Потреба од “те сакам“?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Magde.
  • Време на започнување Време на започнување
Неможам да верувам кога ми велат : те сакам. Премногу често го слушаме од секоја страна, посебно помеѓу другарки и повеќе им доаѓа како рутина да го кажуваат, не предизвикани од некое чувство. Веќе нема те сакам полно со чувства. Или има, но многу ретко. Им верувам само на ретки личности, кога барем делумно сум сигурна дека го мислат искрено. Претерано да ми го кажуваат, да ме гушат .. несакам. Веќе му се губи смислата, како што реков повеќе како рутина станува.. и ја губи убавината.Уууф .. па скоро никогаш не велам те сакам:kesa:мноогу ретко, за посебни ситуации ..



Не ги сакам зборовиве. Многу силни се, а ги употребуваат за некои х намери и веќе им се губи убавината.
 
Искрено прекрасно ми е кога ќе ми каже дека ме сака :kesa: се надевам само дека не ме лаже :wink: И јас кажувам те сакам,можеби и почесто од штотреба,но вистина е :pipi:
Кажувам и на другарки дека ги сакам,посебно оние кои ми се навистина блиски и кои ми недостигат во некои моменти :back:
 
Ги сакам сите кои ме сакаат мене, сакам да кажам "Те сакам" а исто сакам и да слушнам, се разбира да е искрено :baeh:
 
Не го кажувам којзнае колку често,а и кога го кажувам сигурно е дека го мислам.
Некогаш само за зафрканции го користам,но потоа си кажувам што како било.Не оставам никого во заблуда.:)
 
Сакам да ги слушам тие зборови.. особено кога ќе го чујам тоа од луѓето кои многу ми значат :pipi: го применувам тоа и јас.. но онаму кадешто мислам дека јас чувствувам дека треба да кажам :smir:
 
Неам потреба да кажам Те Сакам од само една едноставна причина што не ми менува ништо ако го слушнам тоа "те сакам". А ако она ми каже секако дека ќе добие одговор. Не сум кретен за да не и кажам ништо пошо сфаќам колку е тешко да се каже "те сакам".:kesa:
 
иако некои велат дека вистинската њубов се докажува со дела не со зборови, сепак да признаеме дека понекогаш сите имаме потреба да ги слушнеме тие два збора, можеби кога сме емоционално послаби или растревожени од било што...сеедно, добро е само во тој момент да има некој до нас што ќе знае дека тоа е она што ни е потрбно:back:
 
убаво е чувството и кога ке кажеш некому те сакам (но не да го правиме тоа ради реда) и кога некој ќе ти каже те сакам!Дефинитивно не исполнува да не се лажеме,ни дава живот и сите сакаме да го слушнеме тоа и патем да го почувствуваме!
Се случува да кажам те сакам и во последно време тоа беше зачестено, да! Меѓутоа овие два дена нема шанси на никому да проговорам такво нешто...тотална револтираност...
 
Постојано нема потреба.Доволно е од време на време да каже за знам дека вистина ме сака.
 
Не обожавам да ми го викаат она лажно " Те сакам " .. бидејќи секогаш кога ке ми го кажат тоа знам дека им теба нешто.. услуга или сл. Нe верувам на тоа мн.често слушано " Те сакам " .. не можеш секојј втор да го сакаш највеќе.. тоа им е веќе како Добарден на луѓево.. :icon_neut:icon_neut Освен моиве.. знам дека никојј др. не ме сака искрено .
Сурово ама реално !!
 
Нетреба често да се кажува дека некого сакаш
туку треба често дасе покажува дека некого сакаш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom