Потребна ви е помош околу мобилни? Пишете тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Alcatel One Touch Pop C7
Дечки, денес почна да ме зеза телефонов.
Кога го ставам на полнач, почнува да полни 1 минута и прекинува. Така прави кога е уклучен телефонот, а ако го исклучам и го ставам да се полни, се полни и мака нема.
Што би можело да биде проблемот?!
 
@German88 пробај со factory reset, или со друг кабел, полнач. На крај, види долу каде што се поврзува кабелот со тел. има пинови. Пробај најнежно што можеш со чепкалка за заби да го подигнеш оној што е најдалеку од екранот кон него. Значи пинот е надолу, а ти подигни го поблиску до екран. Ова е последно што треба да го пробаш. НЕ ПРВО!
 
Пробав со фактори ресет, со друг кабел и полнач и пак истото го прави.
Сега останува тоа со пиновите.
Али ме буни ова шо не сака да полни кога е уклучен, а полни кога е исклучен...
 
незнам како фабриките тоа го имаат регулирано, но би требало помеѓу пинот за полнење и самата батерија да има некој електронски склоп кој за време на полнење еден дел од струјата ќе ја усмерува према телефонот за нормална работа, а еден дел од тоа што ќе остани да оди на полнење. затоа би требало кога телефонот се полни исклучен, побрзо да се полни.

ако има ваков склоп, мислам дека е проблемот до него (нкоја зенер диода за стабилизација на напонот или слично)
 
@gjoko-mkd 4 се, со тоа што на некои модели 2 пина се "скратени" и тука доаѓа заебавање цел ден. Ако ја имаш шемата, супер. На слепо, само можеш да погодуваш. Збориме за надворешен дел, не внатре на плочка. Има некој сервисер само насока да даде по ова прашање?
 
Ако мислиш на конекторот за полнење крајниот лев и крајниот десен ти се плус-минус
 
мора внатре во самиот телефон да има некаков електронски разделник за полнење на батеријата и за работа на мобилниот преку полнач. плус тоа нормално има разделник за истосмерната струја на полнење од таа за информации (што го има секој далекувод па камоли мобилен).

вероватно проблемот е во тој разделникот
 
Помош за декодирање на Sony Xperia E1 само на T-Mobile фаќа мрежа , некоја финта или програма за декодирање/ отварање на мрежите или колку ќе ме кошта да го однесам во мобилара (отприлика ) ? :) Фала однапред
 
Финта само во мобилара, ке кошта од 500 ден па нагоре

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Da ne ti e podesen na manuel , probaj so baranje avt. Mreza
 
Финта само во мобилара, ке кошта од 500 ден па нагоре

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
Повеќе од дупло е поскапо и тоа е засега единствено решение
 
Мене ми зедоа 900 денари за декодирање на Хуавеј 530 (швајцарски) и сега работи без проблем на сите мрежи. Летово го пробав и со албанска сим картичка од Водафон и немаше проблем
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom