И јас од Галакси Нексус навака користам, а од таблет моментално имам само Нексус 7, не сум имал потреба да го мењам бидејќи веќе и ретко го користам, само ќерка ми гледа цртани на него.
Не ми се верува во Телеком да биде отваран, кај нив најчесто запечатени ги продаваат или пак ако го земаш на договор може во салон пред тебе да го отпакуваат за да го активираат ако сакаш. Најчесто даваат и две години гаранција наспроти една кај мобиларите и продавнициве за електроника.
Не сум љубител на футроли бидејќи го намалува ефектот на телефонот и осетот на рака. Јас го земав од Америките мојот, конкретно од Best Buy и со него ми дадоа гратис футрола,
ваква. На сликите делува пошабански, во живо е подобра, ама го зголемува телефонот малку и не ми прави многу мерак, се мислев дали да ја шиткам.