Помош, софтверски проблеми и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Sase91
  • Време на започнување Време на започнување
Ај ќе пробам вечер. А бе од Табу компјутерот е, изгледа полн вируси е. Иначе ништо нема во портовите други.
И уште ова, комплицирано е на пример ако сакам да ја распределам меморијата од хард дискот поинаку?
Пример, на C иам 60 гиа, а на D 20.. и C полн ми е и кочи у пм. Можи пример, да го направам D да е 60 а C 20??

Најлесно ти е со Partition Magic, ама ќе треба да ги испразниш малку партициите пред да си играш со нив, за да го префрлаш само слободниот простор, без да заебеш нешто. И направи еднаш Disk CleanUp на C, ќе ти ослободи некој GB
 
вака некако сум го избришал пеинтот та ако знае некој нека ми каже како да го вратам
Инсталирај го Paint.NET, мислам дека е бесплатен за симнување. Јас го користам и многу сум задоволна.
Поздрав
 
Кој беше адд-он за мозила, за она кога отворам нов таб, да ми дава неколку сајтови 3х3, 4х4, како на хромот што е?
 
Дечки ај кажете кој антивирус да го ставам.....

конфигурација
Core i5 750
4GB RAM DDR3
Windows 7 32 bit
 
Од неодамна забележав дека сите песни што ги слушам на РС пуцкаат на одредени места, односно компјутерот ги оштетува па исто така звучат и на телефонот.
Ми рекоа дека тоа е можно поради конфликт на звучната картичка со некој друг хардвер. Во Device Manager имам еден хардвер со жолто знакче што после подолго време открив дека ми е од dial-up модемот. Е сега, не пишува кој тип е, пробав и со Everest и само ми го дава Us Fax Robotics и ништо повеќе, па не можам да симнам драјвери и да го апдејтирам.

Имам инсталирано K-Lite Codec Pack.
 
Дисеблирај го модемот, или најубаво извади го, ваљда не го користиш.
 
Дисеблирај го модемот, или најубаво извади го, ваљда не го користиш.

Му направив Disable ама пак слушам пуцкање, само не знам дали е тоа направено пред да Disable-ирам или после тоа :S
Му направив uninstall.
 
Може ли да се стави лозинка на Мозила или Хром при стартување? Да не можат да се отворат без лозинка?
 
За Mozilla - Тооls - Options - Security - Master password

Ставам вака мастер пасворд, исклучувам мозила и кога поторно ќе вклучам се појавуваат табовите и тогаш ми бара пасворд, но само Cancel одам и повторно си работи. Сакам пред да се отворат табовите кои ми се зачувани да побара пасворд, да не може друг да види кои табови ми се отворни:toe:
 
Ставам вака мастер пасворд, исклучувам мозила и кога поторно ќе вклучам се појавуваат табовите и тогаш ми бара пасворд, но само Cancel одам и повторно си работи. Сакам пред да се отворат табовите кои ми се зачувани да побара пасворд, да не може друг да види кои табови ми се отворни:toe:

Симни си Exe Password многу мала и едноставна програма за заклучување на други програми. Само што е Trial (ама ќе си средиш :))
 
Може ли да се стави лозинка на Мозила или Хром при стартување? Да не можат да се отворат без лозинка?

Направи нов корисник во Windows. Тој стариот ќе си остане твој, а новиот за друг(ите). На твојот ќе ставиш лозинка. И ќе ја користиш комбинацијата Win+L на тастатурата.

Најлесно (оти е веќе вградено) а можи и најдобро решение ти е ова.
И пази, во другиот корисник можи да се забрани стартување на веб прелистувач.
Можи што сакаш да се прави.
 
Фала и на двајцата. Баш кога Корун пиша со Џордан Рудес зборевме за опцијата нов јузер и ете ја:back:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom