Постои, се разбира, тоа е Силата:
...чинам насекаде празни погледни, лица корави,
смуртени, талкаат наоколу, трагаат постојано
по сопствените патишта, загубени, некаде
ја бараат, а не знаат дека само внатре, во својата убавина
мораат да видат, а не сакаат, се плашат од црните петна,
од клетите дела, и како злодуси постојано пекаат
друг да им ја изнајде, поврати, загубената добрина
и таа бескрајна, како небото широка, само ако знаат и умеат,
нивна, човечка судба и несреќна болка,
како в темнила пропадната, клетија и без светија,
призраци на пеколната небиднина, в чистилиште
на патот неоден и недоодлив, грешната и
горчила полна, душата нивна бесмртна....
Courtesy of Garfield