[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Поскапува патарината [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Патната такса поскапува само за патничките возила, во просек, за 5 денари на поголемиот дел наплатни рампи, а најголема промена има во цената на патарината Куманово - Миладиновци - Куманово каде што лесните возила ќе плаќаат 10 денари повеќе[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Патничките возила за возењето по автопатиштата низ Македонија од 1 јануари 2008 година ќе плаќаат, во просек, за 5 денари поскапа патарина на поголемиот дел наплатни рампи. Одлуката за зголемувањето на цената е донесена лани во март и објавена во "Службен весник". Според новиот ценовник, на пример, патната такса за прва категорија возила (патнички) на наплатните рампи Скопје - Петровец - Скопје, место 35, ќе чини 40 денари. Возачите, пак, кои сега на патарините Тетово - Гостивар - Тетово плаќаа 25 денари, од Нова година ќе плаќаат по 30 денари. Поголемо зголемување на цената за цели 10 денари има на наплатните рампа Куманово - Миладиновци - Куманово. Место 50 денари, од први јануари возачите на овие рампи ќе плаќаат 60 денари. На другите рампи каде што цените и досега беа највисоки, надоместокот за употреба на автопатот не е променет.
Од ЈП "Македонија пат" велат дека промената на висината на цената на патната такса се прави за да им се олесни работата на инкасантите.
"Изминатите години мака мачевме со монетите од пет денари. Со најновата одлука, цените се заокружени и повеќе не би требало да имаме проблеми со ситните пари", вели Сулејман Сулејмани, раководител на секторот за наплата во ЈП "Македонија пат".[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Според Сулејмани, поскапувањето не значи дека во касата на Јавното претпријатие ќе се слева поголема сума пари од очекуваната, оти повисоката цена на таксата за патничките возила ќе се компензира со поевтинувањето на патната такса за другите потешки категории возила чија наплата стартува, исто така, на 1 јануари в година.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] "За четвртата категорија возила, во која влегуваат автобусите, шлеперите и други товарни возила, на поголемиот број наплатни рампи има драстично намалување на цената. На пример, на наплатните рампи Куманово - Миладиновци сега за нив таксата е 290 денари, а од Нова година ќе плаќаат само 220 денари", вели Сулејмани. [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Според него, кај овие категории возила е дозволено драстично намалување на таксата, оти нивниот број е значително помал од бројот на патнички возила кои дневно минуваат по автопатиштата низ Македонија. (И.С.)
Превземено од Вест[/FONT]