Поскапуваат автобуските билети на ЈСП

  • Креатор на темата Креатор на темата edinchez
  • Време на започнување Време на започнување
Чекај бе малце...плаќаш месечна слободна, а не ти важи за ноќни линии/приградски превоз...? o_O
Не сум влегол скоро 2 години во автобус, ама во секоја нормална држава јавниот превоз е достапен за сите и има опции каде карти со симболична цена (за нив во европа) важи за цел јавен превоз. Па мислев накај европа одиме, а не накај геријатрија, јебо вас старски к*р.
Месечната студентска карта служи за превоз на студентите до и од факултет како и за задоволување на други потреби за певоз во текот на еден учебен ден. За ноќно шетање и акање по кафани во викенд или сеедно работни денови сакаш државата да ти дотира месечен билет?
 
И ќе стигнат на работа.... никад. :)
Ќе стигнат и тоа побрзо одколку со бус :D.
Еве пример,со едни другари од школо требаше да идеме на ватерполо(МКД-Франција) бидејки живеат накај селата(булачани...)одеа со воз.Стигнаа пред нас и поевтино си поминаа...

Така да воз рулз :LOL:
 
Хахаха.. да видам да не верувам. Додуша возовите немаат семафори, така да... ништо чудно. :)

пс:

Пукаат шофершајбните на украинските авотбуси (авотбуси !? неписмени новинари)

Возачи на ЈСП сведочат дека најмалку триесеттина од новите возила сообраќаат со пукнати стакла.

Дел од новите украински автобуси превезуват патници со искршени шофершајбни. Така барем велат неколку возачи на ЈСП што секојдневно транспортираат граѓани низ централното градско подрачје. Потенцираат дека има најмалку триесеттина автобуси со испукани предни стакла. Тоа им создава проблеми на возачите, бидејќи немаат точен преглед на улиците, а со тоа се оневозможува нормалното и непречено одвивање на сообраќајот.

„Многу лесно се кршат шофершајбните на новите украински автобуси.

Дел од нив така и беа донесени во Македонија, а другите се испокршија по улиците, а особено при нивното миење. Пука стаклото од силните млазеви вода во пералните. Мора постојано да се менуваат, а додека се стават нови, ние се мачиме додека возиме, бидејќи се намалува прегледноста. Па, возиме побавно, доцниме, граѓаните се нервозни, се создава и шпиц по улиците. Се' си влече... А, за смената на стаклата требаат пари“, вели еден возач од ЈСП, што не сакаше да го каже името.

извор: утрински
 
Оваа вест само дополнително ми го зголемува револтот кон ЈСП. Па добро бре, дали се они нормални!? Пензионерите ко лешинари се возат мувте, а јас ќе им плаќам за тоа? Плус, зошто во таа нова цена за слободните карти не ги вклучат и ноќните линии? НАмерно е ова направено... Прво град Скопје ги крена цените за такси до небо, а сега (зошто нели принуден си да се возиш со бус), ти ја поскапува и картата... Тоа се треба да се запали бре.... :mad:
Пензионерите не се возат бесплатно, им одбиваат од пензијата НА СИТЕ, не на тие што се возат само !!!
 
И што се криви пензионерите? Во сите нормални земји (иако сме ние сеуште на пат) пензионерите имаат големи поволности при месечна карта а со нашите пензии баш супер дека не плаќаат, ко да немате сите баба и дедо.

Картите коа никој не се буни ќе се поскапат, не се возите 2 недели со автобус или идете само со приватен ќе мора да ги симнат ама пошо сите ќе зборат а нема никој да спроведе ќе си остане стаус кво.

За зборење сме први за акција последни.
 
И што се криви пензионерите? Во сите нормални земји (иако сме ние сеуште на пат) пензионерите имаат големи поволности при месечна карта а со нашите пензии баш супер дека не плаќаат, ко да немате сите баба и дедо.

Во право си дека пензионерите секаде имаат поволности, но проблемот во МК е што бесплатните работи не се користат рационално. Имаш бесплатен појадок на мост - полнат торби, имаш неограничен интернет - симнуваат по 100гига дневно, дават пенкала на митинг - грабат по 10... синкир писатели се. На немаштија е навикнат народот и кога има прилика луѓето мислат одма на правење резерви. Од тука иде и проблемот со бесплатниот превоз, според она што го читам на темава. Едноставно тогаш старите мислат дека мора да се искористи инаку пропаѓа, и се однесуваат нерационално. Според мене, има три решенија:

1. Да плаќаат и пензионерите, ама малку поефтино. Или еве 50% поефтино.
2. Да не плаќаат АМА само во одреден термин во денот + викенд. Да речиме 10-14 да им е беспари, кога нема гужва.
3. Да не плаќаат воопшто, секој ден да е беспари. Ова со надеж дека би се растеретиле вторник и петок.
 
Јас сум воошто да не плаќаат со вакви пензии, кој има добра пензија иде со кола или такси, се знае кои пензионери идат со автобус. Твоето решение удира не на коњот него на самарот.

Да имаат луѓево пензии по 800 евра како во ЕУ никој немаше да спомне пензионери ова она, ама реалноста е поинаква.

Јас сум за некое друго решение, иако досега не сум приметил екстра гужви во вторник и петок ко сите шо се жалат (може не ми налетало).

Тоа за резервите си во право, ем е сиромашен народот ем е таков менталитетот се што е гага да се собере без разлика дали ти треба.
 
Ај не ме замарај уште од сабајле, имаш на другине страни види...
Ако си бил во зима во Холандија, тогаш би требало да знаеш дека зимата во Скопје е многу постудена! И немој да се чувствуваш толку заморен од мојот коментар, за некој што е поборник на користење велосипед премногу лесно се замараш:P:vozbud:
 
Не дечко, да знаеше Географија ќе знаеше дека Холандија е на север и дека има малце
постудени зими за разлика од Скопје. :P
Врати се основно...
 
Eve resenie koj nejke da plaka gratski prevoz neka se popise
i izvadi dokumenti kako Albanec. I so sreca vozenje.
 
Не дечко, да знаеше Географија ќе знаеше дека Холандија е на север и дека има малце
постудени зими за разлика од Скопје. :P
Врати се основно...
Според твоето тврдење и Аргентина бидејки е многу појужно од нас треба да нема зими? Пак ќе ти речам, за тоа што конкретно во Амстердам имам минато 2 зими, овде, во Скопје е кочан во споредба со температурите преку зима таму без оглед на географската положба. Ако веќе сакаш да зборуваш за географија, тогаш не се базирај само на местоположбата на картата туку побарај и податоци за климатсите услови.
 
Таму во зима може да се сончаш... Ти таму две зими беше, гарант си црн, а?
 
Денес се шверцав, да дојдеше контрола ќе речев јас сум инвалид невалиден на пазарот на трудот, седам дома како пензионер оти работодавците немаат потреба од мојот труд а и тешко плаќаат со чекање, а вие сакате веднаш да платам. Уште да не се избричев и ќе личев на пензионер, изгубена генерација сме ние кои растевме во социјализмот а сега сме отфрлени од општеството!
 
Е па редно беше да поскапи.Колку време се возите по стара цена.Патем гагата на пензионерите некој мора да ја плати.По која логика на студентите да дадат ден да се возат без пари.Со што допринеле да ја имаат оваа привилегија.Нема ништо без пари бе
--- надополнето: Nov 17, 2011 8:28 AM ---

Секако 5 денари многу голем удар се.И точакот е трошок ќе веслаш од Карпош до Автокоманда,ќе истрошиш некоја калорија па треба да јадеш трошок да направиш да ги надополниш загубените калории.Па уште и чајче во термос па и тоа е трошок треба да го купиш да го свариш ама струја ќе потрошиш.

Релативно е тоа дали 5 денари се многу или малку, бидејќи сите не сме со иста финансиска состојба. Ако ти си кремче и не ти прават разлика тие 5 денари на месечно ниво, кај мене е поинаква ситуацијата.
Секој месец имам ограничен буџет со кој треба да подмирам кирија, сметки, храна, меѓуградски автобус, градски автобус, излегување, скрипти за факултет, изработка на вежби...

За велосипед да возиш на оваа ладно време со ранец на грбот, јакна и нараквици и по улици каде што сообраќајот е Total Haos, а велосипедска патека немам забележано од Карпош до Автокоманда, ќе те замолам ти да ја возиш таа рута барем една недела и потоа пак најави се на форумов и цитирај ми го постот.

За трошење и надополнување на калории, можам да ти кажам дека се бавам со спорт и имам строго дефинирана исхрана веќе 8 години.

Да, точно е несакам да настинам со тоа што ќе седам испотен на предавања додека „тршам калории“ со велосипедот до Автокоманда и трошок ми е да купувам и чаеви и плински боци, бидејќи ти реков горе, јас имам ограничен буџет, а ти според тоа што го напиша погоре не си засегнат со такви проблеми и затоа уште еднаш ќе ти речам не пишувај глупости ако лично не си засегнат со тие 5 денари.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom