Постари или помлади партнери?

Постари отсекогаш попривлечни ми биле, ваљда пошто делуваат поискусно и не се понашаат ко дечишта (барем повеќето) али некогаш годините и не се мерило за зрелост.
 
И постари и помлади оти да не и тие и тие ми се океј
 
Никако -
малку постара од мене.
Ти имаш16 години и прерано ти е за партнерка а камо ли за постара
Дружи се исклучиво со твои врсници
 
Постари. Не можам да се најдам во муабет со помлади, мислам дека и многу би ни се разликувале гледиштата за некои работи, барем во овие години.
 
Годините не се пресудни.
Некој може да созрее рано, некој никогаш...
Сум имала партнер исто годиште , многу зрел , потоа повозрасен -тиква недозреана.
Така да, годините се само бројка.
 
Ај битнo некa се брoјaт. Зa нaредните прoбaј зaпoзнaј ги првo. (y)
За твоја жал не се бројат. Можда како лица со кои сум имала дружба, да.
Го запознаваш човек ок, повозрасен, демек поизживеан, фин, културен, "паметен" , вработен - дечко на место . Е арно ама после некое време , кога нема да му дадеш она што го сака, ќе му ја мериш паметта и созреаноста за негови години.
Такви тиквари веќе од километар ги познавам. Да, на 30 со памет како пубертетлија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom