Помош за купување кола :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Dangerous
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 декември 2008
Мислења
54
Поени од реакции
2
Здраво почитувани кајганџи :)

Сакам да купувам кола (бензин) од 2000_та год па нагоре, барам помош од вас и ако може да ми препорачувате некој модел.
Јас најмногу се заинтересирав за овие модели и тоа :
Фиат Пунто спортинг 1.2 12 в
Рено клио 1.4 и 1.6
Цитроен Саксо 1.2
Пежо 306 1.6
Може и др модел од ваше мислење :)
Цена : мин 2000 - 2500 Е
Ако некој има повеќе инфо за овие модели на пр ( колку троши, дали му се скапи деловите и т.н )

Ви благодарам од напред драги кајганџи :)
 
За Пежото и Реното у старт ти кажувам дека деловите се изгор скапи.
А моја препорака ти е Пунтото.
 
чим си расположен за давање пари..зашо не си земеш некоја зачувана Вектра? шо ако е дизел?
 
чим си расположен за давање пари..зашо не си земеш некоја зачувана Вектра? шо ако е дизел?
Ај најди зачувана вектра дизел за 2000, и прати ми пп. :)
Барам одамна, ама тешко е да се најде.
 
Ај најди зачувана вектра дизел за 2000, и прати ми пп. :)
Барам одамна, ама тешко е да се најде.

ја ко шо глеам он пишал МИН 2000-2500 евра..и мене чудно ми иде..
 
Опел корса имаш со 1.0, 1.2, 1.4 и гси со 1.6 мотор ... јас имам две корси една бензин една дизел и двете од 2000 год, за делови не се скапи трошат околу 7-8 бензин и 6-7 дизелот градска
 
Најди некоо стегнано Пунто за тии пари!
А саксото одма бриши го од корен :pos:
 
Има доста на лагер и Половци,или си ги отпишал.......Ја баш сум загреан за нив,ама за дизел само.......
 
Здраво почитувани кајганџи :)

Сакам да купувам кола (бензин) од 2000_та год па нагоре, барам помош од вас и ако може да ми препорачувате некој модел.
Јас најмногу се заинтересирав за овие модели и тоа :
Фиат Пунто спортинг 1.2 12 в
Рено клио 1.4 и 1.6
Цитроен Саксо 1.2
Пежо 306 1.6
Може и др модел од ваше мислење :)
Цена : мин 2000 - 2500 Е
Ако некој има повеќе инфо за овие модели на пр ( колку троши, дали му се скапи деловите и т.н )

Ви благодарам од напред драги кајганџи :)

Французите имаат скапи делови, мада овие се стари модели така што најубаво е да си прашаш во продавница.

Саксо 1.2 не постои има 1.0, 1.1, 1.4, 1.6
Клио 1.2 е добар мотор (ако го немаш напишано)

Мој избор е Пунтото, дизајн, ефтини делови...и ќе има за него доста време делови бидејќи се произведува сега во Застава.

Би купил и Поло, само моделот е многу стар (како модел не како годината на колата што би ја купил) така што...тоа е ти да решиш. Што се однесува до квалитет/цена мислам е најдобро решение.

Само што ти бараш кола од 2000+ година, а Полата од таа година се минимум 2800-3000 евра.

А за дечките за Вектрите. Одлична идеја, само 2500 евра Вектра дизел, мало морген. Бензинец 1.6 да. Што е и мојот совет.
 
Здраво почитувани кајганџи :)

Сакам да купувам кола (бензин) од 2000_та год па нагоре, барам помош од вас и ако може да ми препорачувате некој модел.
Јас најмногу се заинтересирав за овие модели и тоа :
Фиат Пунто спортинг 1.2 12 в
Рено клио 1.4 и 1.6
Цитроен Саксо 1.2
Пежо 306 1.6
Може и др модел од ваше мислење :)
Цена : мин 2000 - 2500 Е
Ако некој има повеќе инфо за овие модели на пр ( колку троши, дали му се скапи деловите и т.н )

Ви благодарам од напред драги кајганџи :)
da ti prodadam Golf 4 1.4 16 ventili vo oddlicna sostojba e jas od Italija go donesov so realno 124 000 km
 
Јас би купил нешто вакво...

http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/453554?searchID=1057884&Idx=1

Ем има стил, ем не е “досадното“ Пунто, а голфот на овај над мене го прај пепел и во максимална, и во забрзување. За одржување, не станува збор, каиш за Fiat е 700 денари.
 
Ама и ценичка му држи на Стилово. Нема врска мене на пример не ми се зима ваква наџинџурена кола. Инаку сега оваа недела на авто пазар налетав на Голф4 ТСИ мотор (во петките што се вградени) 2001 година шампањ боја, нови гуми, 120000-130000 помкинати, џам беше, увезено од Италија и го продаваше за 4400 евра до регистрација.Кога го запали, немав зборови, моторот предеше ко маче.
Јас ке му го купев одма ама за жал имам само 2500 евра собрано. Инаку тој голф многу ми се допадна, ако имаш толку пари и ако си од Скопје, би те советувал да тркнеш до автопазарот во Маџари има интересни понуди ама исто толку има и неинтересни понуди ак ме разбираш.
Инаку и јас планирам да земам пунто од втората генерација или пак браво брава ама со 1.2i мотор, само бензин, нејќам дизел.
 
Здраво почитувани кајганџи :)

Сакам да купувам кола (бензин) од 2000_та год па нагоре, барам помош од вас и ако може да ми препорачувате некој модел.
Јас најмногу се заинтересирав за овие модели и тоа :
Фиат Пунто спортинг 1.2 12 в
Рено клио 1.4 и 1.6
Цитроен Саксо 1.2
Пежо 306 1.6
Може и др модел од ваше мислење :)
Цена : мин 2000 - 2500 Е
Ако некој има повеќе инфо за овие модели на пр ( колку троши, дали му се скапи деловите и т.н )

Ви благодарам од напред драги кајганџи :)


Да не сакаш Opel Astra Caravan на плин 2001 година, екстра е колата, ја продавам оти многу женски ми се лепеа по неа, жена ми љубоморна беше..
 
па да прашам и јас на темава, заинтересиран сум за купување кола до кај 5000-5500 евра (максимум), да биде од 2002-3 година па нагоре, нешто по ваша препорака што би било најдобро
 
BMW E46ка рестајлингот :) АУФ фетиш хаха :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom