ПОПИС 2011-Ќе се преброиме ли?

  • Креатор на темата Креатор на темата Karlos sakalot
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ај ако можем некој да ги најде и да ми ги прати податоците од пописот од 1994 и претходниот од 198.. и некоја,неможам да ги најдам
 
За да бидам оптимист, прашањето националност треба да се тргне од попис плус да се прекине со решенија (школи, институции, факултети, службени јазици,...сега и буџет) по клуч...
Кога шетам низ Аеродром, добивам впечаток дека луѓето ги боли уво кој е и што е...но во половина Скопје и Македонија не е така. Надминување на приоритетите книшка, религија и етничка припадност мислам дека не се можни во вака изградена држава.
Нека се доселат повеќе браќа во Аеродром, па ќе видиме дали ќе им биде битно или не. албанците го направија тоа што мене ми изгледаше невозможно - од некаква каква таква нација се претворија во крвожедно племе на кое Србите можат вода да им носат во своите најкрволочни Босански години. Единствено нешто што ги држи на ланец е тоа дека веруваат дека ќе не победат демографски. Катастрофа.
 
Ако мислиш за вработените у аднимистрација, тие не се самоволно пријавени за попишување. Пола од попишувачите мора да бидат административци. Тоа и е така, иако никој од нив не бил известен, кој си видел на страната од ДЗС си видел, кој не, не се појавил на инструктажи и попис па затоа сега во одредени пописни реони има недостаток на попишувачи.

Инаку за тоа да, нека видат малце напор или у случајов напорот е голем. Колку е само сложено едно домаќинство со две семејства да се пополни.
Да погодвам во кои региони ? :)
Во мојот регион веќе 4-ти ден ги вртат одредени попишувачи ,дека 'ќе ги викнеле ако имало потреба'.Па чекај ,нели се избрани според одреден критериум ? Или ќе попишиме 50 посто другите од памет ќе ги истресиме.Не вервам на ниеден попис досега ,ниту па на овај ќе вервам.
 
Нека се доселат повече браќа во Аеродром, па ќе видиме дали ќе им биде битно или не. албанците го направија тоа што мене ми изгледаше невозможно - од некаква каква таква нација се претворија во крвожедно племе на кое Србите можат водат да им носат во своите најкрволочни Босански години. Единствено нешто што ги држи на ланец е тоа дека веруваат дека ќе не победат демографски. Катастрофа.
Ова многумина не можат да го видат од педерскине* розеви очила кои ги имаат прицврстено со селотејп за главите.

* без намера за навреда кон хомосексуалците
 
Да погодвам во кои региони ? :)
Во мојот регион веќе 4-ти ден ги вртат одредени попишувачи ,дека 'ќе ги викнеле ако имало потреба'.Па чекај ,нели се избрани според одреден критериум ? Или ќе попишиме 50 посто другите од памет ќе ги истресиме.Не вервам на ниеден попис досега ,ниту па на овај ќе вервам.

Во одредени региони/општини има недостаток на попишувачи од малцинските заедници. Например во општината во која живеам второ по големина малцинство е српското, но нивниот број е далеку под 1% a пријавени попишувачи од нив има недоволно така што не можат да се формираат мешани двојки. По се изгледа пописот ќе трае подолго од очекуваното... Незнам што мислат да прават.
 
А во случај на попишувачи неповикани од општинската пописна комисија за работа ,а претходно биле избрани се најнормално ?
Ситуацијата кај нас е чиста ,сега се доволно попишувачи ,за разлика од првиот ден.
Ама зошто не се викнати попишувачите избрани од првиот ден и бидени на тнр.обука?
А за болдот..не мислат!
 
Интересни моменти како овој кај комшииве или од друг тип “интересни“?

Многу сериозно го сваќате пописов бе.
Процентот на малцинствата пред дест години се “одреди“ и без валиден попис и законите си се кроеја според таа замислена бројка.
Така да и на овој попис на крајот ќе се има една претпоставена бројка и што со тоа.
Реалноста е таа дека, сите што живеат во Македонија и сакаат да живета во тука, мора да живеат едни со други. Не е битно колку се едни или други додека тоа не се злоупотребува во однос на останатите. Сите фаворизирања по етничка припадност, дали се работи тоа за образование, работа или било што друго, ги сметам за ДИСКРИМИНАЦИЈА. Некои ја викаат позитивна-дискриминација, ама тоа е оксиморон. Не постои такво нешто. Ако сите сме исти пред законите не е битен процентот на едни или други.
Македонија го смени уставот и нема повеќе наша ваша, Македонија е на сите.
Незнам дали на проклетиов балкан некогаш ќе се искорени: наше е ваше е, ви дадовме не ви дадовме, ваков си таков си.
Се надевам дека ќе ја доживеам Македонија во која ќе нема потреба од рамковен, мајски... ваков или онаков договор. Сите да се осеќаат сободни и сите да се почитуваат. Можеби сум премногу оптимист ама надежта последна умира.

Го даде одговорот на многу полемики. Демократизирана Македонија е решение за сите проблеми. Тогаш ниеден процент нема да биде толку важен и ќе и служи само на статистиката. Вака со ширење на непотребна паника( голем дел од форумџиите се избезумени поради стравот од енормно зголемување на бројот на албанците или неки други), се шири и меѓусебна нетолеранција и омраза. Се согласувам и со тоа дека после промената на уставот Македонија е на сите но сепак сметам дека уште еднаш треба да собереме храброст и сила, и ние и останатите етнички групи и конечно да ја направиме последната промена во уставот а која би се однесувала на овој дел. Би сакал во уставот наместо да пишува дека Македонија е земја на Македонци, Албанци, Турци, Срби и тнт( незнам уште кои народи се вметнати во преамбулата), да се запише дека Македонија е земја на сите оние граѓани кои живеат во неа, без оглед на нивната религиозна припадност и толку. Само вака ќе престанат поделбите на наши и ваши и на наша и нивна, зошто сите кои се родени тука мора да имаат подеднакви права.
 
Ако одиме во подробности, може да замислиме мноштво различни ситуации (азиланти, бездомници, без документи...).
Како пример ќе се попишат тие што имаат бугарско и македонско државјанство, каде?

Па нели сите подробности рече дека се битни за различни статистичко-економски калкулации?

Енивеј, можеа да направат онлајн форма за попис (како што направија и бугарите)
По логика би требало на секои 10 години, од тамошните држави.
http://www.abs.gov.au/websitedbs/censushome.nsf/home/2011 Census - Resources/$FILE/Macedonian_Fact_Sheet.pdf

Бтв, вчера контактната емисија на Нора на Алфатв имаше интересни моменти за пописот од терен

Бидејќи се попишуваат од тамошните држави, тогаш не гледам проблем да бидат попишани и таму и кај нас.

Не сум чул дека пописите меѓу разни држави може да бидат синхронизирани, за да нема дуплирање.

Исто така не сум чул за закон кој забранува повеќе државјанства, според тоа, ништо не ги спречува да бидат двојно регистрирани.
 
Имаат право, секој има право да се попише, цел свет се попишува. Во земјите каде што живеат (од европските до прекуокеанските) и во сите земји има попис во пролет 2011, без разлика дали се македонци, турци, албанци, власи...таму се попишуваат. Кога ќе се сумираат резултати за Франција, Германија, Америка, Канада, Швајцарија, Шведска, Австралија...се добиваат податоци за број на македонци албанци срби турци роми во тие држави...чие потекло е од Македонија. На линковите кои беа постирани можеше да се најде и овој податок. За која цел човек од било кој етнос би се попишал двапати (и тука и таму)? Не може да се прави ни проекција на население, ни проекција на живеалишта, потреби, инфраструктура, ни да се анализираат економските белези.... што тогаш со тој податок?

Мислиш дека те разбраа?! Почнувам да мислам дека ме зафркаваат, а со разбирлив македонски им објаснувам. Не сфаќат дека се добиваат многу погрешни статистички податоци.

Ова испадна попис на светско население, а не државен попис. :pos:
 
Ova e samo rutina demek ke se prebroime, kutrite popisuvaci sekoj den od vrata na vrata A VO VO FIOKITE SE BROJKITE koj kolku posto e vo Makedonija TAKA DA DZABE TIE PRASANJE NE ZNAM KOLKU SE 50, TRI STRANI ...ajde Pozzz
 
Мислиш дека те разбраа?! Почнувам да мислам дека ме зафркаваат, а со разбирлив македонски им објаснувам. Не сфаќат дека се добиваат многу погрешни статистички податоци.
И јас мислам дека веќе се зафркаваат. Имаат Закони, имаат книги на економски за статистика, имаат интернет...Ако земам да цртам ...тогаш Пикасо ќе ми завидува:pos:
Ова испадна попис на светско население, а не државен попис. :pos:
баш, ај да го попишеме светот. Можи ќе се најде македонски државјанин кај ескимите
Не сум чул дека пописите меѓу разни држави може да бидат синхронизирани, за да нема дуплирање.

Исто така не сум чул за закон кој забранува повеќе државјанства, според тоа, ништо не ги спречува...
Национална статистика користи математички методи за потребите од разни области на една држава. За потребите на повеќе држави, региони и континенти постојат меѓународни статистички организации.
Мислам дека целта на пописот е она што ве збунува. Државјани не се попишуваат туку население во земјава со сите станови и разни показатели. Врз таа база се прават примероци за вработеност, примања, трошок на време, потреби на домаќинство...
Не знам како и за кои потреби би се табулирале податоци за водовод према државјани од Австралија и Америка или за што би служеле податоци ако да кажеме во Дуф (близу Маврово) фиктивно има 500 домаќинства, а на терен нема скоро ниту едно.

Бидејќи се попишуваат од тамошните држави, тогаш не гледам проблем да бидат попишани и таму и кај нас.
зошто да броиме државјани низ цел свет кои не живеат овде, не се вработени/невработени овде, кои не делат станбена инфраструктура, ...и така натаму. тие се попишуваат таму, се табулираат во државата каде живеат според невработеност (економски статус), недвижен имот, инфраструктура...за планирање, прогнози, проекции на соодветната држава. За регистрирање на државјани најверојатно МНР треба да ги засука ракавите. И мора, не знаеме колку не има низ Европа, колку во прекуокеанските држави...или знаеме?
Па нели сите подробности рече дека се битни за различни статистичко-економски калкулации?
подробности, подразбирам различни случаи на терен.
да бидат двојно регистрирани.
во денешницава постоја бази на податоци. Понатаму не знам и не можам да нагаѓам.
Проблем е што немаше аслна кампања, отворени дебатни емисии, емисии каде ќе имаше контакт телефони, прашања и одговори...од надлежните кои се запознати со оваа проблематика.
 
Национална статистика користи математички методи за потребите од разни области на една држава. За потребите на повеќе држави, региони и континенти постојат меѓународни статистички организации.
Мислам дека целта на пописот е она што ве збунува. Државјани не се попишуваат туку население во земјава со сите станови и разни показатели. Врз таа база се прават примероци за вработеност, примања, трошок на време, потреби на домаќинство...
Не знам како и за кои потреби би се табулирале податоци за водовод према државјани од Австралија и Америка или за што би служеле податоци ако да кажеме во Дуф (близу Маврово) фиктивно има 500 домаќинства, а на терен нема скоро ниту едно.

зошто да броиме државјани низ цел свет кои не живеат овде, не се вработени/невработени овде, кои не делат станбена инфраструктура, ...и така натаму. тие се попишуваат таму, се табулираат во државата каде живеат според невработеност (економски статус), недвижен имот, инфраструктура...за планирање, прогнози, проекции на соодветната држава. За регистрирање на државјани најверојатно МНР треба да ги засука ракавите. И мора, не знаеме колку не има низ Европа, колку во прекуокеанските држави...или знаеме?
подробности, подразбирам различни случаи на терен.
во денешницава постоја бази на податоци. Понатаму не знам и не можам да нагаѓам.
Проблем е што немаше аслна кампања, отворени дебатни емисии, емисии каде ќе имаше контакт телефони, прашања и одговори...од надлежните кои се запознати со оваа проблематика.

Лурц,

моежби во некој друга земја, овде се работи за политички игри и политички придобивки од прикажаните пописни резултати и никого не го интересираат некакви си категории, добро, можеби оние кои не се свесни за ова првото.

Пописов е „правен“ за да се задоволат нечии политички проекции за да може врз таа основа да се уредува (дели) власта.

Саботирањето на целиот попис, со нула транспарентност и контроверзни прашања, би требало самото по себе да укаже на малициозните резултати кои ќе произлезат.
 
Dosol denes popisuvacot kaj mene doma, zvonel tipot nemalo nikoj. Zazvonil na dolniot sprat kaj moite mu otvorile, gi popisal, i im rekol dali mozat da dadat informacii za mene, soprugata i maliot. Tatko mi rekol deka moze. Go prasale i kaj veroispovesta rekol pisi kaj snaata pravoslavna hristijanka, kaj sin mi pisi "niedna vera covek", a kaj vnucevo pisi pravoslaven hristijanin.

Idiotot popisuvac mu rekol citiram: Se izvinuvam gospodine kje mora i maleckiot da go stavam "niedna vera" oti kje se razlikuva od tatko mu, kje mi napravat problem koga kje gi pregledaat spisocite!!!!!!!!!!!!!!!!:tapp::pos:

WTF !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

p.s kompromisno vednas go resile problemot site sme pravoslavni hristijani popishani:vozbud::tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom