Во право си дека пензионерите секаде имаат поволности, но проблемот во МК е што бесплатните работи не се користат рационално. Имаш бесплатен појадок на мост - полнат торби, имаш неограничен интернет - симнуваат по 100гига дневно, дават пенкала на митинг - грабат по 10... синкир писатели се. На немаштија е навикнат народот и кога има прилика луѓето мислат одма на правење резерви. Од тука иде и проблемот со бесплатниот превоз, според она што го читам на темава. Едноставно тогаш старите мислат дека мора да се искористи инаку пропаѓа, и се однесуваат нерационално. Според мене, има три решенија:
1. Да плаќаат и пензионерите, ама малку поефтино. Или еве 50% поефтино.
2. Да не плаќаат АМА само во одреден термин во денот + викенд. Да речиме 10-14 да им е беспари, кога нема гужва.
3. Да не плаќаат воопшто, секој ден да е беспари. Ова со надеж дека би се растеретиле вторник и петок.