Помош за проекти (побарај и помогни на оние кои бараат помош)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anck-Su-Namun
  • Време на започнување Време на започнување
Ми треба проект за Бруто домашен прозвод (GDP) за петок, секаков материјал ќе ми биде од корист.

Би требало вака некако да изгледа проектот:

Содржина
1. Вовед
1.1. Карактеристики на Бруто домашниот производ
1.2. Методи на преметка на Бруто домашниот производ
2. Номинален и реален бруто домашен производ
2.1. Фактички и потенцијален бруто домашен производ
2.2. Бруто домашен и бруто национален производ
3. Разрешување на проблемот со интермедијарите, концептот на додадена вредност
4. Кружниот тек во економијата
4.1. Расположлив доход на домакинства
5. Невработеност
6. Заклучок
7. Користена литература

Ве молам помогнете.
 
Здраво луѓе, ми треба помош од вас. Уште неколку дена има до рокот за предавање на проектна матура а јас ја неам ни почнато. Ќе ми треба било каква помош од вас (дали линкови со текстови и информации, дали некаква литература, било било што. Ова ми е задња шанса, друго незнам што да праам). Темата е „Берлинска битка и капитулација на фашистичка Германија“. Фала многу.
Ве молам, барем нешто, без проектна ќе останам :(
 
Ве молам, барем нешто, без проектна ќе останам :(


Чекај малце тоа значи дека нема да матурираш??

Не знам како се сега промените што ги воведе каратистот....ама како бее имаш време за GAMEZONE.com.mk и за играње игри а немаш време за проектна....

држ држж се недааајјјј Valkyrie е тука,нејсе кажи до кога треба да биде завршена и колку страни па ќе размислам дали да ја пишувам ОК?
 
Барам проект на тема “Најголемите светски катастрофи во светот“ (во проектот може да бидат опфатени земјотреси, цунами, поплави, вулканки катастрофи и сл...) Проектот да има Word и PowerPoint презентација. Или само Word односно PowerPoint презентација.

Однапред благодарам. :)
 
Не мора да биде готово мислам да има некој податоци за земјотреси, цунами, поплави, вулканки катастрофи и сл. ако има некој нека постира
 
Не мора да биде готово мислам да има некој податоци за земјотреси, цунами, поплави, вулканки катастрофи и сл. ако има некој нека постира
Ај да не постирам линкови од други страници пиши на гугл со мак. фонт земјотреси, природни катастрофи, поплави ќе ти даде многу податоци имаш да бираш барем кога се во прашање катастрофи....:):)
 
Ми треба состав за кошарка, поточно за техники на одбрана во кошарката.
 
ќе може да ми помогнете за проектна по економија на тема-Буџетот како елемент на фискалната политика со осврт на буџетот во рм,само за воведот нешто
однапред благодарам:)
 
дали може некој да ми најде проект "невработеност и инфлација" ми треба итно ве молам

бладодарам однапред
 
Треба да направам проект за : Користење на соларната енергија во македонија и соседсвото .
Дали можете да ми помогнете .
Фала однапред :D
 
дали може некој да ми најде проект "невработеност и инфлација" ми треба итно ве молам

бладодарам однапред
па за невработеност можеш да напишеш дека тоа се оние лица кои што се способни да работат,меѓутоа неможат да најдат вработување,и оваа категорија невработени е еден од најголемите макроекономски проблеми ,чие разрешување е ставено и како основна цел во економијата.Постојат 3 вида невработеност
Фрикциона невработеност-невработеност што се јавува бидејќи луѓето неможат секогаш навреме да најдат информации за слободни или новосоздадени работни места.
Структурна невработеност-се однесува на невработеноста што произлегува од несоодветноста на квалификациите и на можностите за работа,кога структурата на побарувачката и производството се менува.
Циклична невработеност-невработеност што е поврзана со цикличното движење на развојот на пазарните економии.
Имаш доброволна и присилна
Исто така можеш да кажеш и за односот меѓу невработеноста и инфлацијата-помеѓу нив постои инверзна меѓузависност-наречена trade off,еден вид замена-ниска инфлација за висока невработеност и обратно и е наречена Филипсова крива на кус рок,додека за филипсова крива на долг рок се јавуваат промени и Филипсовата крива се објаснува преку природна стапка на невработеност
За Инфлацијата-тоа е појава на опаѓање на внатрешната вредност на парите и подигнување на општото ниво на цените.Тоа е состојба во стопанството кога паричните фондови ги надминуваат стоковните фондови...Инфлацијата може да биде Умерена,Галопирачка и Хиперинфлација


Се надевам ке ти биде ова од корист,со среќа:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom