Помош за проекти (побарај и помогни на оние кои бараат помош)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anck-Su-Namun
  • Време на започнување Време на започнување
Да не има некој нешто случајно за математичка логика?
 
има некој готов бизнис план
ми треба за на школо :kesa:
 
Помагајте ве молам

Дечки потребна ми е голема помош,ми треба бизнис план за туристичка агенција (како се отвара,што треба да содржи,каде се наоѓа).Проектот треба да го предадам до понеделник а не знам ништо,ако не го направам ајт на полагање.Ако некој ми помогне многу ке му бидам благодарен. Фала однапред :toe:
 
Знам одприлика како се прави бизнис план и шо треба да содржи ама не знам дали ти треба таков. Шо треба точно да напрајш, нешто како проект за отворањње нова фирма или?
 
Ве молам ако има некој кој е расположен за физика....Ми треба помош околу една задача,цел ден ми го зеде,а клучна ми е за поправање...:)

Вака гласи:
Колкаво е “мртвото време“ на Гајгер-Милеробиот бројач кој регистрира до 10000 честици во секунда?
Одговорот е 10 микро секунди. Ама ми треба постапката или барем некоја насока за решавање....

Никаде не можам да најдам формула,изгледа едноставно,ама очигледно не е...
 
Па не ни имат формула, доста ти е само малку логика. Значи мртвото време ќе биде реципрочната вредност од бројот на честици во една секунда или:
1/10000 ѕ= 10^(-4) ѕ= 100 микросекунди
Грешка е твојот одговор. Поздрав
 
Абе мртво време мислам дека е периодот меѓу две детекции на честици не можи да биди така 1/ 10000 и ако е така тогаш шо се овие секунди минути часови, не можи така мора некоја формула да си има.
 
Абе мртво време мислам дека е периодот меѓу две детекции на честици не можи да биди така 1/ 10000 и ако е така тогаш шо се овие секунди минути часови, не можи така мора некоја формула да си има.
Не те разбирам баш ко шо требит, ме прашуваш за единицата во која ќе се изрази??
10000 честици / 1 секунда (што значи секунда^(-1)
реципрочно на ова е 1 секунда / 10000 честици единицата е во секунди, односно претвораме во микросекунди.
Иначе 99% сум сигурен дека немат некоја посебна формула за ова, барем јас досега немам учено.
Еве како за доказ дека е точно ќе земиме еден прост пример: Нека се регистрираат 2 честици во секунда. Според мојава логика би требало да дојде дека мртвото време е 1/2 секунда = 50 стотинки. Пробај со било кој број...
 
Епа тогаш мерната единица би била секунда/ честица како шо е на пример за брзина километри/ час:toe:
 
Епа тогаш мерната единица би била секунда/ честица како шо е на пример за брзина километри/ час:toe:
Тоа е само еден обичен број (множител, деленик, делител...) и е бездимензионална величина. Си слушнал некогаш за единица честица, распад, ротација...
Еве кај шо спомнав ротација се присетив на фреквенција. Значи фреквензцијата претставува број на полни завртвувања во единица време или:
N/t = Број на завртувања / секунда = секунда^(-1) = 1 Hz
Што значи дека херцот не е количник од завртувања и секунди, туку од БРОЈОТ на завртувања (бездимензионална величина) во единица време (секунда, минута, час...).
Сега е малку појасно? :helou: Поздрав
 
Абе да ама завртувања/ секунда = Херц а не на секунда сепак си има посебна мерна единица.
Не знам многу за Гајгер Милеровиот бројач така да не се противам многу.Ама сепак едниницата херц е број на вртежи во една секунда а не е секунда. Шо значи фреквенцијата не се мери во секунди туку во херци. Како и да е и двајвцата не му понудивме некое разумно решение за задачата така да нема шо да дискутираме за џабе.
 
Сепак фала ви што се потрудивте...:)
Задачата изгледа е покомплицирама отколку што мислев...Неколку професори и двајца магистри прашав,вчера цел ден ми отиде,еве и денеска се занимавам со тоа,и не успееа да најдат некое решение.
Викаат дека тоа се знае како податок,колку е,ама не се сигурни како се стига до тоа...
Ова е повеќе како физички проблем,отколку математичка задача,и затоа и прашувам физичари зошто ми треба некој податок во врска со тоа.Барав и по интернетов,ама слабо...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom