Пост на кој сте се изнасмеале

Може го имало али сега го прочитав, кома центар е цел пост:pos:

Порано бев многу романтичен,и секогаш кога сакав да останам впечаток на некоја девојка и велев:Единствено што твоите очи не ми го кажаа е твоето име.Сега више нема романтика и идам на девојка на шанк и ја заебавам,целовреме ја смеам.Наинтересно ми беше кога,еден другар ја направи мојата финта.Зема отиде на шанк,и рече девојче може да те почастам една пијачка.Ја фати за рака,и рекол верувај во мене и ја однел во ВЦ.И рекол па нели сакаше пијачка еве ти пијачка вода.Ем освежува ем бесплатна.И еве сега се дечко и девојка.Исто така идам на журка,се запознавам со една девојка и она ми се прави неосвоилива кој знае која девојка сум јас.Татина маза била разгалена.И велам ти не можеш да си играш со мене.Ова ми вели што ти е на тебе..И велиш ти девојче не може со мене да играш!Она ќе изреагира нешто што ти е на тебе филмот.Ти ќе и речеш епа знам дека сите машки паѓаат на јас сум убава и можам сите машки овде да ги имам.Пауза.Но сепак јас гледам една страна од тебе која ниедно машко овде не ја видел и не ја запознал во тебе.Може си ладна однадвор,но внатре си слатка и неодолива како мало девојче.Ова ке ја стопи било која девојка што се прави недостаплива или недопирлива.Гарантирам.Пробано и докажано:)
 
^ Остај, цела тема е со вакви постови од него, пукнав смеејќи се прееска. :pos:

И некој го цитирал Стефчо... :pos:
Аууу брат па ти си живи патетики бе

#edit
Колку повеќе читам постови од тебе толку повеќе сакам да се самоубијам.
Во кој свет живееш хелооу ? Фифи и малите цветчичи ? Госип Грл ? Па уште си направил јутуб канал и даваш љубовни совети.

#edit2
Еве баш идам сеа со една покварена, и нешо глеам по муабетиве нешо кревет, нешо секс, нешо ми врти ваму таму… а бе не пијам ја нафта бе. Знаеш шо и праам? Четири месеца ја шетам, ја частам, и не ја пипам. Маста и ја извадив

Не и давал, маста и ја извадил. :pos::pos:
 
Не знам дали и оваа случка што ми се случи пред смртта на Тоше се важи.

Во моментот Иван имаше сеанса со некој пациент, но иако ненајавени како вистински професионалец ни рече да почекаме во салонот во кој свиреше тивка музика.
Во салонот имаше обесено слика од Тоше од албумот Синот Божји и одма до него календар од Пирели кој јас љубопитно го разгледував месецот Октомври иако сопругата дискретно ми довикуваше да седнам и да не се глупирам.
Јас дури по смртта на Тоше и по спирутиалното искуство што го доживеав можам да поврзам дека некоја необична енергија од постерот ми инсуинираше ете токму да се фокусирам на календарот за Октомври, а тоа е токму месецот како сите знаете е кога нашиот Тоше трагично загина (шмрц).


Инаку ако се пушти на винил обратно песната "Излажи ме уште еднаш" од албумот "Синот Божји" во неа се крие сублиминална порака за повик да се излегува на избори.

:pos:

Особено болдот :pos:
 
Недостатокот на научни докази ниту научни тврдења дека одредена активност предизвикува одреден билошки ефект е доказ дека не постои таков ефект. Кревањето тегови е широко распространета активност веќе долго време - доколку предизвикуваше намалување на висината, науката досега тоа ќе го утврдеше.
Ооооо тугоооо...:facepalm:

:icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Дали блаженството Стефан, тоа што се вози по луксузни автомобили, има 150 кила (отприлика), пие скапи пијалоци, секогаш е насмеан и задоволен, го прави неверник? Зашто сега многу тажни луѓе висат надвор по контењери, питаат по плоштадите со цел да соберат доволно средства за преживување. Нели христијанството се залага верниците да сочувствуваат и да го делат тоа што го имаат со сиромашните?(бар мене моите така ме учеле) Нели едно црковно лице како блаженството Стефан може од своите 150 кг да одели, и да му даде на некој што има недостаток на тежина? Нели може и он да иде пешки, како што можат и многу други? Или, факт е дека тој е неверник а сепак треба да му оддаваме почит со господин господин или блаженство?

Не знам дали е во ред да се смеам, ама.... :pos:
 
Значи, да резимираме.
Мафија создадена од српски и хрватски естрадни фаци ковала заговор и го убила Тоше кој претходно знаел за заверата и единствена мерка што ја презел било пеење песни кај што суптилно најавува дека некој ќе го убие.

Хахахахахаахаххаха цар цар цар
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom