Последни зборови

  • Креатор на темата Креатор на темата Forrest Gump
  • Време на започнување Време на започнување

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.619
Гледав една епизода од Оз. Имаше една дилема, дилема за животот , за смртта...

" Се прашувам нешто...?

Од кога човек ќе се роди па се додека да умре, колку зборови ќе изговори. Мислам ние збориме и збориме, ја полниме озонската обвивка, потајно надевајќи се дека низ целата таа приказна ќе кажеме нешто вредно за паметење.
Длабоко во себе ја знаеме вистината. Повеќето од тоа што го збориме е ѓубре.

Кога некој умира, паметиме што е последно рекол, со надеж дека ќе најдеме некоја поука, длабока вистина на која, ние над земјата можеме да се потпреме.

Писателот Даниел Дефо " Не знам што е потешко да живееш добро или дa умреш добро "

Во 1955 година Џејмс Дин му рекол на својот другар " Моите денови на забава поминаа ". Еден час подоцна, се слупа со колата и загина. Самоисполнување на пророштвото или само малер?

" Сакам да се вратам во својот стар дом пред да умрам. Го прашав својот Голем Бел Tатко да ми допушти да се вратам, он ме одби..." - Џеронимо.

Можеби, она што ќе се каже на крај е помалку важно од тоа што ќе се каже за нас.

Кога ќе умрете која е најубавата ствар која некој ќе ја каже за вас? Која е најлошата? Некаде меѓу тоа се наоѓате навистина вие. Или можеби зборовите не се доволни да дефинираат нечиј живот. Можеби само нечии постапки можат ... ? "

Дали зборовите или постапките те прават човек? Последни зборови кои ги паметите мејби од целебрити ? Потребата да се каже нешо мудро на крај... Имате размислувано за вакво нешто...? Што ќе кажат луѓето по вас...? По што паметите некои луѓе по постапките или зборовите...? Што мислите по што вас ќе ве паметат? Навалејте...


 
Не ми е важно што ќе кажат луѓето по мене, важно ми е што кажуваат сега дур сум жив. Целта во животот ми е да бидам среќен и се трудам да ги правам работите што ме прават среќни па и крајот на животот би сакал да го дочекам среќен. Моите последни зборови (доколку би имал шанса за да ги кажам освен ако не погинам на место ВО некоја несреќа) би биле нешто ВО смисла „одам луѓе, ќе ми недостасувате и се гледаме ВО друга димензија!“.
 
се најубаво се збори за кој и да умре.. не ме интересира што ќе речат луѓето. воопшто.
туку дали јас ќе бидам задоволен од себеси со тоа што сум го постигнал.
е сега финтата е ако сум лош и ме памтат по лошо добро е барем што моите нема толку да ме жалат.
не се плашам толку од смртта колку што се плашам како би реагирале моите..братми на тоа.. е тоа навистина би ме убило.
инаку.. за 200 години никој нема да знае ни дека сум постоел..
 
се најубаво се збори за кој и да умре.. не ме интересира што ќе речат луѓето. воопшто.
туку дали јас ќе бидам задоволен од себеси со тоа што сум го постигнал.
е сега финтата е ако сум лош и ме памтат по лошо добро е барем што моите нема толку да ме жалат.
не се плашам толку од смртта колку што се плашам како би реагирале моите..братми на тоа.. е тоа навистина би ме убило.
инаку.. за 200 години никој нема да знае ни дека сум постоел..

Другар, јас се извинувам што ситничарам ама овде имаш еден парадокс. Ти си мртов и тебе би те убила реакцијата на брат ти...Јас не сфаќам нешто или...? Не мораш да ми одговориш, знам дека можеби и претерувам...што да правам, таков сум.

Онтопик: Кога ќе умреш тогаш повеќето од тие што те знаеле ќе „жалат“ и ќе бидат твои најдобри другари. Ќе кажуваат твои реченици, ќе раскажуваат за некои твои постапки и сл...хмм...некои 3-4 дена. После тоа останува сеќавањето за тебе само кај оние на кои вистински си им значел и вистински те сакале и почитувале. Тие ќе го слават твоето дело што си го створил додека си бил жив. Пред некој ден една...ај да ја речам другарка (зашто ни сам не знам што ми е) ми рече „Ако ти умреш, јас ќе се самоубијам зашто животот без тебе е пекол.“ Искрено, после ова не можев да спијам и цела вечер размислував. Што е послатко, да живееш живот во кој повеќето од тие што ги знаеш ќе те идолизираат и ќе сакаат да поседуваат некоја твоја особина, да се восхитуваат на секое твое дело, да те сакаат и сите останати ствари...или да умреш некаде сам и без никој да те познава и да се восхитува на тебе, без никој кој сака да бидеш жив, никој да сака си го одземе животот поради тоа што тебе те нема...? Искрено не знам.
 
За неколку години, кога ќе умрам веројатно најчеста реченица ќе биде "добар беше, добро го снајде".
А веројатно мои последни зборови ќе бидат некоја nerd референца.
 
Последни зборови-Цел живот ви ломотев и немавте дерман од мене, сега решив да молчам.

Ќе речат-.....................................................................................(ако шета духов мој на Земја после смртта, ќе се обидам да испратам порака за тоа што ќе речат, веројатно - Не гледа од негде сеа)
 
Пред некој ден една...ај да ја речам другарка (зашто ни сам не знам што ми е) ми рече „Ако ти умреш, јас ќе се самоубијам зашто животот без тебе е пекол.“ Искрено, после ова не можев да спијам и цела вечер размислував. Што е послатко, да живееш живот во кој повеќето од тие што ги знаеш ќе те идолизираат и ќе сакаат да поседуваат некоја твоја особина, да се восхитуваат на секое твое дело, да те сакаат и сите останати ствари...или да умреш некаде сам и без никој да те познава и да се восхитува на тебе, без никој кој сака да бидеш жив, никој да сака си го одземе животот поради тоа што тебе те нема...? Искрено не знам.


Sussaro ќе ти објасни...
 
''Noli timere.'' - Seamus Heaney
Славен ирски поет, кратко пред да умре, последните зборови што ги пишал на неговата жена биле токму овие погоре - или - do not be afraid.
Обожавам да читам кој писател, поет, мислител што кажал последно. И секогаш размислувам колку мудро било тоа што го кажал.
Се надевам мудрости ќе кажувам (пишувам) додека сум жива, постхумно сакам само признание за дело на годината да добијам :D
Ако умрам утре, мал број луѓе ќе знаат која сум навистина и каква сум. За сите останати ќе останам однесена од ветрот, без грижи и мозок.
А ако умрам другпат, можеби нешто ќе се смени.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom