Попис 2021

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
Добро бе пошто викаат дека наводно милион попишале, каде ги попишуваат тие луѓе? Во која држава? Јас живеам во Аеродром и еве досега никој ни дошол на врата ни бутур, ниту пак во другите згради и маала. Зборам со сите што ги знам и сите креваат рамења.
Кого и што попишуваат не ми е јасно.
Btw вчера бев во Вешала, таму кога ќе дојдете?
Истово прашање се прашувам и јас. Пописот влегувал во завршна фаза, а луѓе еден куп непопишани.
До денес, никој не ми дошол на врата. Си велам да не попишуваат откако ќе заврши официјалниот дел од пописов :icon_mrgr:Да не влегуваме во неофицијалниот број на население :свиркам:
 
Кај мене беше. За 10 минути заврши работа и си отиде. Зависи од регионот. Можеби ќе ве попишат меѓу последните. :)
 
Кај мене беше. За 10 минути заврши работа и си отиде. Зависи од регионот. Можеби ќе ве попишат меѓу последните. :)
Ете каде е 30 септември, ќе почекаме, не ни се брза никаде. Ако тропнат на врата, ќе размислам дали да им отворам :icon_mrgr:. Ама поштосно ќе биде ако не се појават воопшто :pipi:
 
Ете каде е 30 септември, ќе почекаме, не ни се брза никаде. Ако тропнат на врата, ќе размислам дали да им отворам :icon_mrgr:. Ама сакам да не се појават воопшто :pipi:

Најверојатно ќе поминат. Единствено ако не стигнат, со оглед дека нема доволно попишувачи за одредени региони. Ајде може ќе ви се исполни желбата. :P
 
Вчера ми тропна на врата едно чупе со лаптоп ( демек попишувачка ) , и завршивме работа за 20 секунди . И кажав дека сум во изолација и малку као да се подисплаши , па ме праша до кога ќе ми трае и и реков уште 10 дена и си замина. Се надевам дека ја решив работата со '' пописов '' .
 
Море ич нека не идат оти Шарко ги чека скриен од заседа, има парче да ги стори.
 
Добро бе пошто викаат дека наводно милион попишале, каде ги попишуваат тие луѓе? Во која држава? Јас живеам во Аеродром и еве досега никој ни дошол на врата ни бутур, ниту пак во другите згради и маала. Зборам со сите што ги знам и сите креваат рамења.
Кого и што попишуваат не ми е јасно.
Btw вчера бев во Вешала, таму кога ќе дојдете?
Епа милион, 600к попишани од надвор, 400к тука таман си е математиката :D
 
Кај мене у влез остаил дека денес ќе дојде.
На тоа му пишува вака нешто - ја бев али не ве најдов дома, затоа денес у 4 и пол ќе дојдам симните се сите со лични карти пред зграда.

Не пишува конкретно кај кого тоа веќе бил и не ги нашол дома, туку за цела зграда.
Затоа си ги завршив порано работите и од 4 до осум, не сум дома.
 
Дали од тоа што го сподели прочита usually through the internet.

Многу битен дел, плус има и малициозност, не знам дали девојката ќе прифати адвокати да гони или не, тоа е до неа, ама ќе биде контактирана.
Dokolku ne si trol, tebe seriozno ti treba strucna pomos..
 
Имам впечаток дека воопшто не им е важно колку ќе попишат

Целосно се согласувам. Со оглед на последните изјави кај што прогласуваат “успех” на пописот, и никој да не се попише до 30ти сеедно ќе им биде. Најголемата опозициона партија си легна на брашното и нема да прави проблеми, преку медиумите креираа приказна дека се тече успешно и добија колку толку некаков легитимитет со дел попишани граѓани. Ќе завршат на 30ти ќе прогласат успех на пописот, во меѓу време ќе дополнат бројката на граѓани преку дата базите на МВР и други институции, ќе си наштелуваат согласно договореното, и тоа е тоа.
 
....и после ќе има парламентарни избори, па со новите бројки, една наша група граѓани ќе оди на кратко до Тирана и ќе се врати со барања, што на прв поглед ќе бидат бесмислени, ама на втор и трет се повеќе ќе имаат смисла.
 
Веќе може и преамбулата на Манифестот да им ја смислам.

Земајќи ги во предвид новите демографски реалности во Северната Република утврдени со последниот попис, ние Албанците бараме …
 
Па така кажи бе @GreenRoot ете и ти за колку се шитна
lol sitkanje. Ova se golemi pari za student. Mnogu mi e smesno so se silat lugjevo na popisuvacite, tipicno makedonska rabota, bukvalno pokazuvas sila na najnebitniot element vo celata postapka.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom