Последниот крик на Централниот регистар

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
не се занесувај, да ја читаат економија овде....до сеа ќе излезевме од глибот барем до појас, а не уште да тонеме.... мојон пријател од Џепчиште кој работи во Швица...уплав го фатило денес на пазар у Тетово :)
.............хе, хе ова со ујп сали за митинзи, авантуристички сафари со цели плати, е-маил адреси, мрачни фаци по шалтери и слично, веќе станува фолклор....кај и да е ќе почне некој да организира туристички тури по Европа со пакетот за ДО ПЕКОЛОТ И НАЗАД!!!!.....дечињата ќе ги плашат со...:биди мирен, немој да те пратам у Македонија.... :)

:pos: :pos:
Кај ти текна оваа,ме пресмеа! Јас и моите така ќе ги плашам: Биди мирен да не те пратам пред шалтер во администрација :))
 
Уживам кога чекам ред на шалтер.
 
:pos: :pos:
Кај ти текна оваа,ме пресмеа! Јас и моите така ќе ги плашам: Биди мирен да не те пратам пред шалтер во администрација :))

Баба Рога ќе стане стара фора ко што тргнало..:)
Ама дај ви се молам сега ќе можело негативно да го бодуваш административецот ако не ти заврши работа на шалтер.
Што би рекол Тошо Малерот цитирам: Што се тресе во ладна вода?

--- надополнето ---

Уживам кога чекам ред на шалтер.

Буцио, после психолошко испитување на твојов пост доаѓам до констатација дека си мазохист :icon_lol:
 
Оттаму информираат дека пријавата на имејл-адресите се врши со пополнување едноставен образец и додаваат дека до 1 април пријавувањето е бесплатно, а дека подоцна ќе чини 500 денари.
Опасна работа со париве. Не е 500 него 1600

ТЕПАЧКА ВО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР
Од 1 април 1.603 денари за упис на и-мејл
Пријавите се бесплатни до 1 април, а после овој термин Централниот регистар за оваа услуга ќе наплаќа по 1.603 денари. Новата обврската, која произлегува од измените на Законот за едношалтерски систем, се однесува за околу 100.000 регистрирани субјекти.
јако, ми ја срушија пресметката со 500 илјади евра.


Два милиони евра ќар

Ако вкупната бројка на субјекти кои треба да поднесат барање за запишување на и-мејл адреса, според Централниот регистар, е околу 100.000, а за една недела уште 15.000 успеат да поднесат барање, по истекот на рокот за бесплатно пријавување ќе останат уште околу 80.000 субјекти кои ќе треба да платат по 1.603 денари.
Или Централниот регистар ќе собере околу два милиона евра од субјектите што ќе задоцнат да пријават и-мејл адреса.
 
Ја мислам дека дечково што ја постави овде темава ќе го ловат. Им помати сметки. Требаше никој да не дознае за ова, и речиси сите да дадат по 1600 денари.
 
Убаво пресметале. За избори им требаат 5 милиони,денес Ставрески си повлече од ММФ неколку милиончиња,ние овците ќе дадеме две и ете им чиста сметка.Авторот на темава нека си бара ново место за живеење :icon_lol:
 
Немаме мака.
Сфинктерот наш се шири бескрајно, шо и да ни потпикнат ќе пенетрира, без или со лубрикант.
Не сме ние ко таму некојси арапи,грци,мексиканци,црнци...
Ние сме фини дечки и девојки...
 
Јас дури синоќа видов, итоа случајно. Да не видев ќе беше повесело... Никако не можам да сфатам зошто е потребен меил за ДООЕЛ фирма.
Треба буквално за сите правни субјекти запишани во централен, а тоа што е ДООЕЛ нема никаква врска. ДООЕЛ може и тоа како да порасне во „тешка“ по капитал компанија.

незнам што фирма имаш, и колку вработени имаш али тешко на вработените со тебе на чело, како што си играте со нив така и државата со вас си игра,
И немој тоа не сте знаеле дека емаил не требало пошто другарми во петокот му кажале дека емаил ке му треба за неговата фирма..
Да, по измените во законот, променета е и процедурата за регистрација, затоа имаат полно право да мрчат.

Убаво пресметале. За избори им требаат 5 милиони,денес Ставрески си повлече од ММФ неколку милиончиња,ние овците ќе дадеме две и ете им чиста сметка.Авторот на темава нека си бара ново место за живеење :icon_lol:
Последно објавено на нивен сајт е дека се продолжува рокот и дека и после 1-ви ќе биде бесплатно ... не мора да се сели, пошто толку пари повлечени од игра хммм ќе го најдат каде и да оди :)

Според направените измени по меил ќе се испраќаат писмена и други информации (решенија и сл.). Верувам дека секој тип на официјално известување или допис кој може да предизвика правни последици нема да се смета за официјално доставен на овој начин, или пак ако се обидат ќе ги бутне мајорот на уставен. За такви случаи се знае, пошта рулз. А како дополнително известување и побрз начин на добивање на информации пеким, и така спамери има многу, за еден повеќе не е страшно.
 
Убаво пресметале. За избори им требаат 5 милиони,денес Ставрески си повлече од ММФ неколку милиончиња,ние овците ќе дадеме две и ете им чиста сметка.Авторот на темава нека си бара ново место за живеење :icon_lol:

..неколку???? од кога 220 милиона се НЕКОЛКУ..???:)
 
Од тебе зависи дали сакаш да ја држиш фирмата или не... ако не ти годи... ликвидирај ја фирмата.... а 500 еднократно се дават...
патем.. кога почна веќе... наведи ги тие глупи закони, и давачки за кои збориш....
Ако не ни годи да дојдеме кај тебе да не храниш? Ако прифаќаш, утре ликвидирам!

Плукате по се и сешто.
Да бевте во Геманија или Америка да видам дали и таму вака ќе се просеравате.
Секако дека не, ама знаеш зошто? Затоа што таму државата за сите е мајка.:toe:

Имаме среќа, уште 9 дена (7-8 работни) беспари да регистрираме емаил. Се што треба е да пополниме 5 страни и да фатиме ред во централен. (бензин до централен - 2 литри по 81 денар, пола ден изгубен на шалтер, 5 лисја хартија и малце тонер). Абе закон ни е државичката, како се грижи за нас да немора да плаќаме беспотребно. Од друга страна, ако ни овозможеа онлајн да си го вметнеме емаилот (2-3 реда код за веб мастерот нивни) ќе немаше потреба од горенаведените работи, секој ќе си ја завршеше навремено обврската и немаше потреба 20-те теткици кои седат во една канцеларија да ги мачиме непотребно со нервози, и да мора сите емаил адреси да ги штракаат пак. Ама тоа е. Уште да ни побараа потврда од суд дека против таа емаил адреса нема покренато постапка, или од марнет дека таков домејн е регистиран :)
Јас па имам среќа од таа гледна точна. Од пред некое време имаме централен регистар и во Струга. Пред тоа за секое глупаво ливче мораше да одам до Охрид. Туку со теткициве е проблем. До вчера не знам што работеле, па сега за што и да одиш таму, дополнително се нервозни и изгубени. Па како нема да се... последниот пат кога бев, префрлаа некакви податоци од дискети, дека дури сега имале можност за тоа. Заостанати се со времево, а сега па и вакви гужви да трпат? О тешко нив, на поголеми маки се ставени од нас.
А за овој нов закон мене ми јавија сметководителките од понеделникот и не се изненадив. Секој ден нешто ново ми кажуваат, па ќе ми е шубе ако некогаш промашат.:toe:
 
Што па толку се жалите...од се се жалите. А кога идете на одмор 1600 ви е едно седнување?

Глејте на посветлата страна. Добиваш известување за нови одлуки, измени на постоечките, не мора да читаш службен весник...ја би го поздравил овој чекор. Мал за секој од вас,...
 
Што па толку се жалите...од се се жалите. А кога идете на одмор 1600 ви е едно седнување?

Глејте на посветлата страна. Добиваш известување за нови одлуки, измени на постоечките, не мора да читаш службен весник...ја би го поздравил овој чекор. Мал за секој од вас,...

Како го кажа ова како само ова да ни е давачка или обврска.Немаме ние друга работа па цел ден по шалтери ќе висиме за било што. Ние не сме како вас со скапоцено крзно :)
Ние ја раниме администрација и имаме право да мрчиме и да се буниме.

--- надополнето ---

..неколку???? од кога 220 милиона се НЕКОЛКУ..???:)

Од кога овие дојдоа на власт,се е неколку,ништо не е многу :) Во стилот:Де бе вие за 220 милиони ли се буните...
 
Знам знам Леандра, има...поштарина, фирмарина, дрварина, само изигравам позиција (или ваша опозиција :) )...имате навистина огромен број не само давачки туку и процедури на кои треба да внимавате, рокови... Знам дека секоја ваква новина ви ствара дополнителни трошоци и напори, знам како што граѓаните опстојуваат во нови и нови давачки, во сивило, вие тој напор го правите и како деловни субјекти, пола ужо семејство ми е у приватен бизнис, ама...

Ама сите сте против. Нема муабет ако сите се едногласно за или против, мора некој баланс. Камо го Цитро?

Што се однесува до админ. не ми спомињај...што се дешава посебно со постарите кои не лепеле плакати и не бришат чевли, амејзинг. Човек само да посака да му се дешаваат такви ствари
 
Неможе некој на темава да биде ЗА,освен ако уште го ранат мама и тато. Сега поднесувавме годишни сметки,требаше да не информираат да допишеме мејл. Или немаат друга работа,па ќе не трчкаат по улици,клошари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom