Forrest Gump
низа1
- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 7.038
- Поени од реакции
- 29.619
Гледав една епизода од Оз. Имаше една дилема, дилема за животот , за смртта...
" Се прашувам нешто...?
Од кога човек ќе се роди па се додека да умре, колку зборови ќе изговори. Мислам ние збориме и збориме, ја полниме озонската обвивка, потајно надевајќи се дека низ целата таа приказна ќе кажеме нешто вредно за паметење.
Длабоко во себе ја знаеме вистината. Повеќето од тоа што го збориме е ѓубре.
Кога некој умира, паметиме што е последно рекол, со надеж дека ќе најдеме некоја поука, длабока вистина на која, ние над земјата можеме да се потпреме.
Писателот Даниел Дефо " Не знам што е потешко да живееш добро или дa умреш добро "
Во 1955 година Џејмс Дин му рекол на својот другар " Моите денови на забава поминаа ". Еден час подоцна, се слупа со колата и загина. Самоисполнување на пророштвото или само малер?
" Сакам да се вратам во својот стар дом пред да умрам. Го прашав својот Голем Бел Tатко да ми допушти да се вратам, он ме одби..." - Џеронимо.
Можеби, она што ќе се каже на крај е помалку важно од тоа што ќе се каже за нас.
Кога ќе умрете која е најубавата ствар која некој ќе ја каже за вас? Која е најлошата? Некаде меѓу тоа се наоѓате навистина вие. Или можеби зборовите не се доволни да дефинираат нечиј живот. Можеби само нечии постапки можат ... ? "
Дали зборовите или постапките те прават човек? Последни зборови кои ги паметите мејби од целебрити ? Потребата да се каже нешо мудро на крај... Имате размислувано за вакво нешто...? Што ќе кажат луѓето по вас...? По што паметите некои луѓе по постапките или зборовите...? Што мислите по што вас ќе ве паметат? Навалејте...