Попладневна дремка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Попладневна?Дремка? :pos:
Јас кој ќе легнам не дремка,ќе окапам 5 саати минимум,не можам, ако се заспијам,тешко кој ќе ме разбуди.Затоа после не можам навечер да заспијам и секој шум ме буди.
Ама обожавам дремки,најмногу ми е мерак тогаш да спијам,и се навикнав више тоа време да спијам,нема веза дали сум уморна или не,прва смена втора,кој ќе дојдам од школо увек спијам.
 
Абе дремка ме фаќа на училиште некаде после трети.:pos: А иначем и јас како Desire ако легнам ке окапам, а иначем редовно егнувам ако не легнам да преспијам на пладне не можам да функционирам и после затоа седам навечер до касно и си учам по некад знам ич и да не заспијам навечер и сабајле на училиште.
 
Многу ретко спијам попладне.Може 1 или 2 пати годишно.
 
Јас спијам секој ден :toe:
 
Колку и да сум уморна и ненаспана никогаш не спијам попладне зошто ќе се заборам 6-7 сати и после ко ќе станам многу ме боли главата. И плус за то време шо ќе го изгубам во спиење можам да завршам 100 други обврски така да спиењето денски го сметам за губење време. За некого можеби не е така, ама за мене е. :toe:
 
Секој ден од 2 до 5 саат
 
Не практикувам да спијам преку ден, немам време за тоа, ако спијам треба да си го пропуштам и така малкуто време што ми преостанало да си се подружам со децата и сопругот, така да онлајн сум цел ден, па не ни легнувам ноќе рано, најрано ми е полноќ.
 
Ми ја погодиле темава:pos:
ДА:pos:..голем обожавател на попладневната дремка..особено кога сум прва смена на школо па кога ке дојдам дома само раце миам и се пресоблакам ни јадам ни здраво на никого легнувам у кревет и се покривам:pos:..сега летово ке гледам да не спиам толку..ма да неизбежно е..најголема спанка сум..и тоа со диплома:pos:
 
Aко попладневна дремка се рачуна и ,,дремка“ од 3 до 8 и пол саат навечер... тогаш да, ја применувам :pos:
 
Уфф у последно време по 6 часа спијам попладне :)
 
ејјјјј сум се смеел на тие што спијат попладне ама последниве 2 недели станав зависен од тоа спиење попладне сега ако не заспијам попладне сум целиот изморен неподвижен незз едноставно ми треба одмор во тоа време од денот пробајте сите баш е добро
 
Порано воопшто не преспивав, но сега кога имам повеќе обврски и богами ме фаќа дремка па си прилегнувам попладне, ама тоа не трае подолго од 1 час. Воопшто не сум по спиењето. И ноќе спијам по 5-6 саати.
 
Не спијам.... Попрво ќе си легнам порано отколку да легнам попладне па да станам зашто кога ќе станама не сакаш да си во моја околина... Тогаш се ме нервира, се ми оди на нерви, се издеравам :) Веројатно затоа што попладневната дремка не ме наспива... Е некогаш легнувам, ама тоа кога неколку дена по ред немам спиено како што треба....
 
Ако не заспијам преку ден 1 сат минимум не сум способна за ништо друго т.е денот ми пропаднува, нервозна сум, неможам да се сконцентрирам..буквално немозма ништо да правам. Посебно кога ке дојдам од факс, и колку и да имам за учење, морам да дремнам малце :jaj:За оние денови кога сум слободна, не се замарам психички или физички, на пр лето, не ми треба дремка, супер ми е и без спиење :pipi:
 
УУффф нема послатко за мене да си се наспијам некој 2 саати попладне,тоа ми се дешава секој ден и не мислам дека ми е драгоцено време изгубено...Прво да си се наспијам па после се останато
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom