ПОПИС 2011-Ќе се преброиме ли?

  • Креатор на темата Креатор на темата Karlos sakalot
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А добро а зашто да има ?
Они сакаат правична застапеност од 25 % во администрација нели, а сега за попис каде е процентуалната застапеност на Македонците? БДВ во Куманово не се ни 25% (за градот зборам) по кој основ е тоа колку Албанци,толку Македонци попишувачи? Рамковниот само за нив важи,а за нас неважи ни еден закон

Си измешал ти брзините, не знам што го мешаш Рамковниот овде. Си има закон за Попис каде во член 34 вика:
"При изборот на реонските попишувачи соодветно и правично се застапени и припадниците на единиците кои не се мнозинство во Република Македонија во единицата на локалната самоуправа од соодветниот пописен реон, според Пописот на населението, домаќинствата и становите 2002 година."

Е сега, тоа што кај тебе у Куманово има поише пријавени албанци од македонци може да биде поради тоа што не се пријавиле и не се потполнил бројот на македонци попишувачи, се пријавиле ама никој не ги известил дека се избрани за попишувачи или едноставно си се откажале и нема како тие да се заменат во вака краток период.
 
А добро а зашто да има ?
Они сакаат правична застапеност од 25 % во администрација нели, а сега за попис каде е процентуалната застапеност на Македонците? БДВ во Куманово не се ни 25% (за градот зборам) по кој основ е тоа колку Албанци,толку Македонци попишувачи? Рамковниот само за нив важи,а за нас неважи ни еден закон

Да не лажеш ти нешто?
Бројот на попишувачи не зависи од процентот на населението , туку првата и втората по големина етничка заедница во таа општина го вршат пописот , 50-50.

Пример во општина Липково попишувачите се пола албанци пола срби (не ми е јасно од кај ги најдоа сите тие срби , кога се знае дека нема ниеден србин после 2001 во општина Липково).
Истото и за во Зајас , Осломеј , Желино... каде албанците се 99% од населението.
 
Денеска во 11 часот пописот неформално почна со тоа што државните инструктори со својот материјал тргнаа и сега се наоѓаат во комисиите на пописен реон, а таму има многу проблеми. На пример во Чаир не се прима материјалот или пак, се судираат само членови од еден етникум, другите не се повикуваат, на други места се вмешуваат градоначалници да прават распоред, а тоа не е нивна работа. Сите овие настани укажуваат на тоа дека не само што нема пописот да има добар квалитет, туку пописот е крајно исполитизиран што никогаш не било моја цел. Моја цел било да имаме реален попис и релевантни параметри за статистичка обработка кои ќе го подобрат квалитетот на живеење"
 
Баш ме интересира колку луѓе ќе се јават за да пријават нерегуларности при попишувањето. Нерегуларности има уште пред да почне пописот. Што ли ќе се случува за време на пописот?

И друга работа, како бе никој од македонските надлежни органи не знаел дека со фотокопија се попишувале Шќиптарите на минатиот попис? Дали некој знае кои други малверзации се правеле за едвај да се стигне до бројката од 25%? КОГО ГО ПРАВАТ БУДАЛА?
 
Убаво го кажа ова, пописот треба да е статистичка операциј, која ќе помогне да се планира буџет, по разни основи - развој, социјала.....
Пописот во секоја нормална држава е најкорисна алатка од древни времиња, врз основа на тоа се планирале даноци, развој на државите...
А кај нас, ништо од тоа, само фрламе пари во ветер, си првиме политичка слика на етнички состав, и кога ќе добиеш крива слика за државата, нема шанси да направиш буџет, да проектираш прилив на даноци, да планираш развој.
Кај нас тоа и така не е битно, битно е да се бутнеш во администрација, буџет да си скроиш по мерка да ги задоволиш (финансираш) партиските војници, а другото - здравство, образование, социјала, економија....тоа нека мисли некој друг....
А бројките за етничката застапеност и онака ќе бидат надувани,така да наскоро вештачки ќе станеме малцинство во својата држава, и на крај ќе бараме од Алабанците да ни даваат двојазичност каде што не има повеќе од 20%....:confused:
Кој не верува, нека оди до Гостивар во општина, ќе му стане јасно, или ќе научи претходно Албански, или ќе треба преведуваш да си носи....
Ама, не е крив тој што зема, крив е тој што дава...
Уште малку, па ќе се избришеме самите, од пуста желба за фотеља.....
И не ни се криви ни Албанци ни Турци...Сами сме си криви што сме во ваква пародија.....
На крај, веќе ми е свеедно, штом не знаеме да извршуваме наједноставни државни работи (попис) како треба, држава и не ни треба....
 
Има некој инфо дали е почнат Пописот на цела територија на РМ ?
 
Почнат е сега беа кај мене во Чаир.Јас како инструктор можам да ти кажам дека не работат целосно екипите во Чаир односно малку покасно ке почнат,другите сите нормално.
 
Има некој инфо дали е почнат Пописот на цела територија на РМ ?

Почнато е!!! АМА попишувачите немаат поим како да попишуваат. Шетаат со инструкциите и вртат нон стоп на телефон за да прашаат каде и што треба да напишат. :icon_lol:
 
Во Кина 1 евро по жител, во Србија 3-4 евра по жител кај нас 7 евра по жител ..

imagesxlx.jpg


Пс. И во Србија денеска почнал пописот ..
 
Знае ли некој врз основа на што ќе се одредува некое лице колку е одсатно од Македонија? Пример 11 месеци и 5 дена? Или 6 месеци? Од што ќе зимаат податоци кога човекот со се пасош е во странство?
 
Почнато е!!! АМА попишувачите немаат поим како да попишуваат. Шетаат со инструкциите и вртат нон стоп на телефон за да прашаат каде и што треба да напишат. :icon_lol:

Хе.
У Тетово сабајле на попишувачите им рекле да дојдат попладне околу 17:00 за да го добијат пописниот материјал. У пописен реон Желино-Брвеница исто така не е добиен пописен материјал.
 
Пример во општина Липково попишувачите се пола албанци пола срби (не ми е јасно од кај ги најдоа сите тие срби , кога се знае дека нема ниеден србин после 2001 во општина Липково).

Мене па не ми е јасно од кај најдоа 25% од вашите ?
 
Еве што ни следува после пописот - клик!
--- надополнето: Oct 1, 2011 9:26 AM ---
Знае ли некој врз основа на што ќе се одредува некое лице колку е одсатно од Македонија? Пример 11 месеци и 5 дена? Или 6 месеци? Од што ќе зимаат податоци кога човекот со се пасош е во странство?

Според влез и излез од државата со патните исправи и пријавата за престој на одредено време во Македонија која е дадена во полиција.
 
Еве што ни следува после пописот - клик!
--- надополнето: Oct 1, 2011 9:26 AM ---

Според влез и излез од државата со патните исправи и пријавата за престој на одредено време во Македонија која е дадена во полиција.
Тоа значи никако не може на лице место да се докаже. Или ќе го чекаат лицето да се врати од странство па да ја видат патната исправа кога заминал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom