Помош, софтверски проблеми и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Sase91
  • Време на започнување Време на започнување
Проблем со батерија на лап топ

Користам Acer лап топ. користев прво виста па после сменив на виндоус 7.. по некое време забележав дека батеријата не држи воопшто па мислев дека е нешто расипана.. но има х кај иконата кај батеријата и пишува дека уствари батеријата не се полни.. се разбарав по компјутеров и сватив дека нема коректни драјвери за батеријата. Ај ако знае некој што драјвер да симнам и како да ја направам нека пише ке му бидам многу благодарна.. Позз
 
Користам Acer лаптоп модел ХХХХХХ.
Го имам купено пред ХХХ време, од ХХХХ место...

Ти кажувам како вообичаено се почнуваат теми во кои бараш техничка помош :)
 
Acer aspire 7730z
го купив пред 2 години. од продавница во Кавадарци..

знаеш како да го решам проблемов или онака те интересираше само ?
 
Не, не ме интересираше онака само, имам многу попаметни работи. Мислев да ти помогнам.
А погорниве податоци се многу важни за да го решиме проблемов, и било кој ќе те прашаше истото пред да може да ти помогне. Затоа ти препорачав (тебе и на другите што го читаат ова) кога барате техничка помош, да дадете максимум можни технички информации за проблемот. Затоашто во спротивно наредните 20 поста ќе бидат "што модел е?", "кога го зема?".... и ќе трошевме време џабе.

Како и да е, одиме понатаму.
Ги имаш сите драјвери инсталирано? Доколку не знаеш, десен клик на My Computer, кликни на Properties на менито. Во новиот прозорец лево-горе треба да имаш опција Device Manager. Кликни ја. Во (нај)новиот прозорец, дали имаш нешто со жолт триаголник пред уредот? Добро би било да направиш скриншот од Device Manager-от, ама доволно ќе биде и да ги напишеш уредите за кои немаш инсталирано драјвери.
 
Споено во главната тема за помош. Истакнато е и во посебна тема која е поставена за важна, дека е важно да се дадат што е можно повеќе информации за проблеми така ќе очекувате побрзо и посуштинско решение. Исто така имајте на ум дека не е возможно да се отвора тема за секој проблем и прашање затоа користете ја официјалната тема за помош!
 
После некое време на компјутер, на пример 2-3 часа и почнува некако да се губи. Без притиснат caps-lock ми пишува големи букви, а со притиснат ми ги пишува мали. Исто така кога ќе кликнам на некој линк од некоја страна наместо во new tab ми го отвора во new window. Знае некој што може да е?
 
Испостискај ги SHIFT - CTRL - ALT - CAPS LOCK копчињата од тастатурата (на празно) и пробај пак дали се ќе си биде нормално. И/или направи рестарт на РС.
 
Пробав да инсталирам една игра..завршив тоа и кога да ја отворам ми се јавува
Failed to create Direct3D device

Помош,брзо , ако има некој :)??
 
Пробав да инсталирам една игра..завршив тоа и кога да ја отворам ми се јавува
Failed to create Direct3D device

Помош,брзо , ако има некој :)??
Мислам дека треба да направиш апдејт на драјверот за графичката :)
 
Испостискај ги SHIFT - CTRL - ALT - CAPS LOCK копчињата од тастатурата (на празно) и пробај пак дали се ќе си биде нормално. И/или направи рестарт на РС.
Пробав со копчињата, но не сака, повторно е исто. А откако ќе се рестартира не прави така, но повторно после некое време, 2-3 часа, пак се јавуваат истите проблеми.
 
Пробав со копчињата, но не сака, повторно е исто. А откако ќе се рестартира не прави така, но повторно после некое време, 2-3 часа, пак се јавуваат истите проблеми.

Смени си тастатура.
 
Help!!!
Денес купив лап топ Dell N5010, (windows 7) no не можам да се поврзам со wlan, пребарував по интернет и изгледа имаат проблем со драјвери за графичка и wlan.
Ако знае некој нешто молам за помош! :salut:
 
Па инсталирај ги сите драјвери што ти дошле со лаптопот (на CD)

Или оди на официјалниот сајт на Dell, најди си го точниот модел и симни си ги драјверите.
 
Help!!!
Денес купив лап топ Dell N5010, (windows 7) no не можам да се поврзам со wlan, пребарував по интернет и изгледа имаат проблем со драјвери за графичка и wlan.
Ако знае некој нешто молам за помош! :salut:

http://support.dell.com/support/dow...D=INSPIRON_N5010&os=W764&osl=en&catid=&impid=

--- надополнето ---

Steam напиша:

или влан кард првото или тоа интел доле, немам ваков лаптоп така да незнам шо користи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom