Потрагата по нашите 5 минути?

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
Многу сакам да слушам музика на телефон пред спиење. И никогаш не слушам музика на телефон преку ден (зборам, ако сум дома). Некако во темницата и во тишината, песните ми звучат поинаку :pos:

Јас си слушам музика по цел ден ..., а инаку баш се пронајдов во ова многу е поинакво чуството кога слушаш музика пред спиење сам во темницата;)
Ми се случило дури по 2-3 часа да слушам музика пред спиење пред да заспијам.
Добро е што не сум единствен :pos:
 
Ноќ повеќе ми одговара некако ... (19ч - 06ч)
 
у последно време ноќта ми е ден денот ми е ноќ и баш како шо е пишано у првиот пост. легнувам на изгрејсонце станувам на зајдисонце - денеска се забораив со дипломскава па еве 8 саат ме фати. П.С незнам зашо ама навечер накај 2 3 4 пред компјутер ке си напраам едно ајскафе 3 у 1 цигара ке си запалам и едноставно уживам !!!
 
Јас најубаво си се чувствувам од кај 22 до кај 3. После ми е чудно некако. Знам дека би требало да спијам, а не ми се спие.
 
Некако најрасположен за муабет се осеќам најчесто кога не сум спиен, поточно она време кога ти се спие ти се плаче, ама имаш нешто поинтересно да правиш (најчесто заглавувам за муабети на chat) ... Не знам зошто и не знам дали е до мене, ама сум правел муабет со другари истото важи и за нив. Не знам озбилно, ама се ми иде од рака, и знам што и да кажам и да одговорам во даден момент во муабет, посреќен сум, со поише смисла за хумор, па дури и кантер кога играм во тој период секогаш ми иде :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom