Поскапува патарината

  • Креатор на темата Креатор на темата Supreme06
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Возраст
35
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Поскапува патарината [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Патната такса поскапува само за патничките возила, во просек, за 5 денари на поголемиот дел наплатни рампи, а најголема промена има во цената на патарината Куманово - Миладиновци - Куманово каде што лесните возила ќе плаќаат 10 денари повеќе[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Патничките возила за возењето по автопатиштата низ Македонија од 1 јануари 2008 година ќе плаќаат, во просек, за 5 денари поскапа патарина на поголемиот дел наплатни рампи. Одлуката за зголемувањето на цената е донесена лани во март и објавена во "Службен весник". Според новиот ценовник, на пример, патната такса за прва категорија возила (патнички) на наплатните рампи Скопје - Петровец - Скопје, место 35, ќе чини 40 денари. Возачите, пак, кои сега на патарините Тетово - Гостивар - Тетово плаќаа 25 денари, од Нова година ќе плаќаат по 30 денари. Поголемо зголемување на цената за цели 10 денари има на наплатните рампа Куманово - Миладиновци - Куманово. Место 50 денари, од први јануари возачите на овие рампи ќе плаќаат 60 денари. На другите рампи каде што цените и досега беа највисоки, надоместокот за употреба на автопатот не е променет.
Од ЈП "Македонија пат" велат дека промената на висината на цената на патната такса се прави за да им се олесни работата на инкасантите.
"Изминатите години мака мачевме со монетите од пет денари. Со најновата одлука, цените се заокружени и повеќе не би требало да имаме проблеми со ситните пари", вели Сулејман Сулејмани, раководител на секторот за наплата во ЈП "Македонија пат".
[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Според Сулејмани, поскапувањето не значи дека во касата на Јавното претпријатие ќе се слева поголема сума пари од очекуваната, оти повисоката цена на таксата за патничките возила ќе се компензира со поевтинувањето на патната такса за другите потешки категории возила чија наплата стартува, исто така, на 1 јануари в година.[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] "За четвртата категорија возила, во која влегуваат автобусите, шлеперите и други товарни возила, на поголемиот број наплатни рампи има драстично намалување на цената. На пример, на наплатните рампи Куманово - Миладиновци сега за нив таксата е 290 денари, а од Нова година ќе плаќаат само 220 денари", вели Сулејмани. [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Според него, кај овие категории возила е дозволено драстично намалување на таксата, оти нивниот број е значително помал од бројот на патнички возила кои дневно минуваат по автопатиштата низ Македонија. (И.С.)

Превземено од Вест
[/FONT]
 
Патарината е и онака превисока, изгор. До Охрид и назад само за патарина ќе спичкаш цела дневница.

Нели ги испоапсија оние кои ја празнеа касата? Сега би требало да остануваат милиони евра повеќе, зошто да ја поскапат?

И зошто да ја поефтинат за комерцијалните возила како автобуси, камиони, па тие прават профит од превозот, а да ја поскапат за обичните патнички возила?
 
Јас мислам дека конечната злоупотреба на патарината ке се направи кога ке биде 10 денари.Никој нема да дава за да помине со 5 денари и сите пари ке одат во касата.А вака ако продолжат ке ми се ислати до Дебар со хелихоптер да одам
 
Патарината е и онака превисока, изгор. До Охрид и назад само за патарина ќе спичкаш цела дневница.

Нели ги испоапсија оние кои ја празнеа касата? Сега би требало да остануваат милиони евра повеќе, зошто да ја поскапат?


Таман тоа сакав и јас да го кажам,кога веќе не се слеваат пари во касата на Македонија пат,а се најдени виновниците за тоа,каде е логиката ,сега да се поскапуваат патарините?Пола од парите што ги давам за бензин кога одам некаде ми се фаќаат патарините,и не ми се случило до сега да платам пола патарина,стварно нема никаква логика,зошто ништо од тие пари што ги даваме за патарините не видовме позитивен исход.Патиштата се поужасни повеќе од било кога.
 
Нек се ебат у гз.

Ќе си возам по стариот автопат и по селски заобиколници.
 
Нек се ебат у гз.

Ќе си возам по стариот автопат и по селски заобиколници.

Јас порано викав дека не заобиколувам ништо ,зошто не ми се лупа колата и зошто мање више парите за бензин ќе ми отидат.Ама сега?Богами ќе си правам тури низ селата:wink:.
 
Не ми се верува, ем сега што е скапа, очекував да се намали после се ова што се случи а оноо ццц. Како можат, па за едно одење во Скопје ми беа потребни 170 ден, а сега? Мада 10 ден не се којзнае што ама во два правца, секој ден? Катастрофа, да ми е страв да појдам некаде подалеку. И пус поскапе бензинот и ова, барем платите да ги покачеа, па ок ќе беше.
 
Не ми се верува, ем сега што е скапа, очекував да се намали после се ова што се случи а оноо ццц. Како можат, па за едно одење во Скопје ми беа потребни 170 ден, а сега? Мада 10 ден не се којзнае што ама во два правца, секој ден? Катастрофа, да ми е страв да појдам некаде подалеку. И пус поскапе бензинот и ова, барем платите да ги покачеа, па ок ќе беше.

СО ваков живот платите треба да бидат 300% покачени во државен сектор...а во приватен...... има луѓе кои работат за 5000-6000 ден.страшно
 
Точно така неможе секој да си приушти ова, и ај патарина се поскапе, катастрофа е ова, незнам што да кажам. Официјално ли е ова или?
 
Tetovо- Skopje e 40+40, pa posle vrakjaneto 40+40 svekupno 160den samo za eden den, sto e previse za nasiot standart. jas sum pominal i vo avtopati na evropskite drzavi so golem standart, tamu se naplatuva samo koga izleguvas od avtopatot, a ovde kaj nas i koga vleguvas i koga izleguvas:tapp:

P.s: Go vadam znackata na DPA, rampata se diga :wink:
 
Па оние многу пари украдоа претходните мора некако да се вратат тие пари и пак од нашиот грб.
 
Да им ебам мајката се живо поскапија во земјава платите мизерни сега плус треба и поскапи патарини да плаќаме како досега да сме иделе џабе а бе мизерија еј лудост е ова :nerv: :nerv:
 
Ме интересира едно нешто... Како не рекоа дека стварно тоа со 5-те денари е заебано, требаат еден куп ситни бла, бла, бла... и ајде ке ја поевтиниме патарината! А не овие ке ја поскапиме. А и патиштата барем да се добри. Катастрофа се, а плаќаме еден куп патарина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom