Или пак, истите оние жени кои сакаат да ги е*ат (со нивни зборови) не ги гледаат како материјал за женење. А им се воодушевуваат на sexual prowess-от и во животот би сакале жена со сексуални апетити и искуство на порно актерка, а од друга страна чедна и нечепната пред бракот. Класична Мадона-курва дихотомија, базирана на некои застарени и се' уште доминантни патријархални сфаќања. И после жените биле конфузни суштества и не знаеле што бараат во животот.
Е да, сакав да пишам и нешто околу ова ама заборавив. Гледај, ние луѓето, независно од полот, сме лицемерни. Да, пожелно е сопругата да биде одлична домаќинка во куќата, верна ама многу искусна и вешта во сексот, и дама, светица и интелектуална на сите други места и пред сите други луѓе. Конфузно, нема што.
А сега, имаме жени што сакаат сопрузите да ги работат како Роко Зифреди (или некој друг, што знам таква е темава), но да изгледаат како Бред Пит (или некој друг), Чак Норис да има кошмари од нив, а и генијалнен ум притоа не е на одмет, а последно, но и најважно да се дават во пари. Ова последново во голем број случаи може комплетно да надомести каков било недостаток (грдотија, импотенција, глупост, необразованост, слабост, старост, болест), па затоа имаме многу чудни, речиси неспоиви парови.
Еве еден од нив: класична америчка плавуша и нејзиниот животен сопатник, тексашки милионер (btw, покојни се и двајцата, но Ана Никол Смит доживеа да собере нешто од оставнината на пастувов.
и уште една, за да нема лутење: Алексис од „Династија“ (Џоан Колинс) и нејзиниот 30+ години помлад маж.
А сега да видам која е таа Lexi Luna...