@Darling,
@Natan 3.0
Во основа работите се сведуваат на побарувачка и понуда и обратно. Зголемени се. Можеби 2/3 од она што интернетот го нуди е порнографија или е поврзано со неа. Ја имало и порано, а притоа не мислам на 20. век. Како што имало и периоди на декаденција и инсистирање на морална чистота.
Моралните квалитети сега се отидени у три лепе. Тие имаат смисла само кога имаат вредност, а имаат вредност само кога непридржувањето кон нив има непријатни, болни последици, а придржувањето кон нив носи успех, престиж, добивка. Тие се една од формите на заштита кои одредена средина ги користи за да го зачува начинот на живеење кој се покажал како успешен.
Денес моралноста и успешноста не се добитна комбинација ни во политика, ни во бизнис и за жал, ни во меѓучовечките односи. Чесноста била доблест - и денес е, ама само на хартија. Имаме сиромашни семејства во кои родителскиот пример (чесна работа, рмбање 12 часа секојдневно за 12 илјадарки еднаш месечно) не проаѓаат кај сегашниве деца, кога ќе видат што се некој/а може да направи за 3-4 години со снаоѓање во сомнителни околности, дали се работи за политика, зделки, дилање, курвање, спонзорства - сеедно. Повеќе од јасно е кој ќе има предност во се', ама баш во се' понатаму во животот, кога општеството има меморија на златна рипка а совесност на хиена.
Не се тие како Саша Греј или Џена Џејмисон проблемот (или барем не се најголемиот проблем). Ороспии и нивни муштерии имало и ќе има. Проблемот е што општеството ги постави таму каде што не им е местото. И уште повеќе, далеку поопасни како пример за децава не е некоја класична порничарка, туку типки како Карлеуша, Цеца, Северина и (глобално) Кардашијан и Хилтон, кои обезвреднуваат се' што ќе видат или допрат, а се толку успешни и влијателни, независно од тоа што, на многу начини, се гранични случаи.