Луѓе дали некој знае зошто компјутерот упорно не го препознава микрофонот од камерата.
Ова ми е втора камера со микрофон како се обидувам да ја поставам во компјутерот за користење за настава преку Зум апликацијата.
И првата камера компјутерот не ја препознаваше, еве и оваа втората камера исто компјутерот не ја препознава.
Во што е проблемот?
И има ли решение за овој проблем?
На предавањењто преку Зум апликацијата се убаво слушав кога зборуваа професорката и учениците, и кога дојде редот на мене, мене не ми го слушаа гласот професорката и учениците. Исклучив зум апликацијата, рестартирав компјутерот, и повторно се вклучив на зум апликацијата и наставата, и пак истото, не ми се слуша гласот кога пробав да зборувам, микрофонот не е препознат од компјутерот.
Еве слики од постапката, ама не работи микрофонот, т.е компјутерот не го препознава микрофонот.
Да не знаете решение за ова?