериш гајлето за се. Ја нема мајка ти да ти го спреми креветот, да ти ја постави масата за јадење и да ти ги собере расфрланите алишта. Затоа немав никаков проблем кога после дипломирањето живеев со цимери се додека не се оженив. Ни јас а ни мојата сопруга не сакавме да живееме со нејзините. Од почеток сме си посебна фамилија. Така е нај убаво. Можеби е потешко на почеток ама откако ќе му го земеш редот нема проблеми.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom