Потребна ви е помош околу мобилни? Пишете тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
јас друже го кркав истиод бед иако сум манијак по симбиан до сега не сум нашол ниеден програм што работи имаше неколку ама неуспешно, неможев да ставам ни јас флеш анимација...и сеа си купив 6300 и директно ти вика сакаш на позадина или скрин сејвер...и сеа се ми е со флеш анимации...а голем мерак имав на Н80 ката да и ставам ама јебига не се нашол таков некој програм

доколку некој најде нешто вакво нека го постира тука !!!
поздрав :salut:

Фала на одговорот, се утепав барајќи но нет информации за програма или некој туторијал.:cry:
 
Некој од форумов што е познат со modding на Моторола телефони нека ми се обрати на П.П, ми треба мала помош со додавање скинови во телефонот (не може обично преку USB туку имало многу процедури претходно). Фала!

Види овде
www.mobilejunkies.net
 

Имав предвид, некој што веќе го направил тоа (го “хакнал“ телефонот), да ми објасни како се прави тоа и по можност на MSN. Вака во туторијали на Интернет е само општо објаснето.
 
Па и ова доста би ти послужило ако имаш в3 или л6, зашто за нив има туторијали, а за другите и нема голема разлика. :)
 
Јас имам цркнато една Моторола од премногу хакирачење. Ке си ќутам нема ништо да ти кажам, да не останеш без телефон.
 
ок,одамна сум решена да си купам нов телефон и конечно се ограничив на три модела,меѓутоа не знам кој е најасален.моите топ 3 се:
1.samsung d900i
2.samsung u600
3.sony ericsson w910i

ај некој кој се разбира нека ми каже кој е најдобар:барам добра камера што слика и снима,со блиц секако;добар мп3 плеер едноставно сакам телефон што е топ:)
фала однапред:pipi:
 
Јас имам цркнато една Моторола од премногу хакирачење. Ке си ќутам нема ништо да ти кажам, да не останеш без телефон.

Не планирам многу да го тинтрам :)
Само еднаш колку да ја овозможам таа опцијата за да можам скинови да додавам.
 
ок,одамна сум решена да си купам нов телефон и конечно се ограничив на три модела,меѓутоа не знам кој е најасален.моите топ 3 се:
1.samsung d900i
2.samsung u600
3.sony ericsson w910i

ај некој кој се разбира нека ми каже кој е најдобар:барам добра камера што слика и снима,со блиц секако;добар мп3 плеер едноставно сакам телефон што е топ:)
фала однапред:pipi:
според мене еве ти ја топ листата
1.sony ericsson w910i
2.samsung u600
3.samsung d900i
иако не е подобар на изглед од самсунзите сигурно е поквалитетен со подобра чистина и квалитет на камерата, одличен плеер ...:toe:
 
Луѓе ај пишав овде зошо не знам дали има некоја тема за ова. Ај ако може пишете ми линкови од страници за да симињам теми игри и сл. Зошо имам некој ама премногу се мачни бара регистрирање и сл. Ај ќе ве молам по ПП пишете ми
 
па ретко се наоѓа некој форум или страница каде ќе ти дадат информации и бесплатен давнлоуд без регистрација, дури гледам во поново време поинформативните форуми бараат и по 100 поста да имаш за да бидеш член кој ке може да симиња.

п.с. забранети се линкови од други форуми или пак кои содржат пиратерија.
п.п.с. користи гугл :D
 
Постои начин да ги исчистам конекторите на SE K750i, или пак да го однесам во мобилара (колку пари кошта тоа отприлика)?
 
ако не корозирале до толку да се пред распаѓање, кај мене ти е 200 денари значи да ги поминам со контакт спреј + да го отворам телефонот и од внатре и лежиштето и на конекторот внатрешните запци да се исчистат и подигнат.

а имаш опција и сам да ги исчистиш со вата + 96% алкохол, а за одвнатре да им влезеш мораш да имаш и штрафцигер Т6 само долните два штрафа под батеријата ке ги извадиш предната маска е на зглобови, понатака треба горните штрафови од дисплејот да ги извадиш и фолијата од тастатурата полека да ја извадиш нагоре, па конекторот од дисплејот да го откопчаш и на крај флетот за камерата кој иде треба да го подигнеш и да го извадиш од лежиште, потоа ги шириш страничните зглобови и прво едниот дел па другиот ке си излезе и ја влечеш плочата од средната маска и потоа го вадиш конекторот.

имаш и тјуториали на ју туб како да отвориш к750 :D само немам време сега да ги барам...
 
Јас да се пофалам земав Otek 9090 и сега малце помош несто програмциња кај да најдам :)
E и тел. има windows mobile 5 dali mozam da mustavam 6-ka
 
ок,одамна сум решена да си купам нов телефон и конечно се ограничив на три модела,меѓутоа не знам кој е најасален.моите топ 3 се:
1.samsung d900i
2.samsung u600
3.sony ericsson w910i

ај некој кој се разбира нека ми каже кој е најдобар:барам добра камера што слика и снима,со блиц секако;добар мп3 плеер едноставно сакам телефон што е топ:)
фала однапред:pipi:
Некро ај те молам ти помогни ми во мојот избор, денес додатно ме збунија, го додадов и samsung g800 на листатам, а мислам дека ти си најкомпетентен за мобилни
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom