Ефектот наречен ’’душа’’!
Фоткава ја преземам од ’’Астрална проекција’’ за да ви ги доближам моите размислувања за тоа што е душата.
Значи, постоење на душата како таква која ние ја познаваме, надвор од телото-нема. Душата е творевина на хемиските и физичките процеси во телото, материјата. Постоење на душа без тело и тело без енергија (душа), не е возможно. Материјата е создадена со компресирање на енергијата. Тоа е факт кој е научно потврден од физичарите и астрономите.
Е сега, во телото, создадено такво какво што е (тема за еволуција на организмите и човекот, не за тука), се одигруваат огромен број на физичко-хемиски процеси. Како резултат на нив, мозокот испраќа огромен број на електронски импулси низ целото тело, со цел давање на нредби за движења, мислења... Е, токму тоа движење на електо-импулсите низ нашето тело, предизвикува создавање на чувството дека во нас има нешто друго, кое го чувствуваме, а е невидливо. Тоа, всушност, е душата, духот. Кога телото ќе умре, во него повеќе не се одигруваат никакви хемиско-физички процеси, што значи нема течење на електронски импулси, и душата престанува да постои.
Сепак, мислам дека одговорни за создавањето на
ефектот душа се некои честици поситни од електроните, нешто како фотоните кај светлината, кои истовремено се и материјални честици, и бранови (енергија без маса, илимаса блиска на 0).
Ако некого разочарав од фактот дека нема да живее задгробен, друг живот, ич да не се секира, во наредниот пост ќе пишам зошто мислам дека има друг, трет живот, преку истиве факти кои ги кажав сега.
Здраво.:mist: