Потреба од “те сакам“?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
По правилно е да се каже ’’те љубам’’,а не ’’те сакам’’.Кога посакуваш нешто значи сакаш да го поседуваш.А кога го поседуваш толку посакуваното,аутоматски се плашиш и да не го загубиш.И тука стапува на сила љубомората.Кога љубиш вистински некого не се плашиш дека ќе го изгубиш,бидејќи го љубиш,не си зависен од него и не го поседуваш.Никој не може да ни го одземе она што не го поседуваме. :)
 
Зависи спрема кој, у последно време сум алергична на тие зборови
 
По правилно е да се каже ’’те љубам’’,а не ’’те сакам’’.Кога посакуваш нешто значи сакаш да го поседуваш.А кога го поседуваш толку посакуваното,аутоматски се плашиш и да не го загубиш.И тука стапува на сила љубомората.Кога љубиш вистински некого не се плашиш дека ќе го изгубиш,бидејќи го љубиш,не си зависен од него и не го поседуваш.Никој не може да ни го одземе она што не го поседуваме. :)
Те сакам или те љубам мање више битно. Битно е да се мисли стварно кога се изговара.
Едно време се наоѓав во период во кој си ги блокирав чувствата, па така и овие зборови ретко ги изговарав. Сега нема потреба ни да ги кажувам зашто со делата си покажувам. Али ипак си викам, чисто онака да си го потсетам:back:
 
Ни го слушам , ни го кажвам, одвреме - навреме само ќе го прочитам а прочитано „те сакам“ е ебиветер.

Дали осеќам потреба ? Не знам. Немам некоја очајничка потреба да слушнам те сакам ( се разбира, докажано те сакам не празни зборој ), ама нема да се лутам и нема да ми биди лошо ако го слушнам.
 
Не сакам толку да слушам, колку што сакам да осеќам.
Посебно ја обожавам онаа искрена прегратка и бакнеж, кој без зборови ќе ми покажат дека на некој нешто му значам, јас, како личност.
Тоа кажаното, не е на одмет некогаш, колку за потсетување :pipi:
 
Ретко го слушам, уште поретко го кажувам, али повеќе преферирам искрена прегратка и бакнеж, те сакам е веќе старо клише.
 
ни го слушам ни го кажуем ко порано, некад ми фали.. али штачеш
 
Секогаш кога ќе почувствувам дека треба да го кажам тој збор го кажувам, но не на секој! Имам потреба да ми кажат дека ме сакаат. Не требаат само дела, некогаш и зборот е доволен. Зборот може да среди се`!
 
Ниту го слушам,ниту го изговарам некому.... мада не е на одмет некој да ми каже нема да го отепам :pos2:
 
Најдебилно -те сакам- е кога ќе завршиш некому работа или некаква услуга и во наплив на емоции ти вришти на уво и ти се џитка и повтара колку те сака. Ко купено да е. Ама сеа иаме Фејсбук, се сака народот по слики и статуси секој ден по пар пати. :icon_cool
 
Како првин, добредојде на форумов и ти посакувам убав престој. :smir:

Те сакам не мора да значи, сакање, love, amour и други наслови од песнине на Брајан Адамс.
Тоа сакање на база на захвалност нема врска со тоа те сакам поради љубовна интеракција, што е.
Не си најдоа некој нов лозунг па го украдоа и со тоа се разводени тоа те сакам. Плус коа ке додаме што те сакам викаат од навика...

Ај да смислиме ново нешто. Од сеа место те сакам ќе викаме те NAJLAJKKKKKKKKKKKKK. Модерно, лесно за изговор, пристапно до големите маси, фенси, комфорно, со 6 воздушни перничиња и со повеќе кечап и мајонез. Нели?
 
Секој човек понекогаш има потреба некој да му каже "те сакам"
 
Како првин, добредојде на форумов и ти посакувам убав престој. :smir:

Те сакам не мора да значи, сакање, love, amour и други наслови од песнине на Брајан Адамс.
Тоа сакање на база на захвалност нема врска со тоа те сакам поради љубовна интеракција, што е.
Не си најдоа некој нов лозунг па го украдоа и со тоа се разводени тоа те сакам. Плус коа ке додаме што те сакам викаат од навика...

Ај да смислиме ново нешто. Од сеа место те сакам ќе викаме те NAJLAJKKKKKKKKKKKKK. Модерно, лесно за изговор, пристапно до големите маси, фенси, комфорно, со 6 воздушни перничиња и со повеќе кечап и мајонез. Нели?

Мислам дека те сакам се однесува стриктно на љубов, а и дека се тро претешки зборови за да може да се воопштува значењето па и да се сведува на база на захвалност. Кажи фала ебаго. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom