Луѓе не се филмајте со точаци бе, ненормално се вози кај нас, мене пред точно 4 години една глупа гуска ме собра на пешачки кај поштата во Карпош се залетала со 100 на саат, ногата ренде, до ден денес не знам како не ми ја скрши или па како не се повредив потешко.
Сите тротоари се направени паркинзи, едина лента што ја имам видено е во аеродром ама не знам и не живеам таму да знам дали е или не е окупирана од возила и таа. Башка ви реков има луѓе болни од астма, проблеми со плуќата, ваквиов воздух зимски и зачадосан воопшто не им одговара, ќе се угушат. Кога ќе почнат министриве да се возат со точаци ко во Холандија и јас ќе почнам со точак да се возам. Барем тогаш за нив ќе направат некој закон да не се паркира на тротоари.
За билетиве ова е нездрава работа стварно, барем да кажеа пред месец дена да не вадев слободна.. за инат сега со 22ка приватна ќе се возам, ако имам уште пешки за цепање. Не е за тие 5 ден., за принцип е.