Помош, софтверски проблеми и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Sase91
  • Време на започнување Време на започнување
Да прашам нешто околу режење на аудио цедиња.

Значи не ми е првпат да снимам ваков вид на цд. И претходно сум снимал.
Решив мала компилација да направам и да ја изрежам за в кола. Претходно го пробав плеарот, чини без проблем. Го пробав со постари цедиња кои сум ги снимил пред година дена. И сега симнав Неро 7-ка, режам повторно аудио како и претходно. Ја завршив работата и го пробав цедето. Плеарот автоматски го исфрлаше надвор, како да не го препознава, да не можи да го прочита. Го пробав цедето на систем ради реда, си чини без проблем.

Можи да има врска дека е режено со понова неро програма, или имам нешто зафркнато при режењето? Некое исуство совет нешто? :)

Плеерот ти е некое старо гомно! Постои и можност да не ги чита затоа што се режени со тој специфичен програм или мод. Трета можност е режачот. Четврто е ЦД-то.
Стварно незнам зашто би правел аудио цд? Џабе фрлање на пари.
Во секој случај трајно решение би било да најдеш плеер што чита од УСБ стик и исфрли од употреба се што мора да работи на диск. Ќе се спасиш од многу глупави проблеми слични на овој.
Ако инсистираш да продолжиш да се мачиш (многу луѓе го прават тоа) пробај со оваа програма која е бесплатна и одлично си ја врши работата http://www.imgburn.com/index.php?act=download изрежи ново аудио цд.
 
Вака, денес ми го направија компјутерот и имам 8ца (Windows). Но има еден проблем, скоро ниту една страница не ми ја отвора, велејќи дека не е безбедна и слични глупости.
Некое решение ?

ps: ниту facebook не ми се отвора, и тоа ми вика дека не е безбедно, а исто и за Gmail
 
EDIT: Проблем се реши некако, незнам како.

Но имам друг проблем, му ставив на брат ми GTA: SA, започна да се игра се нормално, но од некоја причина кога и да се вкучеше играта ме прашуваше Run now, направив да не ме прашува и од тогаш играва не се упалува. Решение?
 
Преинсталирај ја играта.
 
Значи имам еден проблем, кога кликам десен клик автоматски се покажува windows explorer has stopped working, и windows explorer is now restarting.. Вeќе 1 недела е вака, барав по странски форуми, и најдов 2 програми, и со двете пробав али пак остана истиот проблем. ај некој ако знае нека помогне :) Поздрав
 
Ако мислам дека е до тоа... имав јас еден проблем сличен ми се појавуваше често
windows explorer has stopped working
но тоа е вирус пробав со најдобрите антивируси да го средам вирусот но залудно затоа направив преинсталација на пц-то и после тоа средено. :) Така да во случајов скенирај го пц-то види дали имаш вируси...
 
Mислам дека не е вирус, може да е ама мислам дека не е.

Проблем со заглавен процес/плагин/сервис. Рестартирај го компјутерот, влези во safe mode with networking, и пробај дали и таму ќе се деси истото.

Ако мислам дека е до тоа... имав јас еден проблем сличен ми се појавуваше често
но тоа е вирус пробав со најдобрите антивируси да го средам вирусот но залудно затоа направив преинсталација на пц-то и после тоа средено.
Пиши следниот пат ако имаш проблем, не си морал формат да правиш.
 
Вака, денес ми го направија компјутерот и имам 8ца (Windows). Но има еден проблем, скоро ниту една страница не ми ја отвора, велејќи дека не е безбедна и слични глупости.
Некое решение ?

ps: ниту facebook не ми се отвора, и тоа ми вика дека не е безбедно, а исто и за Gmail

Смени дата и време, во оперативниот систем, како и во BIOS (ако треба)
 
Значи имам еден проблем, кога кликам десен клик автоматски се покажува windows explorer has stopped working, и windows explorer is now restarting.. Вeќе 1 недела е вака, барав по странски форуми, и најдов 2 програми, и со двете пробав али пак остана истиот проблем. ај некој ако знае нека помогне :) Поздрав
Кој маус го користеш?
 
Смени дата и време, во оперативниот систем, како и во BIOS (ако треба)

Тоа успеав да го решам, еве што ми е другиот проблем:

Но имам друг проблем, му ставив на брат ми GTA: SA, започна да се игра се нормално, но од некоја причина кога и да се вкучеше играта ме прашуваше Run now, направив да не ме прашува и од тогаш играва не се упалува. Решение?
 
Тоа успеав да го решам, еве што ми е другиот проблем:

Но имам друг проблем, му ставив на брат ми GTA: SA, започна да се игра се нормално, но од некоја причина кога и да се вкучеше играта ме прашуваше Run now, направив да не ме прашува и од тогаш играва не се упалува. Решение?

Што подразбираш под run now?
 
Што подразбираш под run now?
Па кога ќе кликнеше брат ми на иконата за да ја вклучи играта, се појавуваше некоја коцка (да ја наречам) која пишуваше Run now и Cancel. Исто како кога ќе симнете некоја нова програма и ве прашува.
Имаше и опција која ја штиклиеав за да не ме прашува повеќе да кликам Run now (од типот never again) и од тогаш не се вклучува играта. Решение да се врати повторно опцијата ?
 
си инсталирал нешто шо додава во context менито(кога стискаш десен клик), не се лоадира и крешува експлорерот.

http://www.bartdart.com/downloads/contextmenueditorinstall.exe

симни го ова, најди го у програм фајлс после, пушти го и тргни тоа што не треба, остај на пример винрар/7зип ствари да седат.

Ова ми е најверојатно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom