Може да не дозволи format. Во секој случај, тешко дека тоа ќе го реши проблемот. Најсигурно решение е format, ама на компјутерот. И тоа целосен. USB-то колку и да го форматираш, не верувам дека ќе успееш да го средиш. Веднаш по форматирањето вирусот (мислам дека е тројанец во прашање) се враќа назад. Јас проблемот со USB-то го решив со бришење преку Linux, но сега се појави нов тројанец, (или нешто слично) кој ја копира корпата за отпадоци на USB-то, па ни Linux не ја брише. Во секој случај компјутерот е инфициран и единстено решение е преинсталирање. Но ако не го исчистиш USB-то со првото конектирање ќе го инфицираш компјутерот. Јас за два месеца трипати вршев преинсталирање и сега знам дека скоро сите компјутери се инфицирани. (Мојот не е, затоа што е форматиран пред една недела. Колку ќе издржи, ќе видиме (до прво вклучување на USB-то на друг компјутер)).