Потребна ви е помош околу мобилни? Пишете тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво!
Дали може да се отклучи (декодира) Alcatel OT Idol2 купен од One бесплатно, и како?
Фала ...
 
Samsung I9505 S4 Galaxy. Galaxy i9515 или Samsung i9500 Galaxy S4?
Што викате?
Да наведам уште од почеток дека LTE 4G и не ми е толку важно...

Што се однесува до другото....
Не сум многу упатен во процесорите на 3те телефони, но некои викаат дека Exynos Octa работи далеку подобро и побрзо од Qualcomm Snapdragon 600 на i9505...

И доколку некој ги користел овие телефони, има ли разлика и во камерата, или потполно е идентична?
 
Последно уредено:
Декодирање на Alcatel 991 некој ???
Мојот IMEI е 862 601 013 128 493
SVN: 010 12N

991X-2BT BMK1-S40 ... Ваљда ова е Provider ID

Teлефонот вреди 1000 и не ми се исплака да го декодирам ... ако се разбира некој нека ми испрати код.
 
Samsung I9505 S4 Galaxy. Galaxy i9515 или Samsung i9500 Galaxy S4?
Што викате?
Да наведам уште од почеток дека LTE 4G и не ми е толку важно...

Што се однесува до другото....
Не сум многу упатен во процесорите на 3те телефони, но некои викаат дека Exynos Octa работи далеку подобро и побрзо од Qualcomm Snapdragon 600 на i9505...

И доколку некој ги користел овие телефони, има ли разлика и во камерата, или потполно е идентична?

Зошто баш S4? кој друг телефон го имаш како избор?
 
LG G2 би ми бил како втора опција, ама прочитав дека батеријата не му била нешто сјајна како што збореле луѓево, а и камерата била далеку зад Galaxy s4, поготово за сликање на вечерни фотки.
Додатна ствар е тоа што копчето за back, home и options е на самиот екран, а тоа никако не можам да го поднесам кај ниеден телефон + батерија која што не може да биде отстранета...и тоа е тоа.

Би земал и Лумиа 1020, ама ограничен сум со Windows и не ми е тоа тоа, иако камерата е врв!

Па така, во тој price range и телефонските опции највеќе би ми одговарало Galaxy s4, само што незнам што верзија да земам... :confused:
 
LG G2 би ми бил како втора опција, ама прочитав дека батеријата не му била нешто сјајна како што збореле луѓево, а и камерата била далеку зад Galaxy s4, поготово за сликање на вечерни фотки.

Какви глупости, хахахахаха све е обратно уствари. G2 има фантастична батерија, и далеку далеку подобра камера поготово за вечерни фоторафии споредено со S4.
 
Можно е не викам дека не. Тоа се само коментари од луѓе кои користеле G2. Викаат дека батеријата не била така моќна како што ја пишува и дека брзо летала (поготово со новата верзија на Андроид).
Во перформанси и брзина, LG е дефинитивно чекор понапред од S4, во тоа сум сосема сигурен.
Во камерата и не сум баш убеден колку е тоа така али можно е. Не сум користел G2 лично, ама до сега од сите телефонски камери, најдобра што сум ја видел е на S4, на Lumia 1020 и како 3та на iPhone.
Иако разбрав дека навечер сликите потешко се правеле со G2 зошто тешко работел фокусот и му требало многу време да се приспособи на темниот простор.

Како и да е, дизајнот на копчињата што зафаќаат простор на LG екранот и батеријата која што е non-removable ми е нажалост тотално одвратен и неприфатлив елемент...и тоа е тоа :)
 
За сите што викате дека не се вадела батеријата, а кај Самсунзите да, баш ме интересира во периодот додека сте го користеле дали сте смениле батерија. Јас не сум заменил, така да тој факт е ирелевантен и се спомнува онака само, ради реда, демек е нешто плус.
 
Последно уредено:
Можно е не викам дека не. Тоа се само коментари од луѓе кои користеле G2. Викаат дека батеријата не била така моќна како што ја пишува и дека брзо летала (поготово со новата верзија на Андроид).
Во перформанси и брзина, LG е дефинитивно чекор понапред од S4, во тоа сум сосема сигурен.
Во камерата и не сум баш убеден колку е тоа така али можно е. Не сум користел G2 лично, ама до сега од сите телефонски камери, најдобра што сум ја видел е на S4, на Lumia 1020 и како 3та на iPhone.
Иако разбрав дека навечер сликите потешко се правеле со G2 зошто тешко работел фокусот и му требало многу време да се приспособи на темниот простор.

Како и да е, дизајнот на копчињата што зафаќаат простор на LG екранот и батеријата која што е non-removable ми е нажалост тотално одвратен и неприфатлив елемент...и тоа е тоа :)

Сум правел директна споредба, G2 го гази S4 во секој поглед, камерата преку ден е подобра, а навечер е 10 пати подобра, S4 нема оптичка стабилизација и тука завршува цела дискусија, ме мрзи да барам директна споредба имаше една од фоторафии во темни услови, S4 е мизерија у темница....
 
Може глупо ќе звучи ама баш ме интересира.
Шо ако се закочи телефонот, не можам да го изгасам со држеше на пауер копчето, а батеријата не може да се извади ?
 
Секоја вградена батерија има мод да се прекине колото со подолго држење на power копчето. На нексусот пар пати ми се имаше случено, и со држење повеќе од 15-20 секунди се рестартира комплетм, како да си ја извадил батеријата.
 
Кој телефон ?
Се работе за телефон од али експрес и телефонт ми е сокршен мн пати ми е паѓан и незнам сеа оти укопува оти се гасе нешто изг унатре има од мн паѓање иначе и екранот на моменти не ми работе оти баш кај шо е тоа за екранот таму главното таму му е распукан тел каа це го стиснам и црн е екранот
 
LG G2 не сака да ме префрли на 4Г. Имам картичка од Т-Мобајл. Некое решение?
 
Се работе за телефон од али експрес и телефонт ми е сокршен мн пати ми е паѓан и незнам сеа оти укопува оти се гасе нешто изг унатре има од мн паѓање иначе и екранот на моменти не ми работе оти баш кај шо е тоа за екранот таму главното таму му е распукан тел каа це го стиснам и црн е екранот
брат ама му објасни.... ако те свати 2% од ова што сакаше да му кажеш сметај дека добар пост си напишал
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom