Post rock/post punk

  • Креатор на темата Креатор на темата Erich Zann
  • Време на започнување Време на започнување
Никогаш не ги засакав ни едниот ни другиот правец. Прво затоа што ми се лејм и геј. Второ затоа што се многу преценети, за разлика од прогресивот кој е многу потценет. И трето затоа што сите соросоиди, Ла Кањери, и остали гомнари се палат на тоа па и од тоа ми е допоплнително згадено да ги слушам. Не знам што носи иднината, но не сум голем некој оптимист.
Абе батали ги лајнарите од Ла Кања, јас имам некој дел од нив на фб и шибаат некаква музика која ја воздигнуваат на ниво на мерило за памет, но најјакото е кога ќе се обидат да сконтаат некој ,,интелектуален статус" со 50 лајка, кој нема ни П од паметно.
Инаку пак не знам оти мислиш дека прогресивот е потценет? Во моево опркужување од луѓе, си стои на добро високо место, недостижно да речиме. Музикава поточно пост рокот ми е најдобар за опуштање. Хармонијата која ја тргаат, влечи корени од класичната музика , само видоизменета. Би ја нарекол јас како еден вид на поинаква филмска музика. Онака преку потслушнување од се по нешто, се формира и полесно мислење. Јас лично никогаш музиката не сум ја врзувал со луѓе(освен хард рокот и тоа hair движење, бидејќи имиџот и носењето на ѕвездите ме нервира) што можи да се речи истото и за пост панкот каде реално има малку повеќе филовање на надворешниот изглед. Онака седнувам, преслушувам и така некако во зависност од потребите и моментите. Ако сум уморен, отепан или читкам нешто, слушам пост рок кој си јачи онака тивко, без да ми зема некое внимание, ако имам вишок енергија си пуштам постар прогресив и исфрлам енергија преку тоа гитариштата и добрите солажи, некни дури и Лана Дел Реј сум слушал, ми се виде интересна во една песна која случајно ја начекав и реков дај да проверам шо катара песни има.
Пример моментално читам досадна материја за полагање и си свирка во позадина нештово, онака тивко, приспивно без да ми привлекува некаков интерес, а сепак да свири.
 
Музикава поточно пост рокот ми е најдобар за опуштање. Хармонијата која ја тргаат, влечи корени од класичната музика , само видоизменета.
Прв пат од тебе го слушам ова за пост рокот. И јас, а и повеќето со кои сум разговарал, прогресивот го сметам/сметаат за модерен еквивалент на класиката.

Незнам, може да си во право... Сепак долгите сола во прогресивот далеку повеќе наликуваат на класиката. Еве на пример Dream Theater и легендарниот Octavarium албум.
 
Прв пат од тебе го слушам ова за пост рокот. И јас, а и повеќето со кои сум разговарал, прогресивот го сметам/сметаат за модерен еквивалент на класиката.

Незнам, може да си во право... Сепак долгите сола во прогресивот далеку повеќе наликуваат на класиката. Еве на пример Dream Theater и легендарниот Octavarium албум.
http://www.urbandictionary.com/define.php?term=post rock
Eве ѕирни ги дефинициите. И овој линк онака накратко http://www.hallvardurasgeirsson.com/essays/minimalism-and-post-rock
Јас имам другарче кое заврши академија во Бугарија и растура гитара. Строго е зацапано во постари бендови, максимум до 80та година, од оние сложените прогресивци. За полагање вика ти даваат ливче со 5 песни и си ги учиш, таму ги најдуваш Малмстин, Анџело Батио, Веј и некои слични техничари. Па слушавме пост рок еден ден и вика, абе види ова има ептен допирна точка со класикава, особено оваа поновата ако можи така да се наречи која има и елементи на минимализам (пример Аrvo Part и слични композитори од1900та наваму). Го има тоа движење, само поедноставено со изразен дилеј во позадина.
И за прогресивот си во право, тоа не е спорно само што прогресивот акцентот го става да речиме по мое во силните, гласните делови од композициите, а ова во тие потивките кои ги навестуваат гласните.
 
На универзитетското радио УКЛО, оди моментално пост панк 70ти, 80ти. До 23 часот. Ако некој сака нека слуша, лесно денсерско музиче.
 
Ептен фин, понов, лесен за слушање и мелодичен пост панк
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom